Детали за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје


Опожарени три тезги на Зелениот пазар во Скопје, една целосно изгорена, а кај две е опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила.

Засега не се познати причините на пожарот. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески вели дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила.

Најверојатно, запалена тезга за продажба на гуми за возила и велосипеди е причината за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје.

Како што дознава порталот Република, продавачот на тезгата го заклучил објектот и тргнал да си оди по што избувнал пожарот кој се проширил и ги зафатил околните тезги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1