23/12/2017 15:26
•
Posted by: MK News
По кратко боледување почина д-р Јосиф Наумовски, доктор на медицински науки истакнат интернист-кардиолог и еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија, хуманист и вљубеник во уметноста. Погребот ќе се изврши во недела, на градските гробишта Бутел.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:21
•
Posted by: MK News
Во 14 часот и 30 минути во Полициската станица Тетово, се јавил 61-годишниот Џ.С. од селото Селце-Тетово, и пријавил дека од пред два месеци од дома се оддалечила неговата ќерка. Се работи за 24-годишната Г.Е. од селото Сенокос, која со себе ја понела и нејзината 16 годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сестрите.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:13
•
Posted by: MK News
Кажавме јавно дека на последните локални избори имаше масовен поткуп подржан од полицијата, многу притисоци, закани, уцени и заплашувања. И заради тоа ВМРО ДПМНЕ не ги призна изборите, тие се едни од најнедемократските избори во Македонија. Кажавме и дека дел од нашето членство беше разочарано од раководството на партијата и заради тоа не гласаше, изјави […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, денеска беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доби плакета за благодарност за неговата досегашна работа низ годините. Инаку, тој денеска имаше долго обраќање пред присутните кандидати. Единствен кандидат кој има кандидатура да го замени е Мицковски.
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:55
•
Posted by: MK News
Неодобрен кредит било причина за жестока расправија, помеѓу клиент и банкарка од експозитура во Скопје. Како што пишува Курир, инцидентот се случил завчера околу 14:50 часот во експозитура во населбата Карпош кога обезбедувањето во објектот морало да интервенира и да повика патрола. Во експозитурата, клиентот почнал недолично да се однесува и расправа со банкарката која […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:54
•
Posted by: MK News
Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика. Во подзаконските акти на Законот за енергетика што ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:51
•
Posted by: MK News
Седумдесетина пациенти со рак скоро месец дена чекаат за потребните испитувања во ПЕТ Центарот зошто немаат реагенси. Проблемот е во тендерската постапка бидејќи установата почна да работи непосредно пред промената на Власта. Од ПЕТ Центарот за Сител велат дека прават напори да обезбедат донации на потребните материјали за да можат после Нова Година да продолжат […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:40
•
Posted by: MK News
На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово присутни се 411 од вкупно запишаните 544 делегати, заклучи верификационата комисија на Конгресот. Тоа е доволен број на делегати за одржување на Конгресот според Статутот на партијата, објави А1он. Во салата во Валандово не се присутни потписниците на писмото со кое што […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:36
•
Posted by: MK News
Мал земјотрес со јачина со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала околу 19.34 часот се почуствува во главниот град. Според информациите на специјализираните интернет страници епицентарот на земјотресот е 12 киломентри од Скопје во близина на приградската населба Идризово. Епицентарот на потресот бил на длабочина од пет километри.
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 12:04
•
Posted by: MK News
Прифатилиште за улични животни во рамките на општина Аеродром, едукативни и информативни кампањи, субвенции за вдомување миленик и мрежа на „старатели“ на бездомните животни предложија граѓанските здруженија и активисти за заштита на правата на животните на средбата со градоначалникот на Златко Марин. На средбата присуствуваа и Ана Марија Бранѓолица од ЈП „Комунална хигиена“, директорот на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 12:01
•
Posted by: MK News
Две кандидатури биле поднесени за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но прифатена е само кандидатурата на генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, бидејќи другата не била валидна, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ. Втората кандидатура не била прифатена, бидејќи, како што наведуваат од партијата, била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува. Конгресот за нов лидер на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 12:00
•
Posted by: MK News
Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено – 12 е во Берово и во Маврово со – 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшто УХМР.Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Од недела, 24 декември до вторник 26 декември, купувачите во најголемите маркети на Тинекс и Веро ќе можат да донираат подароци за новогодишни пакетчиња и да се вклучат во големата акција на Здружението „Љубезност“ со поддршка на Мрдни со прст, чија цел е повеќе од 2.000 „Новогодишни пакетчиња од срце“ да стигнат до децата од […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 15:50
•
Posted by: MK News
Зијадин Села од Алијансата за Албанците не се откажува од министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која станало збор дали Алијансата аа Албанците ќе остане во Владата, Села рече дека ќе го кажат својот став по изборот на нов министер за здравство. Владата неделава потврди дека за министер за здравство ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 15:08
•
Posted by: MK News
Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 15:02
•
Posted by: MK News
Во 58 општини во реоните пет и шест, градежното земјиште за дооформување на парцела за изградба на ученички или студенстки домови, како и домови за престој на стари лица, за деца без родители или за незгрижени лица ќе се продава со непосредна спогодба по цена од 70 денари за метар квадратен. Како што појасни на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 14:57
•
Posted by: MK News
Полицијата го пронашла автомобилот Југо, од кој вчера вечер засега непознат напаѓач пукаше и го уби 24-годишниот Бурим Идризи. Автомобилот бил пронајден на улицата “Никола Малешевски” во населбата Топана во Чаир. Мотивите на убиството сè уште не се познати.
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 14:37
•
Posted by: MK News
“Во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, би истакнал дека минатиот месец имам поднесено оставка САМО од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. […]
______________________________________________________________________________________________________