Села со сведочење на суд: „Викаа еве го Села, ајде да го убиеме“


Зијадин Села денеска дојде во Судот за да сведочи за настаните од Собранието од 27. април, кога тој беше брутално нападнат.

Села го впери погледот кон обвинетите спроти него и рече: – „Еве го Села, ајде да го убиеме. Фрлаа предмети кон мене, немав лично обезбедување. Тука беше само обезбедувањето на Зоран Заев. Ме удрија со монитор и копје од знаме. Фрлаа даски и други предмети. Последно што паметам беше кога паднав на колена и ме удираа со раце и нозе по главата и телото”, сведочеше Села, пренесе МКД.Мк.

На прашањето дали некој го бранел, Села вели, ако некој го бранел ќе бил испратен од Собранието со цвеќе и аплауз, а не со тешки повреди.

Откако се разбудил од бессознанието, дента на 27-ми април, пратеникот Зијадин Села го здогледал Абдулфетах Алими од Собранието.

„Ме сместија под едно биро. Со Алими беше и друго лице кое штом почна да влегува полицијата ми рече: Ако те пршаат кој сум, кажи им дека ти помагам. Сигурен сум дека тој беше од толпата, ама ми помагаше“, продолжи Села со сведочењето, потсетувајќи се настаните во Собранието на 27-ми април.

Тој веднаш се јавил кај неговата сопруга да и соопшти дека е жив, а на полицајците кои влегле во просторијата им кажал дека лицето до него му помагало.

„Ми облекоа дуксер од човекот кој беше во собата и ми дадоа полициска значка. Ме маскираа како повреден полицаец и почнаа да викаат: Повреден полицаец, повреден полицаец! Ме маскираа за да не ме познаат“, се сеќава Села.

Ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, побарал да го префрлат во Градската болница, но лекарот кој бил во комуникација со Таравари одлучил да го однесат на Клиничкиот центар.

„Тодоров реагираше нервозно и рече: Правете што сакате, па замина. Ме ставија, колку што се сеќавам во хермелин, Ме однесоа на КАРИЛ. Поради хеморагијата бев во животна опасност
и не се знаеше дали ќе преживеам“, раскажа Села.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1