Archive | Македонија RSS feed for this section

Царина: Ниту еден контејнер опасен отпад од Италија не стигнал во Македонија

Ниту еден контејнер со опасен отпад не е извезен од Италија и ниту една содржана тарифна ознака не се однесува на отпад, за кој при увоз, извоз и транзит постои посебен режим, информира денеска Царинската управа на Република Македонија. Од Царината потсетуваат дека согласно Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за сопственикот на кучињата од Бачишта кои усмртија дете

Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од кичевското село Бачишта, чии овчарски кучиња минатата недела нападнаа четиригодишно дете. Како што соопшти МВР, пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“. Немилиот настан се случи на 16 март кога Ш.В. ги пушти […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири годишното дете од Неготино искасано од комшиско куче

СВР Велес соопшти дека четиригодишното дете каснато од куче денеска во осум часот во Неготино, претходно си играло пред куќата на дедо му и баба му во месноста викана „Калдрма”, непосредно до винарската визба „Повардарие“. – Одеднаш играјќи си, влегло во дворот на соседот Б.Ѓ. и било нападнато од едното од двете врзани кучиња, при […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи: Талат Џафери, кандидат за претседател на Собранието

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи потврди дека по внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, било одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. – Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката […]

______________________________________________________________________________________________________

Илија Димовски е избран за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ќе биде претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова беше договорено на денешната координација во Собранието по тридневни консултации. Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири нови истраги на СЈО – „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“

Специјалното јавно обвинителство објави четири нови истражни случаи под кодни имиња „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“. Станува збор за случаи за кои постои основано сомневање за сторен финански криминал со кои Буџетот на Република Македонија е оштетен за сметка на правни и физички лица. Истрагите ги соопшти обвинителката Фатиме Фетаи. Истрагата со кодно име „Табла“ […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Република Илирида јавно му се заблагодари на Хан и поддршката

На твитер профилот Илирида вечерва осамна пораката Thank you for your support, common land, што во буквален превод значи Ви благодариме за вашата поддршка, заедничка земја. Твитер профилот на Илирида со пораката им се заблагодарува на Хан и неговиот придружник Куриакош кои вчера беа во посета на Скопје и имаа средби со четирите политички партии. […]

______________________________________________________________________________________________________

Медиумите и спуштија камери на Катица Јанева во знак на револт заради притисоците и ограничувањето на слободата на говор

Поради притисокот од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), медиумите кои не се под контрола на СДСМ денеска во знак на револт го спуштија камерите на почетокот од прес-конференцијата. Во знак на револт заради притисоците и ограничувањето на слободата на говор, медиумите и спуштија камери на Катица Јанева. Новинарите протестираат против репресијата и притисоците од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарството не е криминал!

Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми. Целта на поведената истрага и неоснованото барање за притвор против сопственикот на ТВ Нова е обид за финансиска блокада на медиумот преку која […]

______________________________________________________________________________________________________

УСАИД прв донатор на Сорос во Македонија

Последниве неколку месеци, Соросовата Фондација „Отворено општество Македонија – ФООМ“ и невладините организации под нивниот чадор силно негодуваат и леат крокодилски солзи, како да ги удрила страшна несреќа. Им се жалат на претставници на странски држави, организации и амбасадори. Се жалат насекаде и ги напаѓаат државните институции и власта, која вршела притисок врз нивната работа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Луна Паркот во Скопје ќе се гради на постојаната површина- еве ги деталите

Градот Скопје ги негира наводите наведени во одредени натписи во врска со изградбата на новиот Луна Парк, каде се тврди дека за изградбата на истиот ќе се уништат над 59.000 метри квадратни. Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор на невистинита информација и дека Луна Паркот ќе се протега на истата површина како и […]

______________________________________________________________________________________________________

Еврокомесарот пречекан со транспарент: „Господине Хан, казино правило број 1, домаќинот секогаш победува!“

„Господине Хан, казино правило број 1, домаќинот секогаш победува“. Транспарент со ваква порака насочен кон еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, можеше да се забележи денеска на влезот од Скопје при неговото пристигнување. Ваквата порака до еврокомесарот доаѓа откако неодамна повеќе медиуми објавија дека Хан бил дел од надзорниот одбор во моќната компанија […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан ја прими пораката- да запре политичкиот прогон на новинари, медиуми и сопствениците

Еврокомесарот Јоханес Хан со игнорантски однос кон медиумските асоцијации пред почетокот на неговата политичка агенда и средбите со лидерите на партиите за разрешница на политичката криза. Македонската асоцијација на новинари МАН, Независниот синдикат на новинари на Македонија НСНМ и Независниот совет за етика НЗС, на Хан пред канцеларијата на ЕУ во Скопје му предадоа извештај […]

______________________________________________________________________________________________________

Телевизија Нова бара средба со Хан

Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми. Уредничкиот тим на телевизијата во моментов се наоѓа пред ЕУ Инфо центарот каде ќе предадат официјално барање за средба со еврокомесарот Хан. -Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан ги почна средбите со политичките лидери

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево во Собранието на Македонија ја почнаа серијата средби со лидерите на политичките партии. Првата средба Хан и европратениците е со претседателот на Беса Билал Касами по што треба да имаат одделни разговори и со лидерите на Алијансата […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов го отстапи терминот на граѓаните за средба со Хан – наиде на голема поддршка кај народот

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја откажа средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. Тој изјави дека неговиот став нема да се промени, а дека терминот за средбата со Хан го отстапува на преставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Еврокомесарот претходно објави дека нема да оствари средба со преставниците на граѓанската иницијатива, а од кабинетот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кучињата што усмртија 4 годишно дете не биле вакцинирани

Агенцијата за храна и ветеринарство поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта, врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво, а по добиената информација дека кучињата нападнале четиригодишно дете од ова село. „Веднаш се преземени сите мерки пропишани со ветеринарната легислатива, извршен […]

______________________________________________________________________________________________________

Општина Центар ја стопира изградбата на улица на кејот на Вардар

Со 12 гласа „за“, Советот на Општина Центар ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар, објави А1он. Сопствениците на објектите на кејот со аплауз ја поздравија одлуката да се стопира градбата на улица на чие место ќе бидат поставени зеленило, клупи и чешми. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставија на одлуката […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1