27/09/2017 13:09
•
Posted by: MK News
Поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации во повеќе институции во РМ како што се МВР, Катастар и други треба да овозможи формирањето на Централен електронски регистар на населението, нов владин проект за кој вчера е усвоена информација на владина седница. Како што изјави за медиумите портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, за реализација на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 12:33
•
Posted by: MK News
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го претстави стадионот „Младост“, непосредно пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн, и тоа со прекрасни фотографии направени од птичја перспектива. – Фудбалскиот храм во Струмица блеска и официјално може да се нарече дека е вториот најубав стадион во нашата земја, по Арената „Филип Втори“ во Скопје. Фотографиите од птичја перспектива изгледаат […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:17
•
Posted by: MK News
Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува и умерен, во западните и северните делови повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:04
•
Posted by: MK News
Сo новопробиениот булевар во Бутел ќе се намали метежот во тој дел од градот, а ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, изјави денеска кандидатот за градоначачник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Трајановски вети изградба на патишта, улици и подобрување на инфраструктурата во главниот град, како дел од проектите во неговата изборна кампања. -Жителите […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:03
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Ѓорче Петров. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Ѓорче, изјави Владо Мисајловски, кандидат за градоначалник на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:02
•
Posted by: MK News
Животот дојде за функционерите на Социјалдемократскиот сојуз, а за сите други граѓани дојде сиромаштија, рушење на стандардот, обвини денеска Никола Србов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПНЕ. „Генералниот секретар на владата, Драган Рашковски, се самоназначил за владин претставник на Собранието на акционери на ‘Телеком’ за хонорар 500 евра по седница.Тој е новиот владин претставник во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:00
•
Posted by: MK News
Нов концепт за развој на градот и на неговите општини, кој ќе се заснова на сериозни и остварливи инфраструктурни проекти, чиста животна средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, понуди денеска кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, имаа средба со […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 19:56
•
Posted by: MK News
Претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“ Стевчо Јакимовски вчера во Карпош на предизборен митинг ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината. Јакимовски истакна дека во изминатите два мандата како градоначалник на локалната самоуправа секогаш неуморно работел за решавање на проблемите на граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 19:54
•
Posted by: MK News
Уапсен е Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, по кого беше распишана централна и меѓународна потерница, потврдија од МВР за „Макфакс“. Тој се наоѓа во полициската станица Беко, по што, според процедурата, се очекува да биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да издржи 30-дневен притвор. Градоначалникот на албанската општина Пустец е обвинет во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 19:50
•
Posted by: MK News
Корисниците од ресторанот на тенискиот терен Југ, Воен стадион, тениските терени со пропратните објекти, спортската сала Парк, ресторанот во спортската сала Парк и Луна паркот во општина Центар утре од 8:45 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и корисниците од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 17:38
•
Posted by: MK News
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. До петок ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во јужните делови. За време на викендот ќе има и сончеви периоди.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 17:27
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири новозаразени со ХИВ се регистрирани за осум месеци оваа година во Македонија. Сите се мажи на возраст од 20 до 49 години. Според месечните извештаи на Институтот за јавно здравје најголем дел од новооткриените случаи се од Скопје, а има и од Прилеп, Велес, Гостивар. За три децении во земјава евидентирани се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 23:42
•
Posted by: MK News
Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот на Игор Југ беа упатени закани до Никола Груевски. Барајќи мобилен во ќелијата на Игор Југ, надлежните вчера не нашле ништо кај него, но биле пронајдени неколку мобилни телефони кај други притвореници, брифираат извори од истражниот затвор за ТВ „24 […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 23:41
•
Posted by: MK News
Основниот суд во Скопје го прифатил барањето на специјалното обвинитество и му определил 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, дознава „Алсат-М“. Тој е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Неофицијално, се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да ја напушти Македонија, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 23:38
•
Posted by: MK News
Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, вечерва во интервју за ТВ „Телма“ изјави дека прислушување во Македонија веќе нема, иако не можеше да прецизира од кога точно. „Само легално, нелегално прислушување нема“, беше категоричен Николовски. Николовски исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и сè уште се утврдува […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 23:09
•
Posted by: MK News
Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) вечерва на платото во ТЦ „Лептокарија“ го одржи првиот предизборен митинг. Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и воедно претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одржи говор. Исто така и кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, се обрати пред присутните карпошовци. На митингот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 22:58
•
Posted by: MK News
Алијансата за Албанците (поранешно Движење за реформи на (ДПА) вечерва во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово одржа промотивна конвенција за кандидатите за градоначалници и носители на листите за советници на претстојните локални избори. Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на општина Струга Зијадин Села ги повика присутните […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 22:58
•
Posted by: MK News
Тетово е центарот на Албанците и токму затоа ни е важна победата во овој град, порача вечерва од промотивната Конвенција во центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово претседателот на ДУИ Али Ахмети. – Тимот што вечерва стои зад мене е победнички. Ова се луѓето на чело со кандидатката за градоначалничка Теута Арифи кои […]
______________________________________________________________________________________________________