16/02/2018 18:23
•
Posted by: MK News
Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 16:39
•
Posted by: MK News
Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа. Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови. Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 16:38
•
Posted by: MK News
„Во врска со случајот со 12 годишното девојче штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, од страна на МВР постапувано е од крајот на 2016 и во текот на 2017 година и 2018 година и според евидентираните оперативни сознанија и комуникација со надлежното ОЈО, ја информираме јавноста за следното: Малолетното девојче во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Силуваното тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“, имало макро, според неговите изјави давани во полиција, а за кои информира и Министерство за труд и социјална политика. МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејства бидејќи тоа посочувало лица со име и презиме за кои велело дека […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев го блокираше Скопје. Повеќе сообраќајници десетина минути беа блокирани поради делегацијата на бугарскиот претседател. На видеото објавено на фејсбук, може да се забележи како полицијата не пропушта амбулантно возило кое пренесува пациент, поради странската делегација. Очигледно меѓународните односи и протоколи се поважни од човековиот живот.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:13
•
Posted by: MK News
Ако уште една го навредите Судот, ќе ве казнам, го опомена судијката Добрила Кацарска, поранешниот премиер Никола Груевски, откако тој рече дека Судот е партиски. Груевски е на рочиште за случајот „Тенк”. Кацарска побара ова да влезе во записникот. Претходно, одбраната бараше да не почне главната расправа, судијката даде пауза од половина час и му […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:09
•
Posted by: MK News
Денеска е доставено отказното решение на анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево. Директорот на ТОАРИЛУЦ вели дека одлуката е согласно законот, бидејќи лекарот кој повеќе од три недели не доаѓа на работа, без договор и дозвола бил во приватната болница. Од клиниката велат дека ќе треба […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:41
•
Posted by: MK News
Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба. Радев и Иванов […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:38
•
Posted by: MK News
Е. Х. (53) кој вчера при гаснење на пожар на Зеленото пазарче во Скопје се здобил со изгореници на двете дланки на рацете, по санирањето на повредата во ГОБ „Свети Наум Охридски“ е пуштен на домашно лекување. Во пожарот, како што соопшти МВР, биле опожарени три тезги, а една е целосно изгорена. Пожарот бил изгаснат […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:20
•
Posted by: MK News
По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, кој беше член на ДУИ, а извршуваше и високи државни функции. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 23:33
•
Posted by: MK News
Опожарени три тезги на Зелениот пазар во Скопје, една целосно изгорена, а кај две е опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила. Засега не се познати причините на пожарот. Командирот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 23:28
•
Posted by: MK News
По сексуално злоставување, 13-годишно девојче од ромска националност вчера морала да абортира откако забременила, објави порталот Макфакс. Европскиот центар за правата на Ромите, реагира дека таа била изложена на сексуално злоставување како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. ЕЦПР ги повика надлежните веднаш да реагираат и на ова девојче да […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 16:22
•
Posted by: MK News
Денеска на скопските гробишта се погребани посмртните останки на Калина Велеска и Александар Миноски, двајцата планинари кои трагично настрадаа на врвот Кајмакчалан минатиот викенд, објави Телма. Планинарскиот клуб Трансверзалец чии членови беа настраданите се обрати до јавноста преку социјалните мрежи во кои изразува жалење за изгубените животи и упати сочувство до семејствата на загинатите Калина […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Незапаметен хорор се одвивал утринава во куќа во Кочани, каде бесен кочанчанец се скарал со сопругата, ја бодел со нож по куќата, а кога видел дека легната уште дава знаи на живот, земал чекан и ја удирал до смрт. Во куќата биле и малолетниот син и ќерката на починатата која сакајќи да ја одбрани сега […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 12:42
•
Posted by: MK News
„Меѓународен Аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик „International Airport Skopje“. Вчера во „Службен весник“ се објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица. Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија ДООЕЛ“ Скопје и до АД […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 12:39
•
Posted by: MK News
Утре екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Градски паркинг“ ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во Центар. Оваа акција на кастрење гранки ќе се спроведе на следниве паркинзи: – паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9) – паркинг А6 (ул. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 11:43
•
Posted by: MK News
Доктор Жан Зимбаков е назначен за нов директор на скопската Клиника за кардиологија. Тој доаѓа на местото на Беким Поцеста од редовите на Алијансата за Албанците. Зимбаков од пред неколку месеци раководи со второстепената комисија за лекување во странство.
______________________________________________________________________________________________________