Archive | Македонија RSS feed for this section

Вонредна временска прогноза од УХМР

Од среда нѐ чека временски пресврт. Имено, в среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд, некаде и со умерен интензитет. Локално и особено на запад ќе наврнат […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев денеска нема да го добие мандатот од Иванов

Лидерот на СДСМ денеска нема да го добие мандатот од Претседателот Иванов, дознава Press24 од свои извори. Според информациите, делегација на СДСМ денеска во 14 часот ќе достави доказ за обезбедено мнозинство до Кабинетот на Иванов. Од таму ја потврдуваат ова информација но не откриваат кога Претседателот ќе ја донесе својата одлука. Она што може […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворена понуда од Груевски до Заев: Суди го раководството, ВМРО ќе ти ја поддржи Владата, само откажи се од албанската платформа!

Ќе поддржиме малцинска влада, доколку СДСМ се откаже од Законот за јазици, платформата и редефинирањето и урнисувањето на државата, му порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев. -Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Прифаќам да ме уапсат, затворат и малтретираат- Заев нека удри по мене, само нека ја остави државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му нуди на лидерот на СДСМ Зоран Заев малцинска влада и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ доколку се откаже од платформата на албанските партии и уривање на националните интереси. -Му порачувам на Заев и му давам јасна понуда, доколку по секоја цена е решен да стане премиер и доколку цената треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е празник на проштевањето и очистувањето од гревовите

Денеска е Преподобен Мартинијан (Велики Поклади – Прочка). Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев договорил Србите да бидат обвинети за геноцид

Дел од коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ бил и донесување на одлука со која ќе се прогласи сторен геноцид врз Албанците во Македонија, кој наводно се направил помеѓу двете светски војни. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кога ова го образложувал пред присутните членови на Централниот одбор на партијата, истовремено напоменал дека тоа не е […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандалозно: Еве ги работите кои Заев и СДСМ ги прифатиле

На седницата на Централниот одбор, лидерот на СДСМ Зоран Заев им ги соопштил дел од работите кои биле договорени со ДУИ. Освен за работите за кои веќе се знае во јавноста дека се прифатени, Заев и СДСМ постигнале договор за широка употреба на Законот за јазици, со кој практично ќе се официјализира албанскиот јазик, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчева: Ми се јави син ми од странство и ме праша-Мамо вистина ли сте ја продале Македонија?

Син ми вознемирен ми се јави пред 2 минути од странство и ме прашува: Мамо вистина сте ја продале Македонија? пишува во својот статус на Фејсбук пратеничката Солза Грчева. Таа додава и дека „Тука сите весници пишуваат за тоа, кажи кога се протестите да купам веднаш карта. Што да му кажам…Тажно, пишуваа таа во нејзиниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Илир Кула: Заев е во состојба да направи сунет за да ги излаже Албанците

Истакнатиот албански аналитичар и експерт за меѓународна политика Илир Кула на крајот од една негова колумна ја критикува ДУИ, откако партијата на Али Ахмети ги даде мандатите за формирање на влада со губитникот на изборите. -Доколку Заев не станеше премиер, Заев ќе беше политички мртов и ќе беше избркан од својата партија. Парадоксално, Заев ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбележување на 13-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР со нова прогноза: Доаѓа студен бран од север и пад на температурата

Утре времето ќе биде претежно облачно и малку постудено со кратки сончеви периоди, а во крајниот југоисточен дел од земјава ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд. Потоа до вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на температурата на воздухот. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно […]

______________________________________________________________________________________________________

Пресуда за педофилот од Велес: Седум години затвор за силување дете (10)

Елвдини Зумберов (19) од село Мелница во близина на Велес е осуден на седум години затвор поради педофилија. Казната вчера ја изрече судија од основниот суд во Велес, а Зумберов го призна делото. Монструозниот чин се случи на 27.јули минатата година околу 19 часот. Зумберов таа вечер го пресретнал десетгодишното дете кое од селската продавница […]

______________________________________________________________________________________________________

Ачковска: Стравуваме дека ја губиме државата дел по дел

Многу депресивно ми изгледа целата ситуација. Последните преговори коишто се случуваа сега се врв на едно многу подалечно сценарио. Значи, сега имаме ние круна на едно сценарио кое е многу одделно. Веднаш кога започнаа бомбите и целата таа дестабилизација на државата, сето тоа беше еден сојуз кој беше насочен не против владата на ВМРО, туку […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ му ги даде потписите на СДСМ- за коалиција допрва ќе се носела одлука

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ, а за коалиција допрва ќе преговара, изјави вчера портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Османи по десетчасовната средба на централното претседателство, изјави дека ДУИ ќе ги даде 10-те пратенички потписи на Зоран Заев, но само за да ги запазат роковите и за да не се губи премногу време. […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Се појавија двојазичните банкноти- Заев прифати албанскиот јазик да го има на парите

На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од тоа како би изгледале двојазичните банкноти откако лидерот на СДСМ Зоран Заев прифати на македонските пари да стои и албанскиот јазик. На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од тоа како би изгледале двојазичните банкноти откако лидерот на СДСМ Зоран Заев прифати на македонските пари да стои […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира- свикани итни состаноци на сите општински комитети во цела Македонија

ВМРО-ДПМНЕ свикува итни седници на Општинските Комитети на партијата во цела Македонија, објавува порталот Јавно.мк. Ова следува по информациите за обидот на СДСМ и ДУИ за редефинирање на Македонија, спротивно на волјата на мнозинството Македонци. Редакцијата на ЈАВНО.МК објави порака со известување која според нивниот извор во четврток попладне е пратена како насока до сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата на нозе, исчезна две годишно девојче во кичевско

Интензивна потрага врши полицијата по две годишно девојче кое вчера излезнало во кичевско. Малото девојче заедно со вујкото (32) и шест годишната сестра се шетале околу 13:45 часот по локалниот пат од селото Кленоец кон Извор. На местото викано Јарбол вујкото забележал дека девојчето го нема. Двајцата се вратиле и во куќата во Кленоец каде […]

______________________________________________________________________________________________________

СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Викендот пад на температурата за 9 степени

Дожд на пониските и снег на повисоките делови од земјава не очекува утре, за кога метеоролозите најавуваат и пад на температурата за осум до девет степени. Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и постуден бран кој ќе предизвика врнежи од дожд, а на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1