02/07/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Гром запали четири објекти во Кавадарци, противпожарни екипи го локализираа пожарот, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. Територијалната противпожарна единица од Кавадарци повеќе од четири часа интервенираше во гаснењето на пожарот предизвикан од удар на гром врз неколку објекти на улицата „Питу Гули“. – Се работи за две куќи лепенки во кои живеат неколку семејства. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2015 09:15
•
Posted by: MK News
Со само еден билет ќе можете да се возите во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или пак на приватните превозници. Советниците за весникот велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби, пренесува […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 13:00
•
Posted by: MK News
Грците навалија во пограничните места во Македонија, велат наши извори. Според нив, тие ги празнат банкоматите од нашите банки во Гевгелија, Дојран… Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов вели дека Грците може да подигаат пари од наши банкомати, но не им е исплатливо да ја преминуваат границата бидејки имаат дневен лимит кој им важи секаде во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 12:46
•
Posted by: MK News
Гркот Теодор Теодоридис, кој е заменик на генералниот секретар на УЕФА е еден од најзаслужните што Скопје ја доби организацијата на овој голем спортски настан, најголем во историјата на Македонија. Теодоридис веќе бил во Скопје, во инспекција на арената „Филип Втори“ и неговите препораки биле позитивни, а имал средба и со премиерот Никола Груевски. Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 12:03
•
Posted by: MK News
За наредните денови, метеоролозите најавуваат претежно врнежливо време. Стабилно сончево време се очекува од почетокот на наредниот месец. На прогнозата во прилог проверете какво ќе биде времето во јули:
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:44
•
Posted by: MK News
Судскиот случај „Ровер“, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, ќе се суди по трет пат, бидејќи како што дознава „Фокус“, Апелациониот суд повторно ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење. Како што дознав Фокус Апелација донела одлука и да се укине притворот за обвинетите, за што веќе била информирана затворската […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:36
•
Posted by: MK News
На седница на Советот на општина Крива Паланка беше изгласан предлогот за именување улица во чест на бранителот Горан Илиевски, кој загина во полициската акција во кумановската „Дива населба“ Иницијативата за именување на дел од улицата Херој Карпош во кривопаланечката населба Бавчалак била поднесена од советничката Соња Мазаковска, а прифатена едногласно од сите советници. Илиевски, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:33
•
Posted by: MK News
Од 1. јули цигарите треба да поскапат за три денари. Оваа одредба доаѓа согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат. Зголемување од по 3 денари на цигарите се предвидува се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:22
•
Posted by: MK News
Цената на електричната енергија за крајните корисници од утре се намалува за 0,33 проценти. Одлуката ја соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, која вчера одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании. Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров, истакна дека намалувањето се должи на намалените трошоци и на намалените приходи на компаниите. Најголемо […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:16
•
Posted by: MK News
Ќе има судење за случајот Пуч. Советот за оценка на обвинителниот акт при кривичниот суд одлучи да го одобри во целост обвинението. Според соопштението од Основниот суд, Советот утврдил дека кривичните делата кои им се ставаат на товар на обвинетите се дела предвидени со закон, а обвинението содржи докази. Судот сега треба да го распореди предметот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2015 09:11
•
Posted by: MK News
Членови на редакцијата на дневниот весник Вест денеска излегоа на мал протест пред зградата каде што им се канцелариите во знак на незадоволство од најавеното скратување на буџетот и намалување на бројот на вработените. Издавачот на трите дневни весници, Дневник, Утрински весник и Вест, компанијата Медиа принт Македонија најави намалување на платите за 20 отсто […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2015 23:00
•
Posted by: MK News
Саше Политико го нападнал водителот на емисијата Јади Бурек Јанко Илковски пред неговото работно место. Според информациите до кои дојдовме, Политико со прашања навредливи за неговото семејство го нападнал Илковски, по што новинарот извадил спреј од џебот, а Саше Политико почнал да бега. Јанко се огласи на Facebook По информациите дека се степал со Саше […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2015 21:48
•
Posted by: MK News
Југоисточните делови од Македонија попладнево се зафатени со интензивни врнежи од дожд проследени со силни грмежи. За кратко време во Гевгелија наврнале 60 л/м2,а во Дојран 20л/м2. Нестабилноста во овие делови, како што информира УХРМ, се уште трае и се очекува зголемување на количината на врнежи. За утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2015 12:31
•
Posted by: MK News
Ако температурата се искачи за четири степени, последиците би можеле да бидат катастрофални, пренесува Скај.мк. Eco Experts објави мапа која покажува како климатските промени би можеле да влијаат на некои земји. Картата ја прикажува чувствителноста на земјите на климатските промени, но и подготвеноста да се справат со предизвиците кои тие ги носат. Земјите се рангирани […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2015 09:16
•
Posted by: MK News
Врз основа на Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” во рамки на истоимениот проект, чијашто цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, избраа три основни и две средни, најбезбедни и најчисти училишта во Република Македонија за учебната […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 21:06
•
Posted by: MK News
Тригодишно дете од Тетово предозирано со метадон, во петокот во коматозна состојба завршило на Клиниката за детски болести, јави Здравство 24. Течноста била на неговиот чичко, а детето ја пронашло во семејната куќа каде живееле. Без некој да го види испил поголема количина. Во тешка здравствена состојба со возило на Брза помош итно било транспортирано […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 21:02
•
Posted by: MK News
Преку поволни цени од само 1.200 денари па нагоре, македонските граѓани ќе имаат можност од скопскиот аеродром „Александар Велики“ да летаат до нови пет атрактивни дестинации. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и портпаролот на нискотарифната авиокомпанија Wizz Air Даниел де Карваљо, денеска официјално го означија почетокот […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2015 20:22
•
Posted by: MK News
Скопје и Националната Арена „Филип Втори” ќе го организираат Европскиот Суперкуп во 2017 година. Вака одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) на денешниот состанок во Прага, пренесува Спорт медиа. Скопје ја доби честа да ги угости најдобрите два тима за сезоната 2016/17 и во август за две години да биде домаќин во воведната […]
______________________________________________________________________________________________________