18/01/2017 16:16
•
Posted by: MK News
Во четврток православните ќе го празнуваат празникот Богојавление (Водици). Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 15:24
•
Posted by: MK News
Православните верници утре го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 15:19
•
Posted by: MK News
Како и што се очекуваше, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според СЈО, поднесокот денеска ќе биде доставен до Кривичниот суд. Катица Јанева и СЈО откако претходно го […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 21:19
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-НП, поранешeн премиер на Република Македонија, првиот претседател и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски денес го слави 51-от роденден. Љубчо Георгиевски е роден во Штип 1966 година. Тој е истакната македонска политичка фигура особено во периодот од 1991 година, кога на свои 25 години, според многумина, бил еден од ретките политичари […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 20:55
•
Posted by: MK News
Облачно со локални врнежи од снег, а на југоисток со врнежи од дожд. На места во западните и јужните делови врнежите се со умерен интензитет. На североистокот од земјава дува умерен северен ветер. ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА Облачно со повремени врнежи од снег, а на југоисток со повремени врнежи од дожд и снег. Врнежите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 20:52
•
Posted by: MK News
До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и релативно студена воздушна маса што ќе услови облачно време со врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег. Од УХМР најавуваат дека во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 20:46
•
Posted by: MK News
На патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планинскиот превој Плетвар од 18:30 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“. На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на коловозите. Врнежи од слаб снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:34
•
Posted by: MK News
Управата за јавни проходи ги потсетува граѓаните дека имаат обврска за задолжително поднесување годишна даночна пријава (образец ПДДГДП) најдоцна до 15 ти Март 2017 година, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и дополнителни приходи од: кирии (издавање на имот закуп или подзакуп); […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:26
•
Posted by: MK News
Сообраќајната полиција при СВР Скопје по повод големиот христијански празник Водици задутре ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров, информира МВР. Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:23
•
Posted by: MK News
Благ пад на цените на недвижностите пред се поради зголемената градежна активност, а значително намалената побарувачка на станови, очекува Агенцијата за катастар на недвижности во наредниот период доколку условите на пазарот останат исти подолг временски период. Моментно на пазарот на недвижности слободни за продажба се околу 11.000 станови, од кои 2.800 изградени. Во третиот квартал […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:14
•
Posted by: MK News
Водени од максимата „Не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“, со Иницијативен одбор е формирано граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“. Во наредниот период преку ова граѓанско движење ќе се иницира и ќе се даде придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија. Изминативе години, вели еден од основачите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:09
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движни и недвижни ствари. Се продаваат автомобили од марките „мерцедес“, „ситроен“, „форд“, ФИАТ… На листата на работи за продажба се и стан, гаража, компјутери, принтери, томографи и фритези. Аукцијата е закажана за 25 јануари годинава. За работите кои се предмет на електронска јавна аукција, според информацијата од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 11:05
•
Posted by: MK News
Времето денес ќе биде облачно со повремени снежни врнежи, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 5 степени. Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2017 19:40
•
Posted by: MK News
Клиниката за токсикологија како и во поголем број здравствени установи има постојано потреба од нов кадар и од доктори, сестри и од болничари, посочи денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Тодоров денеска беше во посета на Клиниката каде што беа набавени и нови апарати, а било разговарано и за потребата од нов кадар. – Иако […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2017 19:38
•
Posted by: MK News
Наместо на 4 години, вакцината ди-те-пер децата ќе примаат на 6 години, со што ќе имаат една вакцина помалку. Станува збор за ревакцинација ди-те-пер, ако ја примаа на 4 години а со нови измени ќе ја примаат на 6 години. Др. Јованка Костовска објаснува дека вакцината не е укината туку измената е како резултат на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2017 19:31
•
Posted by: MK News
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го постигна првиот гол за „црвено-жолтите“ на вечерашниот дуел со Словенија што воедно беше негов 1.000-ти во националниот дрес. Според официјалните податоци, Лазаров во пресрет на Светското првенство во Франција имаше 977 голови за Македонија. На првите две средби (Тунис и Ангола), придодаде 22 (12+10), па со денешниот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2017 13:51
•
Posted by: MK News
Да не се паркираат автомобилите на средина на сервисните улици и јавните паркиралишта во општина Аеродром, за да можат непречено да минуваат камионите, со кои се фрла сол и се чисти снегот, апелираат од општината. Зимската служба на општина Аеродром интензивно работи на расчистување на улиците, паркинг- улиците и патеките од новите наноси на снег.
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2017 12:57
•
Posted by: MK News
Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје засега се одвива без поголеми застои. Според веб страницата на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, а одложено е и пристигнувањето на летот од Виена. Утрово не е реализиран и планираниот лет Скопје – Загреб. Преостанатите предвидени денешни летови се очекува да се реализираан според утврдениот ред на […]
______________________________________________________________________________________________________