15/09/2017 15:47
•
Posted by: MK News
На денешната седница пратениците ќе расправаат и очекуваме да ги усвојат трите законски решенија кои што ќе имаат директен и непосреден позитивен ефект врз секојдневното живеење на илјадници граѓани, рече денеска на прес конференција, Јован Митрески, пратеник во Собранието на Република Македонија. – Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата ќе се обезбеди […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Се известуваат граѓаните дека поради реконструкција на водоводна мрежа Ф 500 мм на кружниот тек на улицата Христо Татарчев и булеварот Србија, утре од полноќ (сабота кон недела), па се до завршување на работите, без вода ќе бидат корисниците од високата зона на населбите Ново Лисиче и Аеродром. За сите дополнителни информации граѓаните можат да […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2017 15:12
•
Posted by: MK News
Пратеникот и лидер на БЕСА Билал Касами денеска поднесе оставка на пратеничката функција до Собранието на Република Македонија. Од кабинетот на претседателот на Парламентот потврдуваат дека Билал Касами поднел оставка. Касами поднесе оставка поради тоа што се кандидира за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори закажани за 15 октомври.
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2017 15:04
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија (ДИК) утре во 13:00 часот ќе спроведе жрепка на која ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив. Комисијата ги повикува претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2017 14:02
•
Posted by: MK News
ФК Вардар денеска на прес конференција реагираше на високите цени од ЈПССДП за користење на националната арена Филип Втори за домашните и меѓународните натпревари кои се движат и до 40 000 евра по натпревар што според раководството на црвено-црните е најскапо во екс-ју просторите па и на Балканот. Сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко во својата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2017 12:23
•
Posted by: MK News
Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првите осум месеци од годинава се превезени 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период во минататата година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. На скопскиот аеродром во периодот од јануари – август годинава се регистрирани 1.223.630 […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 20:42
•
Posted by: MK News
Централното претседателство на ДУИ на седницата што попладнево се одржа во партиското седиште во тетовска Мала Речица ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори. – Изборите на 15 октомври се многу значајни бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 20:35
•
Posted by: MK News
Мнозинството граѓани на Република Македонија имаат доверба во полицијата, која е втора институција со највисок рејтинг, по образовните институции. Ова го изјави денеска Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика тинк тенк на денешната презентација на резултатите добиени по спроведеното истражување на јавното мислење за работата на полицијата, кои беа презентирани од регионалната мрежа […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 20:29
•
Posted by: MK News
Со казни и контроли министерството за труд ќе утврдува дали газдите ќе ја исплаќаат минималната плата. Министерката Царовска вели дека учинокот кој стои во законот како услов за исплата на минималецот е дискутабилен и може да има злоупотреби. Синдикатот пред два дена обелодени дека загарантирана плата нема да има за сите работници, туку само за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 15:05
•
Posted by: MK News
Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во саботата во ресторан во западниот дел на Мелбурн. Димовски бил неколку пати прободен со нож за време на една тепачка во ресторанот „Корзо”. На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението и за убиство и кражби. Дени ДимовскиСпоред […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 15:00
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денес ги објави имињата на кандидатите за градоначалници кои на претстојните локални избори со богата програма ќе ја бараат довербата од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе излезе со најдобрата и најквалитетна понуда за кандидати за градоначалници и советници. ВМРО-ДПМНЕ секогаш примат му дава на индивидуалниот квалитет на поединецот и неговата репутација во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 12:56
•
Posted by: MK News
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. УВ=6 Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. Во Скопје температура до 32 °C. До недела ќе преовладува сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 12:49
•
Posted by: MK News
Во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Недозволиво е во една демократска државата која што претендира […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 12:39
•
Posted by: MK News
Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит од Русија, што треба да се одигра вечер на Националната арена „Филип Втори Македонски” и очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, попладне од 17 часот околу стадионот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Како што информира Министерството за внатрешни работи, попладне во 17 часот ќе биде затворен за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 12:30
•
Posted by: MK News
Рокот за поднесување на кандидатските листи за Локалните избори 2017 завршува денеска на полноќ. До општинските изборни комисии (ОИК) од пред неколку дена групи избирачи и партиите почнаа да ги доставуваат кандидатските листи, иако голем дел од лицата за кои граѓаните ќе се изјаснуваат се веќе објавени. ОИК во рок од 48 часа од приемот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 12:25
•
Posted by: MK News
Годишно од 1000 до 1200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии. Во таа насока на својата фејсбук страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/), Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 18:06
•
Posted by: MK News
Двајцата рудари од Македонија, кои загинале синоќа во рудникот „Леце“ кај Медвеѓа, се Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (50) од Пробиштип, објави „Канал 77“. Според првичните информации несреќата се случила околу 23 часот и 30 минути по минирањето кога најверојатно, според лекарите, двајцата рудари се задушиле од отровните гасови во јамата. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:38
•
Posted by: MK News
Намалени трошоци за репрезентација, а обезбедени средства за полицијата. Започната постапка за набавка на 7.000 комплет униформи за полицајците, за летачкиот персонал, за ЕЗС, распишан оглас за нови 500 полицајци…, се само дел од преземените чекори на МВР за кои денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за сработеното во првите сто дена. – […]
______________________________________________________________________________________________________