Archive | Македонија RSS feed for this section

Првото бебе е женско – доби штедна книшка од Град Скопје

Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари. Бебето и мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги посетија министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија и светот ја дочекаа Новата 2018 година

Стотици милиони луѓе во светот, на плоштадите во своите градови, во туристичките центри или во семејна атмосфера и посакаа добредојде на Новата 2018 година. Во Скопје скромна прослава, а светските метрополи со спектакуларни огномети и шоуа Во Скопје новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“се одржа на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Прославата […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна прогноза на УХМР, еве кога се очекува снег

Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Маврово Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Кр. Паланка, Тетово, 2 Лазарополе, Охрид, 3 Крушево, 5 Берово, 6 Пожаране, 11 Струмица. Времето денес (30.12 2017 год.): Променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Мора да се знае вистината за „Монструм“, „Диво насеље“, Младенов… (ВИДЕО)

Ако сакаме да бидеме нормална и сериозна земја, а не некаква творба тогаш мора да се знае целата вистина за „Монструм“, „Диво Насеље“, за сообраќајката на Никола Младенов и за други случаи кои што се случувале во минатото, изјави премиерот Зоран Заев во  интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.   Заев рече дека мора […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 јануари почнува нов начин на пресметување и плаќање на персоналниот данок

Од 1 јануари 2018 година согласно измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Нимиц со конкретен предлог за името на крајот на јануари?

По последните внатрешно – политички случувања во Грција, обвинувањата на релација власт -опозиција и јазот меѓу коалициските партнери во Владата поради прашањето со името, изминатите неколку дена Македонија е една од главните теми во грчките медиуми. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира […]

______________________________________________________________________________________________________

Онур, Елиф, Полат – Бебињата во 2017 добивале имиња и од турските серии

Александар, Александра, Јован, Јована, Миахил, Маихаела, Максим се меѓу најчестите имиња на новородените деца во 2017 година. Според Управата за водење матични книги, чести се и имиња Филип, Филипа, Калин и Калина. Инспирирани од турските серии, популарни биле и Севги, Онур, Елиф, Полат, Ајшеѓул… Статистичките податоци покажуваат дека во третиот квартал годинава во Македонија се […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев очекува модерна, економски напредна и респектирана Македонија во 2018 ВИДЕО

На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети, повикува премиерот Зоран Заев во новогодишното обраќање кон граѓаните. Тој очекува во 2018 Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО, како и чиста препораќа за пристапните преговори со Европската унија.Брисел, како што посочува Заев, […]

______________________________________________________________________________________________________

Итната помош на новогодишната ноќ со 10 тима и 8 дежурни ординации

Службата за итната помош во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” информира дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа. „На новогодишната ноќ итната медицинска помош ќе располага со 10 медицински тима и 8 дежурни ординации за здравствена заштита во трета смена, недела […]

______________________________________________________________________________________________________

Бадник e неработен ден

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2018 година (сабота), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

______________________________________________________________________________________________________

„Балкан петролеум“ не ги исполни законските услови за преземање на „Макпетрол“

Комисијата за хартии од вредност одлучи на ,,Балкан Петролеум,Холдинг Лимитед“да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на ,,Макпетрол“ бидејќи не ги исполнин законските услови. Како што соопштија од Комисијата, ваквата одлука КХВ ја донесла откако на 18 декември, 2017 година со допис од страна на другиот државен орган била известена дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев самиот се покани за Нова година во Солун, тврди солунскиот градоначалник

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, тврди дека не го поканил претседателот на Владата, Зоран Заев, за Нова година во Солун. „Јас не го поканив, тој самиот се покани. За време на мојата посета во Скопје во ноември се сретнавме и тој ми кажа дека сака новогодишните празници да ги помине во Солун. Му реков да […]

______________________________________________________________________________________________________

Извршителите нема да блокираат сметки на корисници на социјална помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош. „Потпишувањето меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме […]

______________________________________________________________________________________________________

Јовески: Нема да замижам ако некој од политичарите ги прекрши законите

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за ТВ 24 изјави дека СЈО треба да биде дел од Јавното обвинителство, но рече дека за тоа треба да има расправа. Според него, може СЈО како организациона содржина да се задржи или да се направи едно поголемо обвинителство. Joвески вели дека во тој дел треба да има […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски ќе одговара за набавката на луксузниот „мерцедес“

Судечките совети кои постапуваат по предметот „Тенк“ и за предметот од Специјалното јавно обвинителство означен како „Трезор“ оформени по одобрување на обвинителните акти на СЈО, одредија термини за одржување главна расправа, и тоа 30.1.2018 година за вториот предмет на 5 февруари следната година, соопштија од Кривичен. Предметот „Тенк“ е за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Чочоровска излезе од Идризово, вчера била пуштена на лекување

Македонката со српска адреса Станислава Чочоровска Полетан која пред 10 години беше осудена на затворска казна откако во 2007 година на граничниот премин „падна“ со 486 килограми кокаин вчера е пуштена од затворот Идризово. Таа е осудена на 14,6 години затвор заедно со Алија Азировиќ, возачот во чиј камион беа пронајдени канти со поликолор, полни […]

______________________________________________________________________________________________________

Се укинува бесплатниот градски превоз

Од денеска се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје што беше воведен поради загадувањето на воздухот. Како што рече вчера градоначалникот Петре Шилегов, веќе нема потреба од утврдените вонредни мерки. Нивната примена е прецизирана и повторно ќе стапат на сила ако условите тоа го наложат. Мерката за бесплатен јавен превоз беше воведена завчера.

______________________________________________________________________________________________________

Патните трошоци ќе се решат со службени станови или кирии во Скопје

Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет, најави на денешниот брифинг со новинарите, претседателот на парламентот, Талат Џафери. „Голф 2 и пик-ап. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го“, рече Џафери. За намалувањето на патните трошоци […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1