05/05/2016 21:22
•
Posted by: MK News
Зафир Васев од германскиот град Бретен каде живеел повеќе години, се врати во Македонија, во родното Бигла, делчевско. Вели дека покрај него, враќање назад во Македонија планира и неговиот син. Васев раскажува дека во родното место се чувствува одлично, додавајќи дека родното место секогаш е добро, а како што викаат „и каменот ми е мил […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 21:19
•
Posted by: MK News
Со црвени букви беше испишано Правда за Мартин Нешковски.Денес протестите започна пред зградата на СЈО, продолжи кон плоштадот
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 19:00
•
Posted by: MK News
Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Во случајов, српската, поправо, колонијалната власт на Вардарска бановина конструирала политичка институција во форма на пентаграм, но ставен во крајно субмисивна позиција. Прво, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 16:56
•
Posted by: MK News
Управата за извршување на санкциите реагира на натписите во некои медиуми и демантира дека во затворите има протести. -Ве известуваме дека осудените лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, се до овој момент немаат доставено официјално известување за протест, ниту пак имаме добиено информација за отпочнат протест […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 14:41
•
Posted by: MK News
До 20 мај оваа година сите невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување имаат право и можност да аплицираат и конкурираат за добивање на 3000 евра неповратна финансиска помош. Со добиените средства од страна на државата невработените лица ќе можат да отворат бизнис по сопствена желба и според сопствената мотивација и да се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 14:27
•
Posted by: MK News
Според сите досега објавени плати на менаџери на компании чии акции се котирани на берзата, Таневски е најдобро платениот менаџер, пишува Фактор.мк. Долгогодишниот директор на најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ Доне Таневски е еден од најдоброплатените менаџери во земјава покажуваат официјални податоци од извештајот на ТТК банка во чиј Надзорен одбор членува Таневски. Неговата нето […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 13:58
•
Posted by: MK News
Македонскиот евровизиски тим на чело со Калиопи веќе е во Шведска-Стокхолм каде веќе во полн ек течат подготовките за 61-то издание на Евровизија. Нашиот тим веќе застана на сцената во „Ериксон глоуб“ арената, место каде ќе се случи големиот музички спектакл. Македонија ќе се претстави во втората полуфинална вечер, а доколку влеземе во финале, Калиопи […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 13:48
•
Posted by: MK News
Надојдената Брегалница, проголта над 1хектар оризови полиња и локален пат во кочанското село Прибачево. Поради ерозија на земјиштето променет е текот на реката, која сега се заканува да го поплави и селото. Водата е на околу 300 метри од првите куќи. Мештаните во страв од надлежните бараат механизација, со која ќе се спаси селото од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2016 13:45
•
Posted by: MK News
Петир вели дека со заеднички сили треба да се решат внатрешните проблеми, договорот кој лани беше потпишан да не се поткопува и повеќе да не се одложуваат изборите. На Македонија не и се потребни никакви тутори-амбасадори, македонските политичари и народ е доволно способен да ја води својата внатрешна политика, вели Маријана Петир, пратеник во Европскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 18:13
•
Posted by: MK News
Затворениците од сите затвори во Македонија во четврток на пладне ќе започнат протест револтирани од тоа што Претседателот, Ѓорге Иванов се уште нема одговорено на нивното барање за помилување. Нивните семејства и пријатели пак ќе протестираат пред затворите. Петицијата за помилување од вкупно 3.152 затвореници ја потпишаа над 2.200 лица. Тие не бараат да бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 18:08
•
Posted by: MK News
Портпаролот на министерството за надворешни работи во Берлин Мартин Шефер денеска изјави дека изборот на актуелниот германски амбасадор во Виена за специјален претставник на Германија во Македонија ја одразува посветеноста на Федералната влада во Берлин за напредокот на Западниот Балкан. – Внатрешната политичка ситуација во Македонија е причина за загриженост во Германската федерална влада. Затоа […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 17:58
•
Posted by: MK News
Германското министерство за надворешни работи денеска назначило нов специјален пратеник за Македонија. Во објавата на Министерството се вели дека министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го именувал Јоханес Хајндл за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија. Пред назначувањето на Хајндл, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 14:06
•
Posted by: MK News
Европската комисија (ЕК) во средата предложи укинување на визниот режим за граѓаните на Косово и Турција, откако според проценките на Комисијата и двете земји ги исполниле неопходните барања потребни за визна либерализација со земјите од ЕУ. „Денес ќе ја исполниме нашата обврска за да предложмие безвизен режим за граѓаните на Косово кои поседуваат биометриски пасоши […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 13:51
•
Posted by: MK News
Македонски Телеком АД-Скопје објави дека на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2016 година има намалување на приходите, но затоа пак има зголемување кај приходите од малопродажниот интернет и дигиталната телевизија, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Приходите од продажба во првите три месеци од 2016 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 13:41
•
Posted by: MK News
Партиски извори од Мала Речица за Дневник велат дека ако не се одржат изборите на 5 јуни, тогаш тоа би значело дефинитивно поништување на Договорот од Пржино. Во таква ситуација истите извори велат дека во ДУИ се подготвени да се вратат во владата на ВМРО-ДПМНЕ со услов да се спаси Специјалното јавно обвинителство и Државната […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 13:38
•
Posted by: MK News
Од 9:30 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Австралиска“, „Николај Островски“ и „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров. Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Варшавска“ од број 40 до број 50, парни броеви, во општина Карпош. Од 9:30 до […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 13:37
•
Posted by: MK News
Епидемиолошката служба од Општата болница во Гевгелија денеска при редовниот увид во Прифатно транзитниот центар Гевгелија дијагностицира еден случај на заразно заболување „морбили“ по претходна пријава од лекарскиот тим кој дежура во бегалскиот камп. Дијагнозата, информираа епидемиолозите, е нотирана кај едно тригодишно девојче од Авганистан кое е згрижено според медицинските стандарди за вакви случаи. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2016 11:43
•
Posted by: MK News
Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, е зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25 на 4 проценти, соопштија од Народна банка. „Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и на притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските […]
______________________________________________________________________________________________________