Одобрена екстрадицијата на Грујевски и Бошковски – поднесоа жалба


Советот на судии во Солун денеска одлучи Никола Бошковски и Горан Грујески да бидат екстрадирани во Македонија.

Според солунскиот портал Вориа, јавува дописникот на МИА од Атина, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети, поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.

И соопштувањето на одлуката, исто како и сослушувањето, беше зад затворени врати.

Одлуката е соопштена по четири рочишта од кои две беа одложени. Последното рочиште се одржа на 22 декември и беше закажано за да се соопшти одлуката на Советот на судии, но поради неможност да се обезбеди преведувач на македонски јазик беше одложено за денеска.

Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври лани

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1