22/06/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Водата од Вардар е забранета за секаква употреба, Тополка и Бабуна можат да се користат за капење и наводнување. Ова го покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје во Велес. Мострите земени од трите реки во општината покажуваат дека Вардар има најголема загаденост и се наоѓа во петта класа додека Бабуна и Тополка во горниот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2015 09:07
•
Posted by: MK News
Полуматурантите од утре преку јунскиот уписен рој ќе можат да се запишуваат во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од уписите ќе бидат објавени на 24 јуни. Во 100 јавни средни училишта има 35.445 слободни места. Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29 и 30 јуни, а резултатите од овој рок […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2015 09:02
•
Posted by: MK News
Денеска времето ќе биде сончево и потопло од вчера со дневни температури до 25 Целзиусови степени, а максималната ќе биде во Гевгелија – 27 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24, Тетово и Гостивар 23, Маврово 14, Штип 24, Виница 23, Крива Паланка 21, Куманово 23, Свети Николе 24, Кавадарци 25, Струмица и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2015 14:03
•
Posted by: MK News
Архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев ќе ја поделат првата награда од 200.000 денари на Конкурсот за избор на идејно решение за новиот Луна парк во Скопје. Овие автори со понуденото решение за просторот во Градскиот парк се победници помеѓу четирите пристигнати конкурсни трудови од домашни и од странски […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2015 13:57
•
Posted by: MK News
Не може да се случи обид за рушење на системот на државата да не биде казнет од народот. Затоа што народот е оваа држава. Државата не се политичарите, рече во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 25-годишнината од основањето на партијата. – До домашните петоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпиунски методи, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2015 13:55
•
Posted by: MK News
Донесена е одлука за 3 отсто да им се зголеми платата на сите вработените во јавната администрација кои ќе доаѓаат на работа со велосипед. Ова го соопшти скопскиот градоначаник КоцеТрајановски вчера на примопредавањето на донацијата од 35 велосипеди кои Авто мото сојузот на Македонија-АМСМ му ги подари на Град Скопје, пренесе Вечер. Велосипедите ќе бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2015 13:50
•
Posted by: MK News
Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Одговорниот уредник на порталот Бранко Героски вели дека е земен голем дел од опремата што се состои од лап-топ компјутери и форографска опрема а било претурано и по документите. Тој додава дека се сомневаат оти се работи за нешто повеќе од […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 22:50
•
Posted by: MK News
СДСМ покажува знаци на каење за договорот на 2 јуни и избори во април, но тоа нема да им помине. Ова го истакна Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, во своето обраќње по повод 25 роденден на партијата. -Го читав пред три дена последното истражување на јавното мислење кое го направила една релевантна куќа, институт. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 20:08
•
Posted by: MK News
„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој денеска се одбележува роденденот на партијата на плоштадот ВМРО Партијата е идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава. Илјадници граѓани се собраа на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 14:19
•
Posted by: MK News
Денес, се одржа хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен 2015, vol.6“. Ротаракт Клуб Скопје во соработка со Еуроимпекс, Генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, Скопје го организираа овој хуманитарен тенсиски настан. Ротаракторците, ротаријанците и пријателите на Ротаракт Клуб Скопје дадоа поддршка на личниот развој на децата од Здружението за заштита на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 11:16
•
Posted by: MK News
Кумановец доби кривична пријава за изнуда, оти во текот на минататата година се заканувал на жител на кумановското село Липково, барајќи му 3.000 евра како помош. СВР Куманово вели дека станува збор за 47-годишниот А.З., кој во 2014 година во повеќе наврати од мобилен телефон се јавувал или праќал пораки до М.М. од Липково, заканувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Ако не заминете на одмор, првиот празник кој не очекува е на 17 јули. Тогаш муслиманските верници го слават првиот ден на Рамазан Бајрам, а празникот е прогласен за државен, што значи дека е неработен за сите граѓани. Она што е добро е тоа дека се паша во петок, што значи дека ќе имаме еден […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луге кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра, пренесува Алфа ТВ Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот.миховски […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 09:33
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон. Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон. Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2015 09:03
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб доумерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 22 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2015 15:47
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон. Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави пред неколку дена. Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2015 15:44
•
Posted by: MK News
По околу еден час заврши лидерската средба во Скопје на четворицата лидери на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Никој од лидерите не даде изјава по средбата. Се знае само дека Канцеларијата на Европската унија во Скопје ќе објави соопштение зад кое стојат сите четворица лидери. Лидерите на политичките партии се согласиле уште еднаш да […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2015 12:04
•
Posted by: MK News
Македонскиот фудбалер Денис Махмудов стана интернет хит со неговата изјава за бугарските медиуми. Македонскиот фудбалер Денис Махмудов требаше да потпише двегодишен договор со бугарскиот тим Левски. Тој пристигна во Софија, одработе и тренинг со овој тим, но сепак двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик. Бугарските медиуми пишуваат дека проблемот е во Левски, односно […]
______________________________________________________________________________________________________