Иванов навести дека нема да го потпише Законот за јазиците


Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ, смета Иванов кој од собраниската говорница порача дека барањето за двојазичност е апсолвирано во амандманот 5 од Уставот, односно во Рамковниот договор.

Тој критикуваше и за европското знаменце на предлог-законот. Како што рече претседателот, тоа се става на закони за кои постои европска директива којашто во овој случај ја нема, а Македонија со тоа што му ставила европско знаменце на законот ќе стане единствена европска држава која сама си поставува услови за членство во ЕУ.

– Оние кои тврдат дека предлог-законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како Претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик. Тој претставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот на Република Македонија – рече Иванов.

Во неговите оспорување на законот, тој го наведе и тоа што нема прецизна терминологија околу тоа што е официјален, што службен а што јазик во службена употреба, како и тоа дека законот е репресивен.

За прашања кои задираат во унитарниот карактер на државата, за прашања кои задираат во правата и надлежностите на системските закони, порача Иванов, мора да постои вистинска јавна дебата и најширок можен консензус.

Законот кој е во финална фаза по донесувањето во Собранието треба да оди на потпис кај Претседателот Иванов. доколку тој не го потпише собранието има начин повторно да го стави во сила, но во таков случај, групи експети најавуваат иницијатива пред Уставен суд.

Претседателот уште пред неколку месеци најавви дека ќе го потпише овој закон само ако е во согласност со Уставот. Денешните негови ставови даваат јасно насока како ќе делува шефот на македонската држава кога овој закон ќе дојде кај него за параф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1