Воведена целосна забрана за движење во шуми


Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шуми без оглед на каква било намена, а ќе трае додека надлежните сметаат дека има потреба, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.

На терен на опожарените подрачја од утрово излезе и министерот Љупчо Николовски. Тој беше кај скопското село Моране од каде порача дека е неопходно граѓаните да останат присебни.

– Во овие моменти најважно е да се задржи присебноста и граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен. Ангажирани се Армијата на Република Македонија, ангажирани се хеликоптерите на АРМ, уште еден дојден е на помош од Република Бугарија, и уште еден од Република Турција. Имаме пожарникари на терен, вработени во државни институции и се работи да се локализираат сите пожари – изјави Николовски.

Тој посочи дека благодарение на претходната влада денеска надлежните служби работат во нестандардни услови, со стара нефункционална механизација. Сепак, истакна, сите даваат се од себе да се справат со состојбите.

– Сите ангажирани лица на терен, припадниците на Армијата, војниците, прават натчовечки напори за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на пожарите. Веќе ја зајакнавме комуникацијата на институциите во однос навремено информирање на граѓаните, а во наредниов период ќе се фокусираме и на зајакнување на одговорот – вели Николовски.

Министерот најави дека во иднина ќе се направат реформи во системот за одговор на кризи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1