Град Скопје ќе плати за да запре барокот на фасадите во Центар


Советниците на Град Скопје на утрешната седница ќе одлучуват за укинување на одлуката за изглед на барокни фасади во централното градско јадро. Град Скопје од извршителите ќе бара да ги вратат фасадите и објектите во првобитната состојба и се обврзува дека ќе ги преземе сите административни и финансиски последици и штетите од незавршените градежни активности за објектите што не добија барокни фасади.

Станува збор за укинување на програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје, која опфаќа претежно фасади на објекти на улиците Димитрије Чуповски и Македонија…

„Неопходно е да се спречи натамошното уништување на сето тоа што претставува сведоштво на човековото градителско и друго творештво во минатото и да се зачуваат вистинските културни вредности“, се наведува во образложението на Градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1