Archive | Македонија RSS feed for this section

ХОПС: Осумгодишно дете најмлад корисник на дрога во Македонија

Министерствата за труд и социјална политика, за здравство, образование и наука и за правда, преку меѓусебна соработка и вклучување на останатите засегнати страни, да заземат координиран пристап кон потребите на децата и младите во ризик во Македонија кој ќе резултира со сеопфатни услуги и отчетност за спроведувањето на зацртаните политики. Ова го истакнаа од Здружението […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ- Од 1 февруари новите електронски билети само со две возења

Од први февруари сегашните електронски билети од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена, но ќе имаат две возења. Ова е новата промена на ЈСП и доаѓа по големата побарувачка на електронските картички, поради тоа што граѓаните по искористувањето на 5-те возења ја фрлале картичката место да ја надополнуваат. Она […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес повторно снег – викендов сонце

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе биде од нула до три степени. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Жолтата лента е строго за автобуси!

Во развојниот план за јавен превоз на патници за периодот од 2017 до 2019 година Град Скопје, меѓу другото, предвидува повторно актуализирање и почитување на сообраќајните ленти наменети за јавниот превоз, таканаречени жолти ленти, со можност за нивно физичко одвојување со помош на делинеатори. – Одвојувањето на сообраќајната лента е направено со помош на жолта […]

______________________________________________________________________________________________________

Промоција на нова инструментална песна за роденденот на Тоше

Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна утре во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка […]

______________________________________________________________________________________________________

Набилдани цени па попуст? – Пазарната инспекција ги проверува попустите во продавниците

Производи на попуст во продавниците има, но тешко може да се забележат. Поради овој недостаток четворица трговци се опоменати од пазарниот инспекторат. Имаат рок од осум дена прозиводите на распродажба да ги издвојат и постават на одвоено место од оние со редовни цени, во спротивно ќе бидат казнети и тоа со глоба од 700 евра […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајмунчето Дино починало на операција

Мајмунчето Дино, помалото братче на Лука, починало на операција, соопштија денеска од Зоолошката градина во Скопје. „На 18 декември при меѓусебен конфликт на два мајмуна од видот павијан, едниот од павијаните, познат во јавноста како Дино, како резултат на конфликтот се здоби со тешка повреда на предната нога. Веднаш беше упатен на Факултетот за ветеринарна […]

______________________________________________________________________________________________________

Течат роковите за формирање на новата влада

Седум дена до формирање на новата Влада. Мандатарот Никола Груевски има рок до недела да обезбеди мнозинство во Собранието. Официјално, тој досега имаше само една средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети по која следеше само штуро соопштение без детали за што се разговарало. И денеска од ВМРО ДПМНЕ без многу коментари. Премерот Емил Димитриев […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина мајмунчето Дино од Зоо Скопје

Зоолошката градина Скопје информира дека на почина мајмунот познат во јавноста како Дино. На 18 декември при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните познат во јавноста како Дино како резултат на конфликтот се здоби со тешка повреда на предната нога. Истиот веднаш беше упатен на Факултетот за Ветеринарна медицина при […]

______________________________________________________________________________________________________

„Стоп Операција Сорос“ бара реакција од новата администрација на Трамп

Иницијативниот одбор на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ ги информираше граѓаните дека овие денови ќе побараат одговор од Американската амбасада и од мисијата Усаид во Македонија, на кој начин соработуваат и ја финансираат фондацијата на отворено општество во Македонија. -Станува збор за пари кои преку разни програми овие две институции ги даваат на фоднацијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР предупредува – доаѓа ново невреме и студ

Врнежи од снег со слаб интензитет најави за ноќеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот. Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поевтинуваат за половина до еден денар

Малопродажните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ се намалуваат од половина до еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на Еуродизелот ќе изнесува 52,5 денари и на Екстра лесното 41 денар. Кај овие горива […]

______________________________________________________________________________________________________

Фирмите треба да издадат пресметки за персонален данок до среда

Најдоцна до 25. јануари фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година. Управата за јавни приходи вчера соопшти дека доколку компаниите до 25 јануари не ги издадат овие збирни пресметки за вработените предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Од утре нов снежен бран

До крајот на денот утре времето ќе биде стабилно кон исток со сончеви периоди, а облачноста ќе се зголемува. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Минималните температури ќе бидат од -7 до -1, а максималните од -1 до 5 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните […]

______________________________________________________________________________________________________

Норвешка пресилна за Македонија

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на 25-то Светско првенство со поразот од Норвешка 24:34 (12:14). Реновираниот тим на Лино Червар, на Мундијалот во Франција, ја исполни целта со пласманот во осминафиналето и само потврди дека овој тим има иднина. Македонија во првиот осминафинален меч на СП, против фаворизираната Норвешка, одигра одлично првото полувреме, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Се уште има чесни луѓе: Полни паричници, велосипеди, моторцикли на сајтот изгубено/најдено на МВР

Празни и полни паричници, велосипеди, моторцикли, акумулатори, регистерски таблички и какви уште не загубени, па најдени предмети има во полициските станици ширум Македонија. Министерството за внатрешни работи на посебен портал изгубено/најдено дава можност граѓаните кои ги загубиле предметите да ги подигнат се разбира доколку докажат дека се нивна сопственост. Порталот посетете го ОВДЕ.

______________________________________________________________________________________________________

Најпотрошувани лекови во 2016 година – Диазепам, Еналаприл и Метформин

Enalapril – лек за покачен крвен притисок, кој бил подигнат од 176.321 осигуреник или 9,5% од осигурениците на ФЗОМ, Metformin – лек за дијабет , за 91.471 осигуреник или 4,9% осигуреници и Diazepam – лек за нервен систем, за 216.024 осигуреници што претставува 11,7% од вкупниот просечн број на осигуреници на Фондот, се трите напотрошувани […]

______________________________________________________________________________________________________

„Стоп Операција Сорос“: дали Сорос ја финансирала злоупотребата на безбедносниот систем во Македонија?

Фондацијата на Џорџ Сорос во Р. Македонија не е граѓанска организација, велат од здружението Стоп Операција Сорос. Иницијативата „Стоп операција Сорос“ бара од Фондацијата Институт отворено општество Македонија да им објасни на граѓаните што точно подразбира нивната идеја за отворено општество и кои се промените што сакаат да ги реализираат во Македонија. Тој напомена дека […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1