Поевтини ноќевања во Охрид за жителите на најзагадените градови


Охридските хотели во периодот кој следува ќе ги намалат цените за жителите на Скопје, Тетово и Гостивар како градови со најзагаден воздух во Македонија.

Иницијативата на која се потпишани поголем дел од хотелите во градот, има за цел да овозможи барем неколку дена овие луѓе да подишат чист воздух кој што Охрид го нуди, велат хотелиерите.

– За гостите од Скопје, Тетово и Гостивар кои живеат таму и имаат лични карти од тие градови можат да престојуваат во текот на јануари и февруари за цена од 990 денари. Таа цена е 50% е пониска од чинењето на нормалната цена. На луѓето им нудиме нешто невообичаено, пониска цена за помалку пари да дојдат и да дишат чист воздух – изјави Перо Кутаноски, менаџер на хотел Гранит.

Кутаноски се надева дека ќе има интерес бидејки станува збор за аранжмани на база на полупансиони. За локалните власти во Охрид политиката на намалување на цените е добар чекор на соработка со локалната бизнис заедница, но и за привлекување на повеќе гости во Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1