02/05/2016 11:37
•
Posted by: MK News
На регионалниот пат Р-2137 пред Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137, делница Демир Капија – Корешница – Војшанци. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2016 10:13
•
Posted by: MK News
По еден месец во кома откако во него удри гром, денес почина 18-годишниот македонски фудбалер Стефан Петровски. Стефан почина во болница објави неговиот клуб, малезискиот Мелака Јунајтед. Младиот чувар на мрежата е роден во Австралија и од 5 април скоро цел месец беше во кома, но не успеа да ја добие најважната битка. Kurir.mk
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2016 10:00
•
Posted by: MK News
УХМР предупредува дека пообилни врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 19:47
•
Posted by: MK News
На Клиниката за токсикологија денеска е примен 35-годишен маж со алкохолно труење, додека останатите пациенти кои побарале помош се со заболувања кои ги опфаќаат другите интернистички ургентни состојби. Ова попладнево го изјави доктор Жанина Переска од Клиниката за токсикологија, која изрази надеж дека поголемиот дел од граѓаните ќе ги почитуваат препораките во врска со внес […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 17:32
•
Posted by: MK News
Македонската православна црква „Христово Воскресение“ во Сиднеј целосно изгоре. Пламени јазли го проголтаа светиот храм на овој најголем христијански празник, Велигден. Двајца пожарникари се повредени за време на гасење на пожарот. Црквата се наоѓа во близина на старечки дом, кој итно бил евакуиран. Улицата на која се наоѓа црквата била затворена, а на лице место се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 15:32
•
Posted by: MK News
Црквата Христово Воскресение во Сиднеј изгоре, голема трагедија за Велигден во Австралија, дознава КУРИР.Пламени јазли го проголтаа светиот храм на овој најголем христијански празник.Двајца пожарникари се повредени за време на гасење на пожарот. Црквата се наоѓа во близина на старски дом, кој итно бил евакуиран. Улицата на која се наоѓа црквата била затворена, а на лице место […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 15:29
•
Posted by: MK News
Меѓународниот ден на трудот што традиционално се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права денеска ќе биде одбележан и во Македонија со најава за нова кампања, додека протести нема да има. Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 13:40
•
Posted by: MK News
Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево. Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 13:27
•
Posted by: MK News
Денес ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време. Во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните и ноќните часово ќе бидат обилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец. Пообилни врнежи ќе има и в понеделник […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 12:54
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на сите православни верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. – На сите што денес го слават Велигден би сакал да им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 12:52
•
Posted by: MK News
Манастирот „Христово воскресение“ е прв храм во Македонија посветен на Исус Христос, го изградил бизнисменот Мире Синадиноски од Прилеп на Велигден пред седум години, откако се заветил дека ако го преживеe инфарктот, ќе изгради црква. – На Велигден имав тежок инфаркт од кој, според докторите, ретко кој преживува. На третиот ден, се освестив, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 12:51
•
Posted by: MK News
Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската унија за интеграција и во мое лично име искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден, со најискрени желби за благосостојба и добро здравје, се вели во честитката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети по повод Велигден. „Задоволството е двојно кога ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 12:38
•
Posted by: MK News
Десетина штипјани не ги почитуваа препораките од лекарите, велигденските јајца да ги јадат најдоцна три дена по варењето, па завршија во болница поради труење минатата година. Јајцата што ги јаделе биле расипани. Беа примени во полоша здравствена состојба и минаа неколку дена во Болница. Инфектолозите предупредуваат јајцата да се јадат најмногу до 3-от ден откако […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 12:05
•
Posted by: MK News
Празниците Велигден и Први мај кои се паднаа во ист ден, целосно ги испразнија улиците во Скопје. На најпрометните булевари низ центарот на Скопје владее тишина, речиси и автомобил да не поминува. Многумина продолжениот викенд го искористија да отпатуваат со своите најблиски во Охрид, Дојран или пак во Грција.
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 10:44
•
Posted by: MK News
Приштинскиот весник „Газета експрес“ објави фотографија, на која блажената Мајка Тереза е фотографирана во 1930 година. Според весникот, Мајка Тереза на оваа фотографија има 18 години. – Ова е една многу ретка фотографија, каде се гледа ангелски лик и перфектна насмевка на Мајка Тереза, пишува весникот
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 10:00
•
Posted by: MK News
Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголем, туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше тогаш празна е нашата проповед, празна е и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 09:44
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговото семејство вечерва присуствуваа на вечерна литургија во црквата „Свети Наум Охридски“ во скопско Радишани, каде заедно со бројните верници го дочекаа Велигден.
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2016 09:33
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Попладне и во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 25 степени. Во Скопје и […]
______________________________________________________________________________________________________