Ахмети немал бројач на пари, се сликал кај косовски бизнисмен


Фотографијата од Али Ахмети на која може да се види апарат за броење на пари не е од кабинетот на лидерот на ДУИ, туку од канцеларијата на косовски бизнисмен, реагираат од партијата на Ахмети, откако порталите на албански јазик објавија дека во неговата канцеларија има бројач на пари.

ДУИ вели дека станува збор за канцеларијата на сопственикот на компанијата „Татковина“ од Гнилање, Исмет Сулејмани, кој, како што велат од таму, бил ветеран на ОВК и голем поддржувач на албанската кауза.

На оваа фотографија што привлече големо внимание на социјалните мрежи, Ахмети гледа во портретот на основачот и водачот на ОВК, Адем Јашари, а големо внимание привлече деталот со бројачот на пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1