Archive | Македонија RSS feed for this section

Се укинува титулата национален уметник

Собранието денеска го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, со кој се укинува доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Законот ќе продолжи да важи за петтемина од шесте добитници на титулата. Од востановувањето во 2011 таа им […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје ќе плати за да запре барокот на фасадите во Центар

Советниците на Град Скопје на утрешната седница ќе одлучуват за укинување на одлуката за изглед на барокни фасади во централното градско јадро. Град Скопје од извршителите ќе бара да ги вратат фасадите и објектите во првобитната состојба и се обврзува дека ќе ги преземе сите административни и финансиски последици и штетите од незавршените градежни активности […]

______________________________________________________________________________________________________

Ја спасиле од давење во Вардар, па ѝ удриле ќотек

Откако успеале да ја извадат жената од водите на Вардар, нејзиниот татко ѝ удрил ќотек и викал по неа, сведочат очевидци. Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, попладнево две лица успеаја да спасат дваесет и седумгодишна жена, која според очевидци, се фрлила во реката пред Камениот мост. При обидот за спасување, жената и […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП: Ќе се казнуваат трговците кои не издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи издаде нова верзија на Брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања“ за 2018 година, Брошурата, како што информираат од УЈП, е наменета да обезбеди насоки за даночниот обврзник како да воведе фискален апарат, но и претставува водич како да се разрешат проблемите со кои се среќаваат во практиката, а се однесуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Коѕијас: Грција ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки во нацрт-спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе ѝ ја достави на Македонија, откри шефот на грчката дипломатија за грчката државната телевизија ЕРТ. Според Коѕијас, спогодбата уште е во фаза на формулација, а потоа најпрво ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајцата анестезиолози отстранети од работа на КАРИЛ по смртта на родилката

До крајот на неделата се очекува да биде готов наодот од обдукција кој треба да покаже која е причината за смртта на родилка Дебора Џамбази, а извори на НОВА велат дека собрани се изјави од сите инволвирани страни. Двајцата анестезиолози се отстранети од работи од КАРИЛ, а на едниот од нив не само што му […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес повторно бесплатен јавен превоз во Скопје

Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот. Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ10 честичките […]

______________________________________________________________________________________________________

Фрчкоски: Приоритет е идентитетот, името е второстепено

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски вечерва гостуваше во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија, каде зборуваше во врска со преговорите на Македонија и Грција за името и истакна дека кај нас приоритет е идентитетот, името е второстепено, и според него за тој пакет е постигната некаква согласност. – Кај нас приоритет е пред сè националниот идентитет […]

______________________________________________________________________________________________________

Димовски: Амандманите за Законот за јазици мора да се разгледуваат

Согласно Деловникот за работа на Собранието не може да се избегне разгледување на поднесените амандмани за Законот за јазиците, во трето читање, а ако тоа се случи тоа би било целосно погазување на Уставот и на уставниот поредок, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. – Тоа ќе е конечно згазување на функцијата на Собранието […]

______________________________________________________________________________________________________

„Единствена Македонија“ бара да се повлече барањето за членство во ЕУ

„Единствена Македонија“ и нејзиниот лидер, Јанко Бачев денеска побараа да се повлече барањето за членство во ЕУ, што ја донело Собранието на 23 декември, 1993 година. Тој смета дека се „лажни“ анкетите што се сервираат во јавноста и македонскиот народ не сака членство во ЕУ„Бараме повлекување на актите за членство на Македонија во НАТО и […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе фрчат казни за возачите – Мвр најави засилени контроли

Министерството за внатрешни работи подготви низа мерки и активности што ќе се реализираат во наредниот период, како за засилена превенција така и за ригорозно спречување на недисциплина и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.  – Во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на загинатиот – детали за трагедијата на Попова Шапка

58-годишниот Перо Атанасов од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка. Неговите пријатели денеска се простуваат од него со голема жал и тага. „На вчерашниот прекрасен ден, на прекрасните временски и сончеви услови дел од нашиот тим по зимската патека ги искачи Син Врв, Бакардан и Титов […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје: Итно платете данок за имот за 2016 за да избегнете извршител

Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, коишто имаат неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја подмират својата обврска. „Законот за даноци ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната даночната обврска не […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицковски во Брисел: Побрзо да се најде консензус за да се реши долгогодишниот спор

Во рамките на посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, Мицковски оствари средба со еврокомесарот, Јоханес Хан. На средбата станува збор за интегрирањето на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Говоревме за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но за жал нивното случување заостанува. – Сето […]

______________________________________________________________________________________________________

Нимиц ја почнува посетата на Атина, в среда во Скопје

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска ја почнува посетата на Атина, во рамки на обновените преговори меѓу двете земји за решавање на ова отворено прашање, кое претставува препрека за членството на земјава во ЕУ и НАТО. Нимиц доаѓа во посета на двете земји по првата директна […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Опозицијата да не го блокира Собранието, во јуни очекувам датум за преговори

Правото на опозицијата да поднесува амандмани за законот за јазици треба да се почитува, но истовремено и обврската дека преку тоа право се блокира работата на Собранието, порача денеска премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека е загрижен што ќе се случи со реформите доколку се блокира Собранието и како ќе се донесат законите кои се […]

______________________________________________________________________________________________________

Димовски: Сакаат да изберат потпретседатели за да го менуваат Џафери во вечерните часови

Мнозинството сака да направи класично силување на демократијата. Штотуку добивме порака дека имаат намера да го стават на дневен ред гласањето за потпретседатели на Парламентот, за да има кој да го менува Талат Џафери во вечерните часови и да ги води седниците, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Како што кажа тој, тезите дека Собранието […]

______________________________________________________________________________________________________

Законот за јазици се одложи, амандманите не биле преведени на албански

Со задоцнување од час и половина започна денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Законот за употреба на јазиците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни на собраниската седница, но Законот за јазиците кој требаше да биде прва точка на дневен ред е поместен подолу бидејќи според неофицијалните информации, не се преведени на албански јазик сите […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1