05/08/2017 15:26
•
Posted by: MK News
Со новиот Закон за јазици, се предвидува двојазичност на униформите на полицијата. Меѓу другото, во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје. Во предлог законот јасно е наведенот дека „Униформите на полицијата, пожарникарите, во здравството во Скопје и во општините во кои […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2017 14:57
•
Posted by: MK News
Времето денеска сончево и многу топло со слаб ветер претежно од североисточен правец. УВ=9 Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. Во Скопје до 41°C. До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево, многу […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2017 14:51
•
Posted by: MK News
На граничните премини на македонска страна има задржувања од 15 до 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ потсетува дека од 3-ти до 12 август 2017 на регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 км […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2017 14:43
•
Posted by: MK News
Лидерот на Достоинство и поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов, повторно ќе работи во Министерството за внатрешни работи (МВР). Информацијата ја објави тој на неговиот Фејсбук профил откако одлучил да го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски. За тоа, како што напиша, ги известил и раководството на партијата и врвот на коалицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вечерашната владина седница. Во општините каде што албанците се над 20% униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик, И покрај несогласувањата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 21:35
•
Posted by: MK News
Драган Спасов – Дац е новиот вршител на должност директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Тој доаѓа на местото на досегашниот прв човек на националниот театар Дејан Пројковски. Пројковски самиот си поднел оставка. Дац, кој целата кариера ја градеше во Драмски театар, лани стана член на ансамблот на МНТ. Тој ја играше насловната улога во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 21:22
•
Posted by: MK News
Активни се повеќе пожари во неколку плански региони во државата. Станува збор за северниот (скопски), тетовско-полошкиот, југозападниот и повардарскиот плански регион. Центарот за управување со кризи соопшти дека се уште е активен пожарот во атарот на селата Требовље и Растеш и во негово гаснење се ангажирани АРМ, два хеликоптери (интервенирале попладнето), месното население од селата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 21:16
•
Posted by: MK News
Поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, планинарски дом Чеплез, сите корисници на општина Чашка-Велес ќе останат без напојување подолг период- информираат од ЕВН Екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на санирање на 11 изгорени столбови и опрема кои се зафатени од огнената стихија, а помагаат и во гаснење на пожарот- информираат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 15:40
•
Posted by: MK News
Поминаа 26 години од распадот на Југославија, со кој настана и Република Македонија. Во текот на целото ова време, новонастанатата држава немаше официјално, меѓународно прифатено име, бидејќи Грција се спротиставува на името „Македонија”. Безмалку сите овие години, еден човек работеше да го реши проблемот, пишува Алекс Маршал од Би-Би-Си, кој објави разговор со посредникот на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека се именувани нови директори во следните јавни здравствени установи: Институт за трансфузиона медицина на РМ – д-р Кочо Димитровски Клиничка болница Битола – д-р Зоран Лазаров Општа болница Кавадарци – д-р Диме Коцев Општа болница Велес – д-р Димитар Стровјански Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – д-р Зоран Караџов Универзитетска […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои ќе бидат затекнати да се движат низ шума без соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ и од субјектите кои управуваат со заштитените подрчја ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денерска противредност, предупредуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Сè уште е на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 15:15
•
Posted by: MK News
Сите патници кои имаат летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“ на седми, осми и деветти август, треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа порано од времето на полетување. Како што информира ТАВ Македонија, ова е поради дополнителните безбедносни мерки кои ќе бидат применети на аеродромот по повод одржувањето на УЕФА Супер Куп натпреварот.
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 15:12
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со настаните во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка. – Апелацискиот суд Скопје на 04.08.2017 година донесе […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 14:32
•
Posted by: MK News
До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени, соопшти УХМР. Најтопло се очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2017 13:46
•
Posted by: MK News
Младиот Лука Божиновски кој вчера беше пријавен за исчезнат, по едно деноноќие барање е пронајден жив и здрав, информираат неговите пријатели и семејството. Лука Божиновски е 16 годишен тинејџер, британски државјанин, кој бил на гости кај своите роднини во Скопје. Лука последен пат бил виден завчера кога излегол од својот дом и се упатил во […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2017 16:45
•
Posted by: MK News
Исчезнат е 16 годишен тинејџер Лука Божиновски кој е британски државјанин, на гости кај своите роднини во Скопје. Лука последен пат е виден вчера кога излегол од својот дом во непознат правец и му се губи секоја трага. Има 16 години, висок е 180 сантиметри, тежок 65 килограми. Ги носи истите патики и бермуди како […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2017 14:50
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови. Со оглед на тоа што се прогнозира портокалова фаза, тие посетуваат на препораките на Министерството за здравство. По одржаниот состанок на Комисијата за топлотни бранови, се […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2017 14:09
•
Posted by: MK News
Завршил три факултети, а сега продава библии за да преживее. Ова е трагичната приказна на 55 годишниот Кире Бадаровски од скопски Бутел. Пред 8 години доживеал тешка сообраќајна несреќа кршејќи си ја клучната коска и главата. По влошената здравствена состојба бил приморан да ја напушти работата. Од тој момент, неговиот живот тргнал наопаку. Својата голгота […]
______________________________________________________________________________________________________