Archive | Македонија RSS feed for this section

Кривичен со 6.000 евра ќе купува камери за да ги снима рочиштата

Претседателот на Кривичкиот суд во Скопје, Иван Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека Судскиот Кривичен совет во декември минатата година на овој суд му доделил околу 6.000 евра, односно 350.000 денари за набавка на нови камери за снимање на судењата, но, како што додаде, немало доволно време да ја спроведе тендерската постапка, поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина една од најдобрите и највпечатливи македонски спикерки

Во Скопје на 85 години почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во МРТ. Љупка Апостолова е меѓу првите интерпретатори на македонските шлагери и евергрини, кои ги пееше во живо со оркестрите на РТВ и што се дел од ризницата на естрадата чии почетоци беа кон почетокот на шеесеттите. Ќе остане запаметена […]

______________________________________________________________________________________________________

МРТ избира нов генерален директор – ова се условите

Македонската Радио Телевизија распиша конкурс за избор на директор и заменик, кои ќе дојдат на местата на досегашните Марјан Цветковски и Харун Ибраими. Тие се избираат со мандат од три години, со можност за уште еден мандат. Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Македонија, да […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството за нападот врз Села: не бил убиен зошто напаѓачите мислеле дека е мртов

На обвинителна клупа денеска за прв пат седнаа обвинетите за нападот на лидерот на Алијанса на Албанците, ИЗјадин Села, во Собранието на 27. април. Единствената причина поради која пратеникот Зијадин Села не е убиен е тоа што не давал знаци на живот, па сите мислеле дека е мртов, кажа јавниот обвинител на рочиштето денеска, потенцирајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов го разреши Зврлевски од Комисијата за помилување

Претседателот Ѓорѓе Иванов го разреши поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, од Комисијата за помилување. На негово место е назначен Воислав Гавровски, кој е обвинител во Јавното обвинителство, објави Нова ТВ.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија плаче: Ова се дечињата кои изгореа во пожарот во Тетово (Фото)

Порталот на албански јазик albeu.com, денеска објави фотографија од четирите деца кои вчера настрадаа во пожар во семејниот дом, заедно со нивната мајка во Тетово, поради што е прогласена тридневна жалост. Фатиме Зулбеари (39) со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14 години ги загубија животите […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетите за нападот на Села не чувствуваат вина

Десетемина обвинети за нападот на Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците, во Законодавниот дом на 27. април, не чувствуваат вина. Сите обвинети кажаа пред судијката дека не чувствуваат вина. Денеска Села не беше во судницата, туку го застапуваше неговиот адвокат.

______________________________________________________________________________________________________

Судот одлучи – Дурловски и Божиновска си одат од Шутка – одреден им е куќен притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска го прифати барањато на Обвинителството и на пратеничката Жаклина Пешевска и го укина куќниот притвор и и определи мерки за претпазливост, додека на Игор Дуловски и Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија притворот им го замени со куќен притвор, соопштија од Судот. – Кривичниот совет […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството бара куќен наместо затворски притвор за Елена Доцевска-Божиновска

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд мерката притвор за вработената во собраниската служба, Елена Доцевска-Божиновска, обвинета во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година, да ѝ биде заменет со куќен притвор. Обвинителството, исто така, побара и оперскиот пејач Игор Дурловски од притворот во затворот во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски, Заев, Иванов и Ахмети утре ќе ја разгледуваат рамката од Нимиц

Премерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, утре заеднички ќе ја разгледуваат иницијалната рамка за решавање на разликата околу името предложена од медијаторот Метју Нимиц. Како што информираа од Министерството за надворешни работи (МНР), состанокот ќе се одржи во […]

______________________________________________________________________________________________________

Комеморација и тридневна жалост во Тетово за настраданите во пожарот

Со минута молчење започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Тетово посветена на последиците од вчерашниот голем пожар во градот при што настрадаа Фатиме Зулбеари и нејзините малолетни деца, а беше причинета и поголема материјална штета на три куќи од улицата. Советниците го усвоија Извештајот од командирот на Противпожарната единица Ука Алити околу преземените […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебето чија мајка почина на пораѓање е во подобра здравствена состојба

Од вчера времено се отстранети од работа двајцата анестезиолози од КАРИЛ кои биле на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево како последица од анестезијата. Сител дознава дека на едниот од нив му се заканува и отказно решение бидејќи незаконски присуствувал во приватната болница. Кои мерки ќе бидат преземени, надлежните во ТОАРИУЦ чекаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Родилка се збунила во скопска Гинекологија – си тргнала со туѓо бебе

Пред два дена мајка земала погрешно бебе на скопска Гинекологија, дознава Фокус. Целата збрка била решена за 15тина минути, откако мајката се извинила за грешката. Како што дознава Фокус, кога сестрата ја прашала мајката за бројот на бебето, мајката дала погрешни информации и земала бебе кое не е нејзино. За среќа, за брзо време грешката […]

______________________________________________________________________________________________________

Стапува во сила Законот за амнестија

Од денеска стапува во сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле затворските казни. – Брзината на излегување на амнестираните зависи од судовите, велат за МИА од Управата за извршување на санкции. Оттаму потврдија дека се подготвени за доставување на […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО бара куќен притвор за Дурловски и мерки на претпазливост за Пешевска

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска достави барање за продолжување на мерките притвор и куќен притвор за триесет и петмината осомничени за насилствата од 27 април 2017 година во Собранието. Во соопштението од ОЈО се наведува дека надлежниот обвинител побара од судот за […]

______________________________________________________________________________________________________

МРТ ќе се опремува со 1,8 милиони евра

Финансиските приходи на Јавниот сервис Македонска радио телевизија за годинава ќе изнесуваат 822.500.000 денари, за 32 отсто помалку во однос на минатогодишните, предвидува финансискиот план на Јавниот сервис што денеска беше усвоен на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Од планираните приходи, од државниот Буџет се обезбедени 700 милиони денари или 0,5 отсто од […]

______________________________________________________________________________________________________

15-годишно момче почина при операција на колено поради генетска мутација?!

Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). „Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Гледавме како гори куќата, но не можевме ништо да направиме – сведоштво на бабата и дедото за трагедијата

Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот во Тетово, сведочи роднина на семејството Зулбеари за Курир, во чија куќа утринава се случи трагедија. Тетовецот Фетиш Алиу вели дека во 4 часот изутрината разбрал дека избувнал пожар во куќата на неговите роднини. „Свекорот и свекрвата се обиделе да ја спасат снаата и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1