25/09/2017 22:56
•
Posted by: MK News
Еве ме денеска од ОН, од светот на различности, во Ресен, градот на различности, на соживотот, на достоинството. Му се поклонувам на Ресен за тоа. Во декември, заедно со вас ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат кон промените. А од овој наш град денеска станува јасно дека на 15 октомври заедно ги заокружуваме […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 22:51
•
Posted by: MK News
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 26 Гевгелија, 24 Струмица, 22 Д. Капија, Штип, 20 Виница, 19 Берово, 18 Битола, Прилеп, Скопје, 17 Тополчани, Кр. Паланка, 16 Ѓуриште, Охрид, Претор, 15 Тетово, 13 Пожаране, 10 Лазарополе, Маврово. НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 9 Пожаране, 6 Лазарополе, 5 Тетово, 4 Претор, 3 Маврово, 1 […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 22:43
•
Posted by: MK News
Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи се повлекува од трката за избор на градоначалник на Струга. Како што објави денеска телевизијата Алсат, кандидатот Менди Асани потврдил дека нема да стартува со неговата кампања, а причина за повлекувањето, рекол, е да не се расцепкуваат гласовите на гласачите Албанци во општината
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 22:40
•
Posted by: MK News
Традиционално како и на претходните изборни циклуси Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ својот предизборен караван за престојните локални избори закажани за 15 октомври го започна вечерва со митинг во Охрид. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги повика граѓаните на изборите масовно да го дадат својот глас за новата програма, да ја дадат довербата, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 15:24
•
Posted by: MK News
Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Кандидатот за градоначалник на оваа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски утрово го осуди инцидентот и рече дека се надева дека зад него не стојат политички опоненти. Ноќеска е извршен вандалски чин во кој е оштетен еден од штабовите […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 15:07
•
Posted by: MK News
Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија е оштетен за дополнителни еден милион денари врз основа на примање плата на четворица службеници за извесен период. Тие не доаѓале на работа и не извршувале работните задачи во Агенцијата за вработување на РМ согласно дадените работни места, а редовно примале плата. Ова денеска на прес-конференција го […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 15:03
•
Posted by: MK News
Поради закажани технички зафати, утре од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Крчин во Општина Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје по известување добиено од „ЕВН Македонија“. Во истиот период од денот утре без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. Трета македонска бригада, поточно […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови на земјата. Во останатите подрачја врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2017 14:33
•
Posted by: MK News
Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, од денеска ја почнуваат 20-дневната изборна кампања. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот. Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 21:00
•
Posted by: MK News
Велес во Македонија некогаш бил Титов Велес и бил познат како место каде се произведувало порцелан за цела Југославија.Во овој град денес се сместени неколку оператори што произведуваат лажни вести, дизајнирани да привлечат внимание на Американците. Секој клик додава пари на нивниот профил, пишува CNN.Еден од пионерите во тоа “индустрија” е Михаил (24), како што […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 20:34
•
Posted by: MK News
Нема нови случаи на заболени од морбили, информираат од Министерството за здравство и додава дека од утре почнува проверка на картоните на сите деца за да се утврди дали има невакцирани од оваа болест. На клиниката за инфективни болести се примени пет деца, најмалото од една, а најстарото од 11 години. Вчера беше прогласена ограничена […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 20:31
•
Posted by: MK News
Во текот на месец октомври стартува ефтината тарифа а усогласувањето на броилата започнува од утре така што сите 800 илјади домаќинства ќе имаат дневна ефтина струја пред почетокот на грејната сезона.Од ЕВН велат дека оваа година може да се очекува намалување на електричната енергија а долгорочно тоа ќе зависи од глобалниот пазар. Македонија мора да […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 20:26
•
Posted by: MK News
Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западниот и југозападниот дел од земјава. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 13:54
•
Posted by: MK News
Според пресметките минимална висина на К-15 ќе изнесува 8.900 денари, а право на регрес имаат сите работници кои работеле кај истиот работодавец најмалку шест месеци во календарската година И годинава вработените во Македонија во приватниот сектор имат право на регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Според пресметките минимална висина на К-15 годинава ќе изнесува […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 13:46
•
Posted by: MK News
Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, утре ја изборна кампања која ќе трае 20 дена. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2017 17:51
•
Posted by: MK News
Епидемија на морбили во општина Гази Баба откако четири деца од Маџари се хоспитализирани на Инфективна со ова опасно заразно заболување. Одлуката ја донесе Комисијата за заразни болести по регистрирањето на уште еден случај со мали сипаници во Кондово. Петте деца од кои најмалото е 12 месеци а најголемото 11 години се сместени во карантински […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2017 14:00
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство информира дека е прогласена ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба. Од Комисијата информираат за примени 5 пациенти со симптоми на морбили, кои во текот на денот се докажани на Клиниката за инфективни болести како морбили, со серолошка специфична реакција. Пациентите се во стабилна […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2017 13:50
•
Posted by: MK News
22-годишниот Јовица Николоски е обвинет за убиство на својот цимер Спасе Граждани во Вестленд, во американската сојузна држава Мичиген. Убиството, според медиумите од , се случило уште на 9 септември, кога полицијата го пронашла телото на 25-годишниот Граждани со повеќе убоди од нож. Според полицијата, по расправија меѓу нив, Николоски го избодел со нож Граждани […]
______________________________________________________________________________________________________