Скандалозно барање од Таравари – полицијата да не ги казнувала иселениците


Преку писмо до началникот на полициската станица, градоначалникот Таравари бара полицијата да биде коректна кон иселениците кои за празниците се дојдени во Гостивар.

– Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари што го држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот! Му пишува во псимот оТаравари на командирот од Гостивар.

Од МВР ги демантираат тврдењата на градоначалникот од Гостивар и велат дека контролите пред празниците дополнително ќе бидат засилени.

Таравари во писмото на командирот му замерува и што не нашол нашоил време да одговори на барањата за контакт со него, порачувајкки му да им помогне на ислениците за празниците да не им се претворат во кошмар.

– Убеден сум дека ќе го послушате и ќе го почитувате моето барање, не само затоа што Полициската станица е во надлежност на Општина Гостивар, туку особено поради тоа што вие сте личност што треба да знае дека вашата работа е да ги штитите граѓаните а не да ги казните, а пред сè Иселениците, што е грев да ги пречекаме со глоби наместо со љубов и почит! пишува Таравари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1