Archive | Македонија RSS feed for this section

Бебето на починатата родилка во стабилна здравствена состојба, комисија ќе го истражува случајот

Бебето чија мајка почина на 18 јануари за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“ во Скопје, кое оттаму било донесено на Клиниката за детски болести, е во релативно стабилна здравствена состојба, прима терапија и се уште е приклучено на респиратор. Ова за МИА го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ. […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве го моментот кога се повреди Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се здоби со повреда на дуелот против Шпанија и продолжението од Европското првенство (ЕП) за него е под знак прашалник. Капитенот на репрезентацијата ја напушти играта во 11. минута, поради повреда на задниот бутен мускул. Лазаров со болна гримаса, потскокнувајќи, ја напушти „Вараждин Арена“, а деталните лекарски прегледи, кои се […]

______________________________________________________________________________________________________

Петмина Македонци наспроти 2000 Грци, ова се Македонците кои вчера беа нападнати во Мелбурн

Петмина Македонци против 2000 Грци на вчерашниот протест од грчката дијаспора во Мелбурн, кој се одржа под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе. Протестите се одржале во центарот на Малбурн, […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕХФ од свои извори: Првенството за Кире Лазаров е завршено?!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска на својот „Твитер“-профил објави дека Европското првенство е завршено за капитенот на Македонија, Кире Лазаров поради повреда. Нашиот репрезентативец вчера се повреди во 11-тата минута од натпреварот против Шпанија во рамки на 1.коло од Групата 2 од главната фаза на континенталниот турнир. Лазаров незгодно доскокна по едно додавање кон Гоце […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови поскапи цени на горивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 ден/лит од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно се одложи судењето на дедото на Тамара за обид за убиство на Тодоров

Судењето на дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров, повторно се одложи. Следното рочиште е закажано за 14 февруари. Овој пат од причина што судот ќе чека да се проверат лиценците на вештаците, чиешто проверување беше наложено од Апелациониот суд. Претходно, судењето се одложи […]

______________________________________________________________________________________________________

Партијата на Бачев се прекрсти во Единствена Македонија, ќе бара сојуз со Русија

Партијата на Јанко Бачев наместо Народно движење за Македонија ќе биде со називот Единствена Македонија, информираа денеска од таму. – Реконструкција на Извршниот комитет на партијата, во кој, меѓу останатите, ќе членуваат и проф. д-р Стефан Влахов Мицов, кој истовремено ќе биде и заменик претседател на партијата, Драган Угриновски, претседател на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни„ […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗНМ: Новинарите во Македонија тепани, киднапирани, навредувани, а никој не одговара!

Новинарите во Македонија работат во небезбедни услови, тепани, киднапирани и навредувани, а институциите не успеваат да казнат ниту еден од насилниците, покажува извештајот за состојбата со слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија за 2017 година. Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани, на презентацијата на извештајот, посочи дека минатата година се регистрирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата ги анализира предлозите на Нимиц

Владата на Република Македонија работи на анализа и консулатации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за името, потврдија од Владата за МИА. „Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно […]

______________________________________________________________________________________________________

Лазаров заврши со прегледите, не се знае дали ќе игра до крајот на ЕП

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги заврши прегледите во болница во Загреб, но не соопшти за видот и тежината на повредата и дали ќе биде во составот за средбите со Чешка и со Данска. Лазаров се повреди при еден доскок на синоќешниот дуел со Шпанија по само 11 минути игра и не го […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница Санте Плус во Скопје. Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете. Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија вечерва против Шпанија

Репрезентацијата на Македонија вечерва ја почнува главната фаза на Европското ракометно првенство, во натпревар против Шпанија, кој може да нѐ доближи како никогаш досега до полуфинале. Шпанија е финалистот од последното ЕП Шпанија. „Црвената фурија“ има пет победи во дуелите со Македонија, од кои две на Европски првенства и една на Светското првенство, како и […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП бара физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници и да плаќаат данок

Управата за јавни приходи им наметна нова обврска на физичките лица кои оствариле приход над еден милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници. Рокот за регистрација истече пред три дена односно на 15-ти јануари. Идејата и физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници наиден на остри критики во јавноста. Во образложението, објавено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Каде ќе помине Албанец таму ќе се зборува албански

Освен македонскиот јазик и албанскиот е официјален во сите институции во Република Македонија, порача претседателот на ДУИ Али Ахмети, во емисијата „200“ на телевизијата Алсат-М. -Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина уште една родилка при породување – се лекувала од стерилитет, а се пораѓала во Санте Плус

Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев на крштевање во Давос – Заев и Ципрас во среда на средба

По новата рунда разговори за името меѓу Македонија и Грција, со посредство на медијаторот Метју Нимиц, во среда во Давос, Швајцарија, ќе се одржи првата директна средба меѓу двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.На средбата ќе се разговара за имињата ставени на маса за решение на спорот, како и текот на работите што треба […]

______________________________________________________________________________________________________

И Заев се капеше во осветените води на Охридското Езеро?

Премиерот, Зоран Заев вчера е фотографиран како се капе во осветените води во Охридското езеро.Заев вчера по повод празникот Водици беше во Струга. Премиерот, како што може да се забележи. заедно со неколку блиски негови соработници и пријатели уживо во пливањето, објавија повеќе медиуми.  Фотографијата како што објавија медиумите ја направил Даме Ложанкоски кој е […]

______________________________________________________________________________________________________

И физичките лица ќе плаќаат ДДВ

Физичките лица кои остваруваат промет повисок од еден милион денари мора да плаќаат ДДВ и за тоа не треба да има никакви дискусии или дилеми, вели советникот во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ. Додека во стручната јавност има низа дилеми околу тоа кои категории граѓани треба да бидат ДДВ обврзници, Јовановиќ е категоричен: „Обврзник е […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1