08/07/2016 21:43
•
Posted by: MK News
На само 12 километри од градот под Марковите Кули, опкружен од недопрената природа на Пелагонијата, се наоѓа селото Беловодица, а непосредно до него и една нова приказна наречена “Мермерното Езеро”. Ова езеро, на кое многумина му го даваат епитетот “македонското Памук Кале”, неодамна е откриено случајно, токму од прилепскиот татко, пишува Вечер. На местото на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2016 21:39
•
Posted by: MK News
Целосно е изгаснат пожарот во кој денеска напладне изгореа пет куќи во старото градско јадро, во центарот на Струга. Командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди информира дека екипи се на терен и ја следат состојбата. Според него, три куќи целосно се изгорени, а две се опожарени. – Во моментот има само чад. Целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2016 12:39
•
Posted by: MK News
Како што информира полицијата, на 07.07.2016 година околу 20: 00 часот во ГОБ Наум Охридски било донесено дете на возраст од околу 1,5 година од с.Страхојадица – Скопје, со повреди. Детенцето по извесно време починало. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2016 12:03
•
Posted by: MK News
Трите повредени лица во сообраќајната несреќа која се случи на на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, како што неофицијално дознава Курир оделе на веридба. Според нашите информации, повредените се мајка и ќерка на возраст од околу 70 и 50 години, како и 68 годишен маж нивен сопруг и татко. Информациите […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 15:36
•
Posted by: MK News
Четири плажи на Дојранско Езеро се забранети за капење, објави порталот „Здравство24“. Според нивните информации, вакво решение донел Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје во Велес покажале дека водата во езерото на четири мерни места е загадена. Бактериолошката и хемиската неисправност била од […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 12:47
•
Posted by: MK News
Познатиот бизнисмен, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија, Силјан Мицевски се возел во џипот со дипломатски регистерски таблички, при сообраќајната несреќа која се случи утрото во блиина на Требеништа, објави порталот ohrid1.com. Несреќата според информации се случила при судар на два џипа на магистралниот пат Охрид-Кичево. Притоа повредени се четири лица, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 11:40
•
Posted by: MK News
Утрово околу 8 часот на патот Охрид Кичево во близина на селото Мешеишта се случи тешка сообраќајна несреќа. ТВ Нова јавува дека дошло до судир на два џипа и камион. 4 повредени – Едно лице е пренесено на хируршкото одделение, а три се хоспитализирани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија. Двајца биле итно оперирани. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 11:33
•
Posted by: MK News
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој од неодамна е и вицепремиер во Владата, во интервју за 24 Вести ја отфрли можноста да го наследи Никола Груевски на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. – Мислам дека нема никаква причина за таква дискусија, воопшто, било кој да го наследи, бидејќи тој е лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 11:28
•
Posted by: MK News
Командантот на специјалната единица „Алфи“ и уште петмина осомничени за нечовечкото апсење на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски на распит во Основниот суд Скопје 1 за овој случај. Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство. Како што соопшти СЈО при апсењето на Бошкоски „алфи“ употребиле прекумерна сила […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2016 11:20
•
Posted by: MK News
Поради увидот на полициските екипи сообраќајот на патот е во застој и се пренасочува по локалните патишта. Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода што утрово се случи меѓу селата Требеништа и Мешеишта. Според првичните информации во незгодата учествувале два автомибили и камион. Во Хирушкото одделение во Охридската болница пренесено е едно лице со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 19:54
•
Posted by: MK News
Резултатите од екстерното тестирање што се спроведува во основните и средните училишта во Македонија да не влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно да не влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование кои се во собрансика процедура. Резултатите од екстерното […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 15:01
•
Posted by: MK News
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со повремено засилен ветер. Утринската температура […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 14:16
•
Posted by: MK News
СВР Битола поднесе кривична пријава против 46-годишната С.Б. од Прилеп, управител во ДООЕЛ „Скала Трејд“ од Битола, како и против наведеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на правата од работен однос и повреда на правото од социјално осигурување. Во текот на 2015 и 2016 година, пријавената спротивно на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 13:37
•
Posted by: MK News
Езерцето со тиркизна боја, сместено во напуштениот рудник за мермер над селото Беловодица кај Прилеп е вистинска хит дестинација ова лето, пишува ТВ Нова. Стотици посетители секој ден тука наоѓаат спас од летните горештини. Поради атрактивниот предел сместено во мермерни блокови езерото го добива името – Мермерно езеро или прилепско Памук кале. Прилогот на ТВ […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 13:01
•
Posted by: MK News
По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преtставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 12:01
•
Posted by: MK News
Македонскиот државјанин Б.З. (26) е осуден на три години затвор и е протеран од Данска поради учество во најголемиот допинг-скандал во скандинавската земја. Нашинецот им помагал на двајцата Данци, кои преку посебни интернет-страници, на т.н. даркнет продале стероиди вредни над 5,5 милиони евра. Шверцерите биле откриени во март лани, а истрагата во која осомничените биле […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 11:58
•
Posted by: MK News
Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси од денеска до 15 август во термин од 7 часот наутро до 17 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2016 11:54
•
Posted by: MK News
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино. Хајндл, како што информира Германската амбасада, за време на дводневниот престој во Скопје, покрај со потписниците на Пржинскиот договор, ќе разговара и со претставници на меѓународната заедница. Тоа ќе биде четврта посета на Хајндл […]
______________________________________________________________________________________________________