Archive | Македонија RSS feed for this section

УЈП распродава автомобили по багателни цени: Југо за 50 евра, Форд за 100 евра, Мерцедес за 2.000

Управата за јавни приходи ќе изврши продажба на движни и недвижни предмети запленети по основ на неплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 26 јануари 20018 година.  На продажба се нудат дваесетина автомобили и комбиња, компјутери, телевизори, разни видови машини, земјоделско земјиште и деловни објекти. Меѓудругите, УЈП нуди на продажба автомобил […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов земјотрес вечерва во Македонија предизвика вознемиреност кај граѓаните

Во 21 часот и 22 минути вечерва земјотрес со јачина од 2,2 степени е почувствуван во Охридско. Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри северо-источно од Охрид, на длабочина од 1 километар. Деновиве земјотреси имаше во Дојранско, но и во околината на Лозово.

______________________________________________________________________________________________________

Димовски ќе го оспори Законот за јазици пред Уставниот суд

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара од претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на „штетниот дезинтегрирачки, дискриминирачки и неуставен закон за јазици“. Димовски најавува дека ќе го оспори пред Уставниот суд, ако парламентарното мнозинство повторно го изгласа законот. „Нашите сограѓани имаат потреба од прецизирање, имплеметирање, па и подобрување на употребата на албанскиот јазик, но таква […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

Долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и стабилна основа за соработка во регионот базирана на европските вредности, гарантира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван од страна на Собранието на Македонија. Ова е заедничката оценка на претседателот на владите на Бугарија ина Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, во телефонскиот разговор […]

______________________________________________________________________________________________________

Пријавени 44 кандидати за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Повеќе од 40 луѓе досега се пријавиле да учествуваат во традиционалното фаќање на крстот в петок на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје. Пријавувањето почна на 10 и ќе трае до утре, 17 јануари. Од Скопската епархија, која трета година го организира пријавувањето на фаќачи на светиот крст, велат дека досега се […]

______________________________________________________________________________________________________

Миркуловски проговори за својата здравствена состојба по двата исцрпувачки меча

Филип Миркуловски во неколку наврати заврши со грч на лицето поради хроничната повреда која ја влече, а која ја обнови на мечот со Словенија, но како и секогаш, беспоштедниот борец стисна заби и повторно беше важен дел од триумфот на Македонија во дуелот со Црна Гора. Со истиот, нашата репрезентација обезбеди пласман во главната фаза […]

______________________________________________________________________________________________________

Десет години од смртта на Никола Кљусев – првиот премиер на независна Република Македонија

Пред десет години на денешен ден почина академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија (1991-1992) кој имаше значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Никола Кљусев (1927-2008) во родниот Штип ги завршил основното и средното образование. Како ученик (1942-1945) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. […]

______________________________________________________________________________________________________

Директорката на градинката „Кочо Рацин“ тврди дека воспитувачката е сменета поради поплаки

Директорката на градинката „Кочо Рацин“ ги демантира тврдењата на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и на родителите, кои вчера на прес- конференција изјавија дека ја бојкотираат наставата поради необразложено отстранување на една воспитувачка. Директорката на инстутицијата, Габриела Алабашовска, вели дека има законска ингеренција да ги распределува вработените според потребите за поефикасно работење. Информира дека посочената воспитувачка […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Власта шири страв меѓу неистомислениците

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на првата одржана седница го осуди политичкиот прогон од страна на власта кој преку правосудните органи се врши врз пратеници, уметници, полициски службеници и останати лица чиј единствен грев е тоа што имале храброст гласно да се спротивстават на антидржавните политики на актуелната власт. Целта на политичкиот прогон, според Извршниот комитет […]

______________________________________________________________________________________________________

Градоначалниците и функционерите на ракомет во Хрватска, кој ги плаќа трошоците – непознато

Градоначалници и функционери деновиве се во Загреб, каде што е во тек Европското ракометно првнество на кое учестува и македонската машка репрезентација. На социјланите мрежи тие се пофалија со фотографии, а граѓаните преку коментари негодуваа како сите во исто време се во Хрватска, но исто така прашуваа и со чии пари се платени овие патувања, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Апелација седница за жалбата на напаѓачот на Шекеринска

На јавна седница во Апелација се разгледува жалбата на напаѓачот на тогашната пратеничка, сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која беше повредена во нередите во Собранието на 27 април. Одбарната на Панче Ангелов се жали на квалификацијата на делото и на висината на казната. Според адвокатот Драган Пешевски, казната е престрога бидејќи обвинетиот прв пат […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Со спортска храброст и одлична стратегија до уште една ракометна победа

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ им ја честита вечерашната победа на македонските ракометари над репрезентацијата на Црна Гора на Фејсбук. „Доказ дека со силна волја, искрен пристап и пожртвуваност се е возможно и достижно. Со спортска храброст, достоинство и одлична стратегија Македонија стигнува до уште една ракометна победа. Честитки до целокупната ракометна репрезентација […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев им честита на ракометарите: Нов натпревар, нова радост за Македонија, браво момци!

„Нов натпревар, нова радост за Македонија на Европското првенство во ракомет. Тимската игра, поддршката од трибините и вечерашнава победа ни донесе сигурно место во наредната фаза. Ваква игра води само напред, браво момци“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук честитајќи и ја втората победа на ракометната репрезентација на Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Студ и снег од утре

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, на крајниот запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од два до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.Температурата ќе достигне до […]

______________________________________________________________________________________________________

Од март се укинува забраната за купување алкохол по 19 часот

Измените на Законот за трговија со кој треба да се укине ограничувањето за продажба на алкохол после 19 часот се готови и треба до крајот на неделава да бидат објавени на Единствениот национален регистар за прописи (ЕНЕР). Од Министерството за економија за emagazin.mk велат дека откако ќе биде доставен на увид на јавноста, законот ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Шуто Оризари гинекологот наплаќал незаконски и ги убедувал бремените да не абортираат

Докторката, Вјолце Мбиара, која минатата година беше вработена во поликлиниката во Шуто Оризари како гинеколог, отворено кажува дека ги убедувала бремените жени да не абортираат затоа што тоа се коси со нејзините религиозни убедувања, пренесува порталот НоваТВ. Вјолце потекнува од Албанија, каде што работела во Американската болница. Во Шуто Оризари се вработи додека Арбен Травари […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонската фаланга добива засилување: Еве колку автобуси тргнале утрово кон Загреб

Македонската репрезентација дефинитивно ќе има уште поголема поддршка на трибините на вечерашната средба против Црна Гора. Ракометна треска владее во нашата земја, кон Загреб утринава се упатиле најмалку пет автобуси, објави спортскиот портал Спортмедиа. -Нашите информации велат дека кон главниот хрватски град утринава се упатиле најмалку пет автобуси. Но, ова не е единствената поддршка која […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратениците Тарчуловски, Василевски и Арнаудов остануваат во притвор

Пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски остануваат во притвор. Апелациониот суд во Скопје на нејавни седници ги одби нивните жалби, како и жалбите на останатите обвинети меѓу кои и Јане Ченто, како неосновани и ги потврди решенијата за притвор на првостепениот суд. „Апелациониот суд Скопје, по одржаните нејавни седници денеска донесе одлуки со […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1