Archive | Македонија RSS feed for this section

Врзани на столб и разнесени – убијците се уште непознати – 15 години од ужасот во мотел Бриони

Денеска се одбележа петнаесетгодишнината од грозоморното убиство на Боге Илиевски и на Светислав Трпковски од Челопек. Двајцата вработени во мотелот „Бриони“ беа свирепо убиени на денешен ден, додека дежураа на ноќната смена во мотелот. Беа врзани за еден од столбовите на објектот и со експлозив разнесени во воздух. Петнаесетгодишнината се одбележа со помен парастос на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор

Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор. „Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода! Ја одлежа ” машки” политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И главата горе. Твоето време допрва доаѓа“ – напиша на својот фејсбук профил, Сефер […]

______________________________________________________________________________________________________

Четворица загинати во авионска несреќа на Голема Богодица во 2008 година

Авион од типот „цесна 172“, сопственост на аероклубот „Скопје-ер“, на 29 август 2008 година се урна кај местото Скребатно, во непосредна близина на Охрид. Во трагедијата во која, според очевидци, авионот удрил во земјата под прав агол, загинаа четворица. Тие натаму објаснуваат дека „цесната“ удрила во автомобил „застава 750“ во која имало 13-годишно девојче, кое […]

______________________________________________________________________________________________________

Големи несреќи во Македонија за Богородица – На поврдените од Берово им се јавува црвенило во форма на орев?!

Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден од најголемите празници: Значењето на Успение на Пресвета Богородица

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгубивте пасош во странство – еве што треба да направите

Доколку се најдете во ситуација да сте во странство и да го изгубите или оштетите пасошот, советите кои ќе ги прочитате во продолжение ќе ви помогнат и укажат на тоа што треба да направите. Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во […]

______________________________________________________________________________________________________

500 евра казна и одземање на возилото – немојте да го правите овој прекршок!

Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајно ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините. На барање на руралните средини со измените на […]

______________________________________________________________________________________________________

Маслото од канабис од понеделник во продажба

Во аптеките од понеделник во продажба, ќе се најде и медицинското маслото од канабис во концентрации со тераписко дејство. Станува збор за препаратот „каноил канц“, маслени екстракти, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол ) и се наменети за пациенти со малигни заболувања. Едниот препарат содржи […]

______________________________________________________________________________________________________

Приватните автобуси ќе возат за 25 денари до Нова година

Градот Скопје повторно го одложи почетокот на интегрираната електронска наплата на возни билети во јавниот градски превоз. По барање на приватните автобуски превозници, градскиот совет одлучи електронската наплата за превозниците од „Макекпрес“ и „Слобода превоз“ да важи од 1 јануари 2017 година. За разлика од нив, ЈСП-Скопје од 1 септември годинава целосно ќе ги укине […]

______________________________________________________________________________________________________

Се зголемува бројот на блокирани сметки

Бројот на фирми и граѓани со блокирани сметки достигнал 120.533 – од нив 77.035 се физички лица, а 43.498 се правни лица, покажуваат најновите податоци на Народната банка кои се однесуваат на март годинава. Вкупниот број на блокирани сметки за една година се зголемил за 3240 трансакциски сметки.

______________________________________________________________________________________________________

Иванов на покана на Ердоган, денеска во Турција

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Предвидено е Иванов во Истанбул да оствари средба со Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.

______________________________________________________________________________________________________

Сакате да бидете градоначалник: ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за локалните избори 2017

Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ денес преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември. Повикот се однесува на сите 84 општини во државата. Во истиот е наведено […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Преподобен Максим Исповедник

Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите. Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Схимарис, каде што се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се […]

______________________________________________________________________________________________________

Првпат во 20 години – Месојадно растение пронајдено во Преспанско Езеро

Ретко месојадно растение било најдено во Преспанско Езеро за време на редовна набљудувачка сесија, соопштила Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), пишува Екологист.мк Станува збор за водно растение со латинско име Aldrovanda vesiculosa, кое од Меѓународната унија го нарекуваат и растение воденица (waterwheel plant) поради неговата форма. Ова е првпат по 20 години ваков […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатни геодетски елаборати за граѓаните во поплавените подрачја

Владата на Република Македонија во пакет мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување на бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект и ја задолжи Агенцијата за катастар на недвижности во рок од 7 дена да изготви Акционен план за спроведување на оваа мерка. […]

______________________________________________________________________________________________________

Намален бројот на родени, умрени и венчани

Во второто тримесечје од 2016 година во Македонија се евидентирани 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалу од истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.maticn Намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња. Природниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Милениумскиот крст удриле над 100 грома за време на невремето

Милениумскиот крст прифатил над 100 громови во текот на невремето. Громобранската заштита на крстот е дизајнирана така што може да прими од 2 до 3.000 удари од гром, истакнуваат од ЈСП Скопје, кои стопанисуваат со Милениумскиот крст. Громобраните на крстот од удари на гром го штитат и просторот околу него во радиус од стотина метри, […]

______________________________________________________________________________________________________

Коцијас на средби со македонскиот политички врв

На покана на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски во четврток во работна посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас. Во рамки на посетата, министрите ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот од имплементацијата на мерките за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1