УЈП: Ќе се казнуваат трговците кои не издаваат фискални сметки


Управата за јавни приходи издаде нова верзија на Брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања“ за 2018 година,

Брошурата, како што информираат од УЈП, е наменета да обезбеди насоки за даночниот обврзник како да воведе фискален апарат, но и претставува водич како да се разрешат проблемите со кои се среќаваат во практиката, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискални сметки.

УЈП укажува дека со најновите измени на законот предвидени се олеснувања на казнената политика во делот на фискализацијата.

„Ккога УЈП ќе изрече глоба за непоседување на фискален апарат – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност, само доколку набави фискален апарат и претходно поднесе барање до УЈП со прилог доказ за набавен фискален апарат и платена глоба и кога УЈП ќе изрече забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) поради неиздавање фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност ако ја плати глобата. Ако обврзникот ја плати глобата за време на траење на изречената забрана за вршење на дејност, треба да поднесе барање до УЈП и да приложи доказ за платена глоба. Во тој случај, УЈП ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи на обврзникот да продолжи со вршење на дејност“.

Од УЈП апелираат даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, со цел избегнување на казни. УЈП спроведува засилен мониторинг на готовинскиот промет на терен во делот на фискализацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1