09/12/2016 22:43
•
Posted by: MK News
Малиот Чаласан, компјутерски гениј, како што го нарекуваа уште во времето кога имаше едвај осум години, Марко Чаласан, денес ја изгуби својата мајка, Радица, која што беше воедно и негов ПР менаџер, објави Фокус. Марко, кој што денес има 16 години беше најмладиот системски инженер на светот, а неговата мајка секогаш му беше најголема поддршка. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 13:02
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги повика граѓаните на 11 декември да излезат и да го остварат правото на глас и да ја исполнат граѓанската должност. „Повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:58
•
Posted by: MK News
Партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска ја завршуваат изборната кампања со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Крушево и Прилеп, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинг во скопската општина Гази Баба. Коалицијата за промени и правда […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:56
•
Posted by: MK News
Нови 3 странски компании ќе инвестираат во земјава. Инвестициите ќе отворат околу 500 работни места најави Груевски на социјалните мрежи. Индиската компанија Малхотра за производство на кабли и сурови материјали за автомобилската индустрија, ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик . За почеток ќе вработи 100 лица со понатамошни планови за проширување. Како што информира […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:54
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје слично време, претежно сончево, кон крајот на денот со мала до […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:44
•
Posted by: MK News
Православните верници денес го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2016 16:35
•
Posted by: MK News
Мајката на убиениот велешанец Тоше Коцев, пред соседите посведочила што се случувало кога нејзиниот син беше застрелан во својот дом кај Којник. Како сторител на убиството се товари неговиот пријател Б.Ш. ( 31 год).Инаку, мајката на убиениот е неподвижна жена која не може да се движи и да се храни без помош. Соседите ја посетиле […]
______________________________________________________________________________________________________
08/12/2016 16:09
•
Posted by: MK News
Американската амбасада во Скопје ги предупреди своите државјани во Македонија да избегнуваат масовни собири на 11 декември, денот на изборите, бидејќи се можни немири, но оттаму велат дека тоа е стандардна процедура што се применува насекаде низ светот. Нема имнформација дали Американската амбасада има некои информации дека нешто се подготвува во недела и зошто е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2016 18:37
•
Posted by: MK News
Во Македонија почнува изградбата на најсовремена фабрика за оружје, муниција и опрема. Американската Броудстоун Дифенс денеска и официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари во месноста Барбарос, кај Македонски Брод, каде на 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање. Реализацијата на проектот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2016 12:51
•
Posted by: MK News
Речиси 300 лица со овчи сипаници се регистрирани за два месеца во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Како што информираше денеска Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, меѓу овие 300 лица не се оние кои заболеле во Кавадарци и Росоман и се лекуваат во домашни услови. – Во октомври се евидентирани 140, а во ноември 138 пациенти […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2016 12:26
•
Posted by: MK News
Обврската за исплаќање регрес беше воведена во 2014-та година, а со неа се опфатени околу 300 илјади вработени во приватниот сектор. Од ССМ ги охрабруваат работниците, на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор, да се обратат до Државниот инспекторат за труд или да покренат судска постапка против компанијата. Според законот, за […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2016 12:20
•
Posted by: MK News
Остварливи се 63 пратеници, по моја проценка вели Драган Павловиќ Латас во гостувањето кај Јанко Илковски -По моја проценка може. Јас сум грешел можеби 1-2 пратеника горе-доле до сега но сум земал податоци од легалниве агенции. Тоа не е моја анализа. ВМРО без посебен македонски отпор кон плановите на Зоран Заев може да освои помеѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2016 14:56
•
Posted by: MK News
Апел за помош на 17 годишниот Антонио Антониевски од Градско. Антонио е роден со нефрокалциноза и тубуларна ацидоза, хронична бубрежна болест (бубрези кои не се развиваат добро и не растат со текот на времето). Сега се наоѓа на дијализа секој втор ден и итно му е потребна трансплантација на бубрег за кој се потребни од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2016 14:47
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека синоќа од Американската амбасада во Скопје било пријавено дека има сомнително возило на паркингот на Амбасадата. Како што информираа од МВР за МИА, нивна екипа веднаш е пратена на терен при што е направена проверка на возилото, но не е најдено ништо сомнително. Возилото, како што велат од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2016 14:42
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, Никола Груевски, убедливо води пред неговиот противкандидат во истата изборна единица и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Ова го покажува вториот дел од анкетата на Институтот Павел Шатев. Резултатите покажуваат дека во четвртата изборна единица, Груевски би добил 36,1 отсто од гласовите, а […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2016 23:07
•
Posted by: MK News
Пожар избувна вечерва во фабриката за пелети во близина на Кванташки пазаr, пренесува Курир. Од МВР за Курир ја потврдуваат информацијата истакнувајќи дека околу 20:20 часот добиле пријава за пожар на улицата „Вера Радосављевиќ“, поточно во фабриката на пелети „Вертиго Дизајн“. Пожарот кој избувнал од засега непознати причини, бил локализиран и изгаснат од 5 против […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2016 23:06
•
Posted by: MK News
Пукање пред штабот на СДСМ во струмичко. Според информациите кои ги објави Телма, полициски службеници дошле да приведат едно лице кое се сомничело за одредено кривично дело. Но граѓаните кои биле на местото не дозволиле лицето да биде приведено и го внеле во штабот на СДСМ. Во турканицата биле нападнати двајца полициски службеници кои со […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2016 20:30
•
Posted by: MK News
Еден стар и изнемоштен човек отишол во мобилара и прашал што е со неговиот телефон, зошто никако не работи ниту ѕвони? Момчето кое се занимава со поправка на такви уреди, го прегледал неговот телефон, проверил и се покажало дека со телефонот на старецот е се во ред. „Господине, со вашиот телефон е се во најдобар […]
______________________________________________________________________________________________________