Денеска се очекува да се укине радиодифузната такса


На денешната седница пратениците ќе расправаат и очекуваме да ги усвојат трите законски решенија кои што ќе имаат директен и непосреден позитивен ефект врз секојдневното живеење на илјадници граѓани, рече денеска на прес конференција, Јован Митрески, пратеник во Собранието на Република Македонија.

– Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата ќе се обезбеди покачување на минималната плата на 12.000 денари нето износ за сите вработени. Тоа значи усогласување минималната плата на вработените во текстилната и индустријата за производство на кожа, кои што изминативе години бea обесправени и земаa плата пониска од утврдената минимална плата.
Со изгласувањето на Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или популарно наречениот Закон за стечајци ќе се овозможи материјално да се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 година заклучно до 30 јуни 2017 година. Овие лица ќе имаат можност да стекнат право на паричен надомест во висина од 7.596 денари. Оваа мерка за нив ќе значи редовен приход и исправање на децениската неправда што им беше нанесена – рече тој.

Пратениците денеска очекуваат да биде усвоена мерката за укинување на Радиодифузната такса.

– Со оглед на условите во Собранието на Република Македонија кое секојдневно се соочува со блокади и опструкции, оваа мерка се најде пред пратениците во најкусиот можен рок – додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1