12/12/2016 02:01
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ Зоран Заев прогласи победа со еден мандат повеќе. Лидерот на СДСМ пред владата соопшти дека коалицијата на СДСМ победила со еден мандат повеќе од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. – Македонија отвара нова страница. Во моментов опозицијата предводена од СДСМ и граѓаните има еден мандат повеќе од ВМРО ДПМНЕ – рече Заев.
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2016 01:59
•
Posted by: MK News
МОСТ заклучува дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати, изјави Дарко Алексов од МОСТ. „Ова е за првпат да се случи во РМ, а МОСТ е премногу […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 23:52
•
Posted by: MK News
Пред Владата СДСМ слави изборната победа. Пред Владата се собираат симпатизери на опозицијата. Пристигна и Стево Пендаровски, носителот на изборната листа на СДСМ во првата единица каде што опозицијата понесе убедлива победа. Него граѓаните го кренаа на раце. Пред владата се мести бина. Се очекува пред насобраните граѓани да се обрати и лидерот на СДСМ, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 23:09
•
Posted by: MK News
Според податоците објавени од ДИК, СДСМ победува во Скопје. Од досега пребројаните гласови ВМРО-ДПМНЕ има 26.750, а СДСМ освоил 30.627 гласови во Скопје. Претходно СДСМ објави дека во Скопје освоил 10 мандати, наспроти 8 за ВМРО-ДПМНЕ.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 23:08
•
Posted by: MK News
Јасно е кој е победник! ДПМНЕ не собира сила ни за прес конференција! #ЖивототПобедува Ова го напиша Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 23:07
•
Posted by: MK News
Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри вечерва денес на 11 декември се случи 10-тата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0. Семафорот покажува разлика, покажува победа.Нашиот народ повторно победи, Македонија се спротивстави на црните сценарија. Победивме Македонија секоја победа е драгоцена, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Република Македонија, сите сте свесни дека на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 21:32
•
Posted by: MK News
Според првичните резултати од обработени 126.915 гласачи, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 5% пред коалицијата на СДСМ. Одзивот на гласачите, според досега обработените податоци, е 64%.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 20:07
•
Posted by: MK News
Како што имавме мирна кампања, да помине мирно и овој ден. Вечер, по терк на сите демократски стандарди да политичките субјекти да ги признаат изборните резултати, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети по гласањето на избиричкото место во Зајас. – Овие избори се многу битни за имиџот на државата, но и за натамошните демократски […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 19:45
•
Posted by: MK News
Денеска е денот кога сите граѓани ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа, и какви политики ќе се водат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата За подобра Македонија, откако го оствари […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 19:43
•
Posted by: MK News
Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера, да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, порача денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски откако гласаше на избирачкото место во ООУ „Димо Хаџи Димов“. -Нека победи демократијата. Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 19:41
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев гласаше во Струмица, по што рече дека ова е историски ден за граѓаните на која што се бира за живот, за иднина на нашата држава. -Ова денес е ден на кој се бира за напредна, слободна и единствена Македонија. Прв чекор кон тоа е слободно изразена волја на граѓаните на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 19:40
•
Posted by: MK News
Денес Македонија докажа дека е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ им честита на граѓаните и го поздравува нивниот избор, истакна на првата прес-конференција по завршувањето на изборите директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски. -Граѓаните мирно и достоинствено масовно излегоа да гласаат и покажаа дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 18:29
•
Posted by: MK News
Излезноста на гласачите до 17 часот од 60,38 отсто на овие избори е најголема во последните три изборни циклуси.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 18:26
•
Posted by: MK News
Гласањето на предвремените парламентарни избори во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово до 17 часот се одвиваа во фер и демократска атмосфера, со голема излезност на граѓаните на избирачките места. Претседателка на ОИК-Гевгелија Гордана Поп-Кочева соопшти дека до 17 часот гласале 14.016 од запишаните 19.363 гласачи, односно дека излезноста на гевгеличани изнесува 72,39 отсто. Еден […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 18:25
•
Posted by: MK News
Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 проценти, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ. Според нив, гласањето почна навреме. Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места и засега изборите течат без проблеми, со исклучок на 30-минутниот прекин на едно […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 18:24
•
Posted by: MK News
Кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска (73) починала во болница, вели за „Фокус“ нејзината менаџерка Весна Ѓорѓиевска. Есма подолг период имала проблеми со шеќерот, но редовно одела на контроли, така што никој не очекувал дека може да се случи најлошото. „Вчера нагло ѝ се влоши состојбата и таа почина во болница. Сè почна со проблемите […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 15:30
•
Posted by: MK News
Од отворањето на гласачките места до 13 часот нема поголеми инциденти, но регистрирани се низа помали прекршоци во кои соодветно е реагирано. Опожарени и оштетени возила, фотографирање на гласачки ливчиња, телефонски агитирања, но и обиди за поткуп за гласачи, го одбележаа изборниот ден и денот на изборниот молк. Директорот на Бирото за Јавна Безбедност Митко […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 14:57
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорѓе Иванов, го оствари своето право на глас и гласаше во гимназијата „Јосип Броз Тито“ на избирачко место 2859.Беше придружуван од своето семејство, кое исто така го оствари своето право на глас.
______________________________________________________________________________________________________