Archive | Македонија RSS feed for this section

Нимиц: Сега е моментот, вашиот идентитет е силен и безбеден

Медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизијата Сител рече дека спорот за името не му причинува некаков голем проблем на светот, бидејќи постојат луѓе кои воопшто не слушнале за спорот, но претставува голема штета за двете земји доколку неговото решавање и понатаму се одолговлекува. Според Нимиц, за разлика од минатото, целата ситуација сега е променета, […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник нови повисоки цени на бензините во Македонија

Не очекува ли ново поскапување на бензините? Цената на суровата нафта на светските берзи денеска го држи вчерашното ниво. Вчера пак, на берзата во Лондон цената за барел нафта ја проби психолошката граница од 70 долари и достигна 70,26. Сепак тргувањето беше затворено со 69,80 долари за еден барел. Загрижува нагорниот тренд на цените кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Иван Лотески од Варош го фати Чесниот крст во Охридското Езеро

Иван Лотески од охридската населба Варош од беше најсреќниот меѓу неколкуте стотини верници кои денеска скокаа по Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го положи митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј. Иако времето во Охрид денеска беше сончево, требаше навистина да се биде одважен да се влезе во студените езерски води чија […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Тетово само тројца верници скокаа по светиот крст

Миле Стојановски на возраст од 56 години од населбата Поток во Тетово беше најбрз меѓу тројцата верници кои се обидоа да го фатат осветениот крст на денешниот празник. -Ова ми е четврта година што се фрлам по крстот и досега на двапати сум успеал да го фатам Светиот крст. Годинава очекувам Господ да ми даде […]

______________________________________________________________________________________________________

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

Даниел Дончевски од Ченто по петти пат го фати Светиот крст во водите на реката Вардар што денеска напладне од мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Дончевски на сите им посака среќа и бериќет. – Пред сè сакам на сите мои христијани да им го честитам големиот празник […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев е оптимист дека името ќе се реши достоинствено за двете страни

Премиерот Зоран Заев кој денеска по повод празникот Водици беше во Струга изрази уверување дека ќе биде изнајдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. – Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов ги однесе амбасадорите на Водици во Дојран

Претседателот Ѓорге Иванов со својата сопруга, Маја Иванова, синот Иван и членовите на дипломатскиот кор, учесници на традиционалниот дипломатски прием, денеска во Нов Дојран присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, соопшти Кабинетот на Иванов. Шефот на државата им го честита празникот на сите православни верници, истакнувајќи дека Богојавление е симбол на […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Главен интерес е да го сочуваме идентитетот бидејќи сме и ќе бидеме Македонци

Ние имаме втора шанса да си направиме вистинска, средена држава. И мораме да направиме се што можеме оваа втора шанса да ја искористиме. Ако не се отворат овие врати, најверојатно е еден вечен период на циклични кризи во време кога светот не е посебно сигурен, кога е многу непредвидлив, кога во нашиот регион има прашања […]

______________________________________________________________________________________________________

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Столтенберг е последниот од високите […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве колку пари ќе добијат македонските ракометари за успехот во првата фаза

Македонските ракометари кои без пораз ја минаа првата фаза од Европскиот шампионат во Хрватска, повеќе од сигурно е дека ја заслужија и првата ветена премија од страна на Ракометната федерација на Македонија. Пласманот во втората фаза на првенството значи и награда од 30.000 евра која ја вети РФМ, по одлуката на Управниот одбор донесена пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Столтенберг: името па НАТО

Решете го спорот за името па ќе влезете во НАТО. Ова е пораката што првиот човек на НАТО Алијансата ја упати во своето обраќање пред пратениците. Јенс Столтенберг му порача на државниот врв дека не се во Собранието за да носат закони, туку демократски и транспарентно да ги спроведуваат реформите. Го поздрави чекорот за решавање […]

______________________________________________________________________________________________________

Ново судење за петкратното убиство кај Смиљковско езеро – на 12 февруари

На 12 февруари во Кривичниот суд е закажан почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро, за кое се обвинети шест лица. Судењето за случајот „Монструм“ ќе го води судијата Огнен Ставрев, а процесот стартува од почеток откако Врховниот суд на барање на Вишото јавно обвинителство ги укина пресудите на Кривичниот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест пред Собранието против НАТО – Запалено знамето на НАТО

Група граѓански здруженија се собраа пред Собранието поради посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој попладнево треба да се обрати пред пратениците во Собранието. Како што изјавија дел од граѓаните кои се собраа на протест, тие се собрале поради антимакедонската политика на новата влада, донесувањето на Законот за јазиците и против влезот на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Заев и Столтенберг

Следете ја во живо прес-конференцијата на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Video- A1On

______________________________________________________________________________________________________

Во Штип скршена спомен плочата на поетот Ацо Шопов

Скршена е спомен плочата на поетот Ацо Шопов која се наоѓа кај неговата родна куќа во штипската населба „Горно маало“. Според претседателот на Општинската органзиација на Сојузот на борви од Штип, Трендафил Атанасовски, се работи за невиден вандалски чин, којшто во изминатите денови е забележан од страна на граѓанин кој живее во тој дел од […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска – Столтенберг: Местото на Македонија е во НАТО

Македонија покажа дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот. Со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО, беше истакнато на денешната средба на министерката за […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред да се направи темелна анализа

Согласно дипломатската пракса, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од Министерството за надворешни работи за МИА во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името, Васко Наумовски. „Учеството во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија да го добие заслуженото членство во НАТО, побара Иванов од Столтенберг

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. На средбата се разговараше за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса. Претседателот Иванов и генералниот секретар Столтенберг, оценија […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1