Автобус на ЈСП прегази жена


Женско непознато лице починало во сообраќајна несреќа денеска околу 12:10 часот, објави Курир.

Од МВР за Курир велат дека на булеварот Крсте Мисирков во правец од Чаир кон Центар, во близина на Бит пазар, автобус на ЈСП број 47, удрил во засега непознато лице.

Од добиените повреди жената починала на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Полициски екипи сè уште вршат увид на местото, по што ќе бидат познати повеќе детали.

фото: Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1