Делови од Карпош, Аеродром и Петровец утре без струја


Поради закажани технички зафати, утре од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Крчин во Општина Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Во истиот период од денот утре без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. Трета македонска бригада, поточно броевите од 39 до 53 и околината во општина Аеродром.

Од 8.30 до 11.30 часот утре електрична енергија ќе немаат и корисниците од Ржаничино, Школо Петровец како и Радио Фар во општина Петровец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1