Archive | Македонија RSS feed for this section

Џафери до ВМРО-ДПМНЕ: Кај и да си, пред Божиќ, зад Божиќ, во Собрание да си!

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се врати во законодавниот дом на 9 јануари. Џафери очекува опозицијата да учествува на пленарната седница на која на дневен ред е Законот за јазиците. Синоќа, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да се врати во Собранието откако Кривичниот суд одлучи да ги продолжи притворите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пријателите за пејачот Дамјанов: „Живееше боемски и почина боемски во кафеана“

Пријателите, колегите, познаниците и фановите на фолк-пејачот Зоран Дамјанов со емотивни статуси се збогуваат од пејачот, кој ненадејно почина во Кавадарци. Неговите најблиски сѐ уште се шокирани од тоа што се случило и велат дека за нив тој прерано заминал. Заминал брзо исто како што живеел. Дамјанов доживеал срцев удар додека седел со пријателите во […]

______________________________________________________________________________________________________

Бремените и болните ослободени од работни обврски – загадувањето повеќе од два дена над дозволените граници

Ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, е една од мерките која од утрово стапи во сила по добиените информации од УХМР за квалитетот на воздухот кој последователно повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР објави нова прогноза

Повремени врнежи од дожд и снег на високите планини, најавуваат за утре од УХМР. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално околу 20 литри на метар квадратен, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер. Во петок ќе има […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтини ноќевања во Охрид за жителите на најзагадените градови

Охридските хотели во периодот кој следува ќе ги намалат цените за жителите на Скопје, Тетово и Гостивар како градови со најзагаден воздух во Македонија. Иницијативата на која се потпишани поголем дел од хотелите во градот, има за цел да овозможи барем неколку дена овие луѓе да подишат чист воздух кој што Охрид го нуди, велат […]

______________________________________________________________________________________________________

Ана Дурловски: Премногу си ги отворивме устите!

Оперската певица и национален уметник, Ана Дурловски доживеа драма надвор од сцената е веста која денес ја објави австрискиот медиум Клеине Зеитунг. Певицата и сопруга на осомничениот за тероризам оперски певец, Игор Дурловски, по претставата во „Ариоданте’’ во државната опера во Штутгард се пожалила дека во Македонија луѓето се плашат, не постои владеење на правото […]

______________________________________________________________________________________________________

Продолжен притворот за 29 лица од крвавиот четврток, двајца одат во куќен

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им го продолжи притворот на 29 лица во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија. На 23 лица им е продолжен 30-дневниот притвор, на четири лица им е продолжена мерката куќен притвор, додека на две лица им е замената мерката притвор со куќен […]

______________________________________________________________________________________________________

ОТА ќе прислушува ама нема да слуша

Оперативно-техничка агенција или скратено ОТА треба да биде институцијата во која ќе се преселат уредите преку кои се вклучува и исклучува сигналот за следење на комуникациите. Таквите уредите досега се наоѓаа во Петтата управа во УБК и таму ќе останат сè до крајот на октомври идната година бидејќи од 1 ноември 2018-та е планирано да […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан

Премиерот Зоран Заев вели дека Владата нема намера да отпушта работници и оти никој, кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, но, како што посочи сите треба редовно да доаѓаат на работа. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања, изјави за МИА привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатен јавен превоз за сите од утре – на работа одете со автобус!

Градот Скопје воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од скопскиот плански регион да помогнат во субвенционирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација, рече денеска градоначалникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Села излегува од Владата, неговите заменици министри поднесоа оставки

Замениците министри од редовите на Алијанса на Албанците си поднесоа оставки, објави Телма. Информацијата дека заменик министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Мемети си поднесоа оставки, за потврдил за Телма, лидерот на Алијансата, Зијадин Села, кој додал дека тие денеска или најдоцна утре ќе ги достават до […]

______________________________________________________________________________________________________

Не запира таксиметарот на македонските пратеници – за патни трошоци секој ден им плаќаме по 3.000 евра

Пратениците од земјава се најплатени во регионот. Податоците кои ги објави истражувачката мрежа СКУП покажуваат дека во периодот од 2011 до 2016, 120-те народни избраници во Македонија искеширале од државната каса близу 5 милиони евра само за патни трошоци, пренесува ТВ 21.Просечно секој пратеник побарал надоместок во износ од 40 илјади евра за 6 години, […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов навести дека нема да го потпише Законот за јазиците

Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ, смета Иванов кој од собраниската говорница порача дека барањето за двојазичност е апсолвирано во амандманот 5 од Уставот, односно во Рамковниот договор. Тој критикуваше и за европското знаменце на предлог-законот. Како што рече претседателот, тоа се става на закони за кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Дедото кој се грижи за Тео и Тони ќе почне да работи во Општина Аеродром

Веле Зафировски, дедото кој се грижи за напуштените близнаци, Тео и Тони, од први јануари почнува да работи за општина Аеродром. Зафировски ќе биде задолжен за одржување на зеленилото во населба Долно Лисиче, каде што живее. – Општина Аеродром му пристапи на семејството Зафировски веднаш по сознанието за условите во кои живеат и тешката финансиска […]

______________________________________________________________________________________________________

Жичницата на Водно ќе работи и на 1. и на 8. јануари

Жичницата на Водно ќе работи во понеделник, на први јануари 2018 година. -Ја информираме јавноста дека на 01.01.2018 година и на 08.01.2018 година, Жичницата на Водно ќе работи со редовно работно време, информираат од ЈСП Скопје.

______________________________________________________________________________________________________

Потресно сведоштво: При апсењата на 28.ноември имаше и жртва – Елена го загуби бебето по апсењето

Во домот на семејството Божиновски е забрането да се ѕвони на врата, децата на притворената Елена Божиновска во секој момент ја очекуваат нивната мајка да ги изненади и да се појави во домот со новогодишни пакетчиња,ова за Телевизија Алфа го кажа Игор Божиновски, сопруг на Елена Божиновска, која во моментов е во притвор во затворот […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема плати за вработените – штрајк во градинките во Чаир

„Ние сме на штрајк поради неплаќање на плата“. Вакви известувања денеска беа поставени на вратите на два објекти на градинката “Снежана” во општина Чаир. Одлуката за штрајк беше едногласна од страна на сите 75 вработени во оваа институција, кои се веќе два месеца без плата. Во градинките денес имало само две деца. Синдикалните водачи бараат […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1