Archive | Македонија RSS feed for this section

Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е семејството од струмица кое настрада во сообраќајка – мајката загина, дечињата и таткото повредени

Завчера во тешка сообраќајна несреќа во државата Тенеси, САД, настрада петчлено струмичко семејство од Чикаго, објави порталот strumicanet. Враќајќи се од Флорида, тие со својот автомобил излетале од патот, во близината на Нешвил и од силниот удар загинала 41-годишната Виле Д. Нејзиниот сопруг Д.Д. (44 години), кој управувал со автомобилот е со тешки повреди и е […]

______________________________________________________________________________________________________

И Мирјана Најчевска си даде оставка во советот за реформи во правосудството

Се намалува бројот на членови во Советот за реформи во правосудството формиран од Владата. Доцна синоќа оставка поднесе професорката Мирјана Најчевска а нејзината одлука ја објави на својот фејсбук профил. Најчевска пишува дека оставката ја поднела писмено до Министерството за правда и во неа наведува дека нема намера да служи за залажување на граѓаните а […]

______________________________________________________________________________________________________

Што велат астролозите: Каква ќе биде Македонија во 2018 година

Каква ќе биде Македонија во 2018 година на економско-политички план. Телевизија Нова го праша астрологот Симеон Атанасоски, а во видеото погледнете што одговори тој.

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Раѓањето Христово – Божик до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, свештенството и монаштвото и до сите православни верници. – Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Божик да биде причина за неминлива радост

Претседателот на Владата Зоран Заев, по повод верскиот празник Божик – Рождество Христово, денеска упати писмо со честитки до архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и до сите православни верници. Во честитката се истакнува дека додека „овие денови ја слушаме ангелската песна што го слави раѓањето Христово, ја слушаме и пораката […]

______________________________________________________________________________________________________

Божикна честитка од Иванов: Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и сплотиме

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.– Празнувајќи го Божиќ ние се сеќаваме на еден од клучните настани во историјата, а тоа е денот кога Синот Божји […]

______________________________________________________________________________________________________

Бадникари кај претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска во домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири”, кои ја донесоа Божикната литија и со песната „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање. Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, изјави дека како семејство секогаш ги почитувале […]

______________________________________________________________________________________________________

АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија – Месото затекнато во земјава е безбедно

Бразилската компанија Сеара Алиментос која извезува месо во Македонија ја изгуби лиценцата за извоз и поради тоа оваа фирма е избришана од регистарот на овластени извозници на месо во земјава. Од агенцијата за храна засега немаат информација зошто на компанијата и е одземена лиценцата ,но потврдуваат дека производите кои во меѓувреме се внесени на македонскито […]

______________________________________________________________________________________________________

Предупредување: Не е безбедна водата за пиење од јавните чешми во село Плетвар и крајпатната кај „Че“

Не е исправна за поиење водата од јавната чешми во прилепското село Плетвар и од крајпатната чешма кај ресторанот „Че“ на превојот Плетвар, информираат од прилепската локална самоуправа. Ова го констатира Центарот за јавно здравје по направеното тестирање на водата за пиење од овие две јавни чешми. Оттаму ги информираат граѓаните да внимаваат и да […]

______________________________________________________________________________________________________

Одобрена екстрадицијата на Грујевски и Бошковски – поднесоа жалба

Советот на судии во Солун денеска одлучи Никола Бошковски и Горан Грујески да бидат екстрадирани во Македонија. Според солунскиот портал Вориа, јавува дописникот на МИА од Атина, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети, поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина. И соопштувањето на одлуката, исто како […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев за грчка ТВ Алфа: Македонците не се единствени наследници на Александар Велики

За името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија, меѓу другото, говори македонскиот премиер во интервјуто за грчката ТВ Алфа, според кусата најава што ја објави самата телевизија. Емитувањето, јавува дописникот на МИА од Атина, закажано е за недела, на […]

______________________________________________________________________________________________________

Може да го раскинете договорот со ВИП и Телеком без да плаќате поради исклучувањето на каналите

Корисниците на услугите за кабелска телевизија на ВИП и Телеком, можат да ги раскинат договорите без да плаќаат пенали, откако операторите укинаа дел од програмите, велат од Агенцијата за електронски комуникации. Од први јануари операторите ВИП и Телеком ги укинаа каналите „Дискавери“ и „Јуроспорт“, заменувајќи ги со други канали. Корисниците на нивните услуги можат да […]

______________________________________________________________________________________________________

Дискавери и Еуроспорт биле поскапи и малку гледани

Од 1 јануари двата телекомуникациски оператори кои нудат и телевизиски пакети не ги продолжија договорите за каналите Дискавери и Еуроспорт што предизвика реакција на корисниците кои ги гледаат овие канали. Поскапување на пакетите како и малата гледаност на каналите Дискавери и Еуроспорт биле клучни фактори за одлуката телекомунициските оператори да не ги потпишат новите договори […]

______________________________________________________________________________________________________

Таравари ја започна кампањата „Вистината за ДУИ”: Граѓаните плаќале струја на кафана

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска ja зaпочна кампањата наречена „Вистината за ДУИ”, во чии што рамки во континуитет ќе држи прес-конференции на кои, како што најави, ќе ги обелоденува сите злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија. – Има многу скандали, почнувајќи од полицијата, образованието, […]

______________________________________________________________________________________________________

Кадровски промени во Програмскиот совет на МРТ

Програмскиот совет на Македонската Радиотелевизија избра нов претседател, соопштија од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). На последната седница пред новогодишните празници Советот ја разреши досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избраа Смилка Јанеска-Саркањац. „Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интеруниверзитетската […]

______________________________________________________________________________________________________

СОНК: На вработените во градинките и училиштата не им се продолжува договорот за работа

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска обвини дека на вработените во детските градинки, основните и средните училишта не им се продолжуваат договорите за работа. – Изминативе денови сме сведоци дека на голем број наставници, воспитувачи и негователи со повеќегодишно работно искуство, без никаква причина не им се продолжува договорот за работа, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Австриска лекарка тужи Македонец за кражба, но откако ја изневерил

Австриска лекарка (54) која е мажена, но разделена со сопругот, се заљубила во млад Македонец (25). Го примила во нејзината куќа во Корнојбург, каде што тој се грижел за нејзината градина, кучињата и либидото.Можеби лекарката би му простила за исчезнувањето пари од паричникот, но кога го зел клучот од нејзината викендичка за во неа да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1