Archive | Македонија RSS feed for this section

Мицковски по средбата со Заев: Утре ќе кажеме дали ќе се вратиме во Парламентот

Средбата во Владата на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, траеше еден и пол час, на која разговарале, како што рече Мицковски, за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале секој своите аргументи и ставови. Новиот лидер на опозицијата не одговори дали со премиерот разговорале и за […]

______________________________________________________________________________________________________

Најзагаден воздухот во Лисиче и кај Ректоратот

Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот. Според мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоките концентрации во Лисиче […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина проф. д-р Дагмар Оровчанец

Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област. Проф. д-р Дагмар Оровчанец е родена во Љубљана. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професионaлна кариера ја продолжила во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје каде специјализирала, докторирала и супспецијализирала […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва средба Заев – Мицковски: Има согласност опозицијата да учествува во реформите

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници, соопшти владината прес-служба. „Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските […]

______________________________________________________________________________________________________

Тројца скопјани искасано, едно куче пронајдено отруено

Вчера во 12:00 часот А.Т.(21) пријавил дека на 23.12.2017 година околу 21:00 часот на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница. Завчера во 22:20 часот во Полициска станица Драчево Т.Н.(29) пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот на ул.Иван Хаџи Николов […]

______________________________________________________________________________________________________

Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител

Град Скопје, денеска свечено им ги додели наградите на најдобиот пожарникар, полицаец и крводарител на територија на град Скопје за 2017 година. За најдобар пожарникар е прогласен Џеват Ибраими, командир на одделение во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2017 година е Зоран Павловски, вработен во Одделението за безбедност на […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: УБК е жариште на кризите во Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов во новогодишното обраќање пред пратениците денеска се осврна и на реформите и законите кои се носат. Тој кажа дека лошото функционирање на механизмот за надзор на УБК и самата институција се главното жариште за кризите во Македонија. – Причините за долготрајниот скандал можат да се бараат како во УБК и така и […]

______________________________________________________________________________________________________

Груби: Ако го ставиме Иванов на полиграф ќе изгледа шашаво

Говорот на претседателот Ѓорге Иванов е оксиморон. Ако го ставиме на полиграф ќе изгледа шашаво за да се дефинира што е суштината и што се пораките. Имаме над 26 забелешки. Но главно е во делот за Законот за јазици, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби, по говорот на Иванов, кој го оцени Законот за јазици […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Законот за јазиците го крши Уставот

Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ, смета Иванов кој од собраниската говорница порача дека барањето за двојазичност е апсолвирано во амандманот 5 од Уставот, односно во Рамковниот договор. Тој критикуваше и за европското знаменце на предлог-законот. Како што рече претседателот, тоа се става на закони за кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Тимотеј: Синодот одлучи да продолжат разговорите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ

Светиот архиерејски синод на Македонската правосалвна црква-Охридска архиепископија го прифати извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и на Бугарската православна црква и донесе став разговорите меѓу двете црковни комисии да продолжат, изјави денеска портпаролот на Синодот, г. Тимотеј по синодската седница која се одржа денеска и на која беа разгледани повеќе актуелни […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандалозно барање од Таравари – полицијата да не ги казнувала иселениците

Преку писмо до началникот на полициската станица, градоначалникот Таравари бара полицијата да биде коректна кон иселениците кои за празниците се дојдени во Гостивар. – Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари што го држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 6 апликации за работа за најчудниот оглас за вработување во здравството, одбиени 5

Само еден кандидат имал завршено историја, право или економија – факултети кои беа критериум на огласот за државен советник во министерството за здравство. Биле поднесени 6 апликации, но останатите 5 не ги исполнувале условите и излегуваат од игра. Ова отвора сомнеж дека огласот од претходно е наместен. Кој е кандидатот кој ги исполнува сите критериуми […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе „загубиме“ многу неработни денови- еве кога ќе одмараме во 2018 година

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови оваа година, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6-ти јануари, Денот на независноста на 8-ми септември и Св. Климент Охридски на 8-ми декември. Уште на самиот старт на 2018 година, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Кој е Христијан Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Со 376 гласови „За“, Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово денеска беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. До пред конгресот Мицковски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата, на која 30 јули годинава. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Мандатот го завршувам со повеќе ножеви во грб

Ќе останат да ми ѕунат засекогаш зборовите на едни странски врвни експерти во политички кампањи кои ни помагаа во последната изборна кампања, и кои ден по првиот круг на локалните избори дојдоа кај мене да ми го кажат нивното видување на изборниот процес и кои при крајот на кратката елаборација ми рекоа: господине претседателе, една […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Заврши соработката со Села

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вечерва во емисијата „Клик Плус на 21ТВ објасни зошто се скарал со Зијадин Села. Ахмети рече дека Села го навредил во моментот кога го нарекол иницијатор за неговото физичко елиминирање на 27 април во Собрание. Според Ахмети, соработката со Села завршила уште пред 3 недели, кога прифатил средба со него, […]

______________________________________________________________________________________________________

На 193 пријавете палење оган на отворено

Скопјани на телефонскиот број 193, кој ќе биде достапен 24 часа, ќе можат да пријават доколку некој пали оган на отворено. За да се справиме со проблемот со горењето пластики, гуми, неквалитетни дрва на отворено, што, како што рече градоначалникот на Град Скопје, формирани се тимови од претставници на Градот, Министерство за труд и социјална […]

______________________________________________________________________________________________________

На Крсто Мукоски му се слошило во затворот во Шутка

На пратеникот Крсто Мукоски кој е еден од приведените за настаните од Собранието на 27. април, вечерва му се слошило во затворот, дознава Република. По интервенцијата на затворскиот лекар, со возило на Брзата помош бил пренесен на скопските клиники на контрола, но набрзо бил вратен во затворот во Шутка. Засега не се познати повеќе детали.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1