29/11/2015 19:32
•
Posted by: MK News
УХМР информира дека од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите ќе бидат во постепен пораст. Кон средината на наредната недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од годината. Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2015 18:51
•
Posted by: MK News
Предлогот за измени во законската регулатива за медиуми е срамен и не треба да се земе во предвид се додека на маса не се најде нормален предлог кој ќе води кон либерализација на медиумскиот простор, кој ке води кон либерализација на медиумскиот простор, реагираат 4-те национални телевизии во земјава. 4 те телевизии со национална концесија […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2015 17:08
•
Posted by: MK News
Министерството за финансии реагира дека доколку се укине издавањето на државни записи, се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот. Се доведува во прашање исплатата на платите, на пензиите, воопшто на сите редовни исплати кои се вршат од буџетот, соопшти денеска Министерството за финансии. Издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2015 16:55
•
Posted by: MK News
Премиерот Никола Груевски јавно го повика технички назначениот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ Оливер Спасовски, во најбрз можен рок да преземе акција со која што би ја истражил аферата за наводно фалсификување на 30000 лични карти. Тој посочи дека по завршување на истрагата, резултатите треба да бидат претставени пред јавноста, со што […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2015 16:38
•
Posted by: MK News
Охриѓанецот Мирко Иваноски (96) кој е роден на 17 ноември 1919 година е прогласен за најстар жител во општините Охрид и Дебарца врз основа на конкурсот кој го објави охридскиот Црвен крст, како дел од активностите за одбележување на Неделата за грижа на стари лица. За брачен пар со најмногу години поминати заедно, во рамки […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2015 16:16
•
Posted by: MK News
Сведоштвото на пациентот од Онкологија дека БОГ го излекувал предизвика интерес кај македонската публика. Младиот Златко нè контактираше и за Mknews изјави дека и ден денес е жив и фала Богу здрав и одлично се чуствува. Оваа фотографија е направена во 2008 година, додека престојувал во клиниката за Онкологија примајќи ја неопходната терапија – пред […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 23:19
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи денес заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски го посетија собирниот центар каде се примаат бегалците. Тие го посетија шаторот каде се сместени лицата кои имаат приоритет, односно мајките и децата и […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 20:02
•
Posted by: MK News
Во Општата болница во Гевгелија се прегледани неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите се со полесни повреди и вон животна опасност. Еден од примените униформирани лица добил удар со камен во шлемот и неговата состојба се опсервира, но засега нема знаци на посериозни последици или контузии, а исто така и еден припадник на безбедносните сили […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 12:28
•
Posted by: MK News
До Министерството за култура не стигнало известување од ЗАМП – Здружението за заштита на авторски музички права, со кое на телевизиите би им се забранило емитување на музиката на авторите кои се членки на Здружението. Телевизиите имаат законска обврска осум часа неделно да емитуваат домашна музика. За тоа плаќаат одредена сума на здруженијата, а потоа […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 12:13
•
Posted by: MK News
Три лица во Прилеп се заболени од ХИВ. Две лица се регистирани во 2014 година, а едно годинава. Сите се машки и на возраст од 20 до 29 години. Во Прилеп од 1987 година до денес се регистрирани вкупно 11 случаи на ХИВ од кои повеќето се починати.
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 09:18
•
Posted by: MK News
За православните верници во сабота, 28 ноември започнува шестнеделниот Божиќен пост кој му претходи на најрадосниот христијански празник Рожденство Христово – Божиќ. Според верувањето, подготовките за Божиќ, кој се прославува на 7 јануари, е целосно ако верникот на крајот на шестнеделниот пост им пристапи на светите тајни на исповедта, покајувањето и причестувањето. Постот се содржи […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2015 09:10
•
Posted by: MK News
Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени. Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2015 20:27
•
Posted by: MK News
Состојбата на јужната и северната граница е стабилна и мирна информираат од МВР. На Табановце нема задржување. На југот, кај граничниот камен 59 состојбата е без промени. Се пропуштаат само државјаните кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак. На грчката страна има околу 1.000 економски мигранти на кои не им е дозволен влез. Тие доаѓаат […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2015 20:21
•
Posted by: MK News
Не давајте никому пари на врата, плаќајте ги сметките на шалтер или преку компјутер. Иако наплатата на сметките за потрошена електрична енергија повеќе од 10 години се врши само на шалтерите на ЕВН и во банките и поштите, сепак деновиве низ Скопје се појавија лажни инкасатори. Тие ја користат неинформираноста на некои граѓани и претставувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2015 14:41
•
Posted by: MK News
На ски центрите Попова Шапка и Маврово конечно заврна снег. Останува да видиме уште колку снег ќе наврне до крајот на денот, но засега не е доволно за да се отпочне ски сезоната. Според Автомотосојузот на Македонија, врнежи од слаб снег се бележат и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2015 14:36
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Р.(21) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2015 08:43
•
Posted by: MK News
Стотици мигранти, кои веќе седми ден се заглавени на македонско-грчката граница се обидоја да влезат во државата уривајќи ја бодликавата жица. Дел од нив фрлаа и со камења по полицијата, додека други на колена викаа „Сакаме да одиме во Германија”. Неколку мигранти претрчале во Македонија, но набргу биле приведени од полицијата. Најмалку десет мигранти блокирани […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2015 19:33
•
Posted by: MK News
Изборите кои што треба да се одржат на 24 Април, идната година се приоритет за Република Македонија. Тие се од најголема важност за граѓаните и прв и највисок приоритет за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Изборите ќе значат и дефинитивен крај на политичкиот ризик во кој што Социјал Демократскиот Сојуз, имаше намера со своите деструктивни политики, […]
______________________________________________________________________________________________________