Не запира таксиметарот на македонските пратеници – за патни трошоци секој ден им плаќаме по 3.000 евра


Пратениците од земјава се најплатени во регионот. Податоците кои ги објави истражувачката мрежа СКУП покажуваат дека во периодот од 2011 до 2016, 120-те народни избраници во Македонија искеширале од државната каса близу 5 милиони евра само за патни трошоци, пренесува ТВ 21.Просечно секој пратеник побарал надоместок во износ од 40 илјади евра за 6 години, додека на годишно ниво на нивното конто се слевале по околу 6 ипол илјади евра, за бензин, патарина, и други давачки за пат.

Ако се има предвид дека најмалку 20% од пратениците се од Скопје и речи си и да немаат право на патни трошоци, оние кои се од внатрешноста месечно си дополнуваат на платата во просек по околу 600 до 700 евра.
Оние како Бонева но и некои пратеници од претходниот состав како на пример Менде Динески најмногу искористиле. Тие, во некои месеци, само од патни трошоци си ја зголемувале платата за неколку пати.

За нас граѓаните, пресметките велат дека само за патни трошоци на пратениците дневно одвојуваме по близу 3.000 евра

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1