Archive | Македонија RSS feed for this section

„Меѓаши“: Родители ја бојкотираат градинката „Кочо Рацин“

Првата детска aмбасада во светот „Меѓаши” вели дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавни тела. Овој став амбасадата го искажува откако група родители се пожалиле за несоодветен […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети немал бројач на пари, се сликал кај косовски бизнисмен

Фотографијата од Али Ахмети на која може да се види апарат за броење на пари не е од кабинетот на лидерот на ДУИ, туку од канцеларијата на косовски бизнисмен, реагираат од партијата на Ахмети, откако порталите на албански јазик објавија дека во неговата канцеларија има бројач на пари. ДУИ вели дека станува збор за канцеларијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Нимиц: Нема нов предлог за името, на маса ќе ставам идеи од минатото

Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото. Постои позитивен моментум […]

______________________________________________________________________________________________________

Тарчуловски бара од судијката да го пушти да го слуша Столтенберг во Собрание

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, до судијката Весна Димишкова која му одреди куќен притвор упати барање да присуствува на собраниската седница во четврток кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе се обрати пред пратениците, пишува А1он. Според дописот, Тарчуловски наведува дека неговото присуство на седницата е во насока на неговите заложби и […]

______________________________________________________________________________________________________

Притворените Василески, Арнаудов и Бетмен штрајкуваат со глад

Охридските пратеници Сашо Василески и Љубен Арнаудов како и Богдан Илиевски Бетмен од денес започнале штрајк со глад – дознава Охрид1 од свои извори. На социјалните мрежи нивните роднини и пријатели пишуваат за штрајкот на притворените. Нивниот притвор беше продолжен за 30 дена, а Апелација ги одби нивните жалби со кои бараа поблага мерка. Осомничените […]

______________________________________________________________________________________________________

Указот за Законот за јазиците Иванов треба да го потпише до четврток

Претседателот Ѓорге Иванов до четврток на полноќ треба да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или да го врати во Собранието со или без забелешки. Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот на претседателот. Неизвесно е како ќе постапи […]

______________________________________________________________________________________________________

Зимата доаѓа во Македонија: Следи снег и температури под нулата

Времето ќе биде облачно со локални врнежи, претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од државата, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање мала снежна покривка е можно некаде и во пониските делови на северот од земјава. Температурата ќе се движи […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија

Пратениците на денешната 30. собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот беше потпишан од страна на Зоран Заев и Бојко Борисов лани во предвечерието на Илинден. Со него Македонија се откажа од грижата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Усвоен Законот за амнестија, повеќе од 670 затвореници излегуваат на слобода

Собранието на денешната пленарна седница го изгласа Законот за амнестија со кој им се намалува затворската казна на осудениците. Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната […]

______________________________________________________________________________________________________

Цело раководство на Фабриката за кабли од Неготино осомничено за криминал

Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против пет лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле продолжено кривично дело „злуопотреба на службената положба и овластување“, „намерно предизвикување стечај“, „оштетување или повластување на доверители“ и „фалсификување на службена исправа“ во фабриката за кабли Неготино. Со кривичната пријава се опфатени Г.Х. (47), генерален директор на АД „ФКН“ […]

______________________________________________________________________________________________________

19-ти јануари, Богојавление неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на […]

______________________________________________________________________________________________________

Доколку Иванов не го потпише указот, Законот за јазици повторно пред Собранието

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во државата и кој беше донесен од Собранието, според Уставот и парламентарниот Деловник треба да биде потпишан од првиот парламентарец Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов. Неизвесно е како ќе постапи Иванов и дали ќе го потпише указот […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието по кои е распишана потерница

Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27-ми април минатата година кои се во бегство. Станува збор за Младен Додевски, за кого е распишана и меѓународна потерница. Интерпол на 4-ти јануари распиша потерница за Младен Додевски и за Никола Митревски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Сите се […]

______________________________________________________________________________________________________

Постарите возила ќе плаќаат повисока регистрација

Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето, пренесе Алфа. Единствена информација која ја добила Алфа е дека сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре постудено, доаѓа снегот

Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

______________________________________________________________________________________________________

Полковник Методиј Хаџи-Јанев нов аѓутант на претседателот Иванов

Полковникот Методи Хаџи-Јанев, со Указ на претседателот Ѓорге Иванов е унапреден во чин бригаден генерал и назначен за аѓутант на Врховениот командант на вооружените сили на РМ. Како што е објавено во Службен весник, од 14 декември 2017 година, претседателот Иванов со Указ од 4 декември истата година го разрешил бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Ќе има двојна контрола за да се спречат обидите за масовно прислушување

Сетот закони за реформи во безбедносно разузнавачкиот систем кои се спроведуваат согласно препораките на Прибе, со акцент на реформирање на системот за следење на комуникациите, помина денеска на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Членовите на комисијата се согласија сетот закони да оди на натамошно читање во собраниската процедура, но на седницата не присуствуваа пратениците […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Испадна дека сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави

Шекеринска: На крајот на месецов ќе ги споделам информациите за 27 април Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сака да го коментира вчерашното тврдење на Мунир Пепиќ, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, дека и помогнал да го напушти Собранието. – Не би сакала да говорам за нешта што треба да го констатира […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1