Ана Дурловски: Премногу си ги отворивме устите!


Оперската певица и национален уметник, Ана Дурловски доживеа драма надвор од сцената е веста која денес ја објави австрискиот медиум Клеине Зеитунг.

Певицата и сопруга на осомничениот за тероризам оперски певец, Игор Дурловски, по претставата во „Ариоданте’’ во државната опера во Штутгард се пожалила дека во Македонија луѓето се плашат, не постои владеење на правото и слобода на печатот.

– Сигурна сум дека тој е невин – изјавила Дурловски.

Исто така, таа раскажала како Игор бил приведен од страна на 15 униформирани лица, во шест часот наутро пред нивниот најстар син.

Помеѓу другото, таа изјавила и дека нејзиниот сопруг мирно демонстрирал 60 дена.

– Многу луѓе од Македонија сакаат на запад, но пред две години ние се одлучивме на спротивен чекор, затоа што сакавме да работиме со искуството стекнато во Германија во нашата земја. Можеби поради годините поминати на Запад, верувавме во слободна мисла и премногу си ги отворивме устите – изјави Дурловски.

Оперскиот певец и поранешен директор на МОБ е еден од 36-те осомничени во истрагата на обвинителството за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое што најмалата казна е 10 години затвор. Таа се појави на македонската оперска сцена во 2000 година. Во 2015 година година ја доби титулата Национален уметник, највисокото признание во областа на културата. Врз основа на титулата, доживотно секој месец добива 60.000 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1