Archive | Македонија RSS feed for this section

Новинарот на МТВ ја потресе македонската јавност: Ако треба правдата ќе ја земам во свои раце!

Новинарот во МТВ Реџеп Ќамили ја потресе македонската јавност со својот фејсбук пост. Тој најави тужба против детската клиника, бидејќи неговата внука од брат е во тешка состојба, бидејќи докторите ја лечеле од се, освен од она што треба. – Јавно кажувам дека ќе ја тужам детска клиника!!! Ја ,,лечеа’’ од се само не од […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест пред Собранието против Законот за јазиците и менување на името

Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува протест против воведување на двојазичност и менување на името, а во Жена парк се собираат потписи и се потпишуваат изјави за отповикување на сите делегирани или изведено права на застапување кои ќе бидат доставени до Собранието. До пред почетокот на протестот потпишани беа околу две илјади изјави, […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи: Законот за јазици ќе биде донесен и покрај попречувањата

Законот за употреба на јазиците ќе биде донесен и покрај непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов и обидот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со поднесените амандмани да го блокира. Нивното противење е потврда за немање чувство на одговорност и на сензитивност во однос на овие прашања, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи. Тој на средба со новинарите […]

______________________________________________________________________________________________________

Законот за јазиците утре повторно на седница, поднесени над 32.000 амандмани

Собранието на Република Македонија утре во 11 часот треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик а кој беше вратен од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети за „Катимерини“: Името да се реши според моделот на Договорот со Бугарија

Според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, да се затвори прашањето за името, предлага лидерот на ДУИ во интервју за „Катимерини“. Тој, вели дека подобро време за договор од сега не постои и објаснува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: И покрај забраната и високите казни – викендов врие автомобили на Водно

Викендов на Средно Водно забраната за автомобили не важеше за сите. Иако не разминаа голем број возила, полицијата нам не ни дозволи да продолжиме од видиковец. Полицајците го блокираа патот укажувајки им на возачите дека мора да продолжат пеш. Но било вака од утрото. Полицијата пристингнала половина час по пладне, а голем број од граѓаните […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Во 79-та година од животот, денеска рано изутрина во Кичево почина поранешниот пратеник во Собранието на РМ Сали Рамадани. Погребан е на градските муслимански гробишта во Кичево. Рамадани беше активен на македонската политичка сцена во средината на деведеесеттите години, првично како член на ПДП па потоа од редовите ПДПА од каде стана пратеник на ова […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Плоден состанок за почеток на крајот на еден процес за Македонија

По завршувањето на повеќечасовната лидерската средба во Клубот на пратеници на која се разговараше за спорот со името со соседна Грција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави за новинарите дека ова бил еден од најплодните состаноци за ова прашање. „Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Јас сум реалист со искуство

Претседателот Ѓорге Иванов, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека не може да открие повеќе детали за што точно се зборувало, но рече дека е реалист со искуство. „Очекувам Владата да нè информира за сите активности. Овој процес продолжува да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Одговорноста за преговорите со името од сега па натаму е на Владата

Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба во Клубот на пратеници. Тој рече дека предлозите што ги презентирале премиерот и министерот за надворешни работи, помалку или повеќе и се веќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. – имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените […]

______________________________________________________________________________________________________

По 5 часа заврши лидерската – Нема договор за името: Мицкоски нагласи дека одговорноста е кај Владата

Информативен и конструктивен состанокот на државнико-политичкиот врв за предлозите на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот за името беше оценката на сите учесници вечерва на средбата во Клубот на пратеници, која траеше повеќе од пет часа.Координативната средба заврши малку пред полноќ во саботата. На неа покрај челниците на владејачките партии СДСМ […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време не очекува, УХМР со нова прогноза за цела недела

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 5 Маврово, 4 Ѓуриште, Пожаране, 2 Берово, Лазарополе. Времето денес (27.01 2018 год.): Сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени. Во Скопје температура до 10 […]

______________________________________________________________________________________________________

Градоначалникот Шилегов ќе ги тргне вртелешките од Плоштадот

Град Скопје ќе ги тргне двете вртелешки кои ексградоначалникот Коце Трајановски ги стави на Плоштад Македонија и на кејот на Вардар пред Министреството за надворешни работи, информираат за САКАМДАКАЖАМ од кабинетот на Шилегов.Тие го блокирале кејот на Вардар, па затоа ќе завршат на соодветна локација: – „Втората локација пред МНР е несоодветна поради тоа што […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во Лисиче – остави на улица 8-члено семејство со две мали деца

Синоќа околу 21.50 часот во Скопје на ул.„Михаил Глинка“ избувнал пожар во двоспратна куќа сопственост на Б.Џ.(59). Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на С.А.(46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето. Пожарот е целосно изгаснат во 00.10 часот од Бригада за противпожарна […]

______________________________________________________________________________________________________

Момчето кое почина од анестезија можело да се спаси доколку клиниката го имала потребниот лек

Пред само два дена 15 годишно момче од Скопје почина во операционата сала на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимиција, интезивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Момчето не е спасено подари тоа што Клиниката за траумоталогија немала лек, кој всушност требало да го има. Момчето било примено со скршеница на колено, при што […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата ќе му додели помош од 5.000 евра на семејството Зулбеари од Тетово

Седница на Владата на Република Македонија: Финансиска помош за семејството Зулбеари, кое во пожар на семејната куќа ги загуби мајката и четири малолетни деца Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев во Давос на работна вечера со повеќе лидери и со зетот на Трамп

Премиерот Зоран Заев синоќа на маргините на Светскиот економски форум во Давос имаше работна вечера со повеќе економски и политички лидери од светот, меѓу кои и со Џаред Кушнер,, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп и со Кристофер Пел Лидел, советници на претседателот на САД Доналд Трамп. На работната вечера, како што објави […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1