19/01/2017 23:15
•
Posted by: MK News
Џанпаоло Парете е еден од преживеаните од хотелот кој синоќа беше затрупан од снежна лавина, но неговата сопруга и децата се уште се наоѓаат под снегот. Парете е еден од двајцата кои се транспортирани на сигурно и најдени надвор од хотелот. Тој изјавил дека на кратко отишол до автомобилот кога снегот паднал врз хотелот. -Јас […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:59
•
Posted by: MK News
На традиционалното капење за Богојавлени во Москва присуствуваа над 133 илјади набљудувачи и пливачи, а за безбедноста се погрижија околу 770 спасувачи и така не дојде до инциденти. Според податоците на Московската епархија, речиси два милиони луѓе на некој начин учествуваат во Богојавленското капење. Секако, најубава глетка претставуваат прекрасните Русинки, кои иако се нежни сепак […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:58
•
Posted by: MK News
Зградата на хотелот „Ригопиано“ во Фариндола, во централна Италија се преместила за десет метри, откако вчера врз неа се урна лавина, изјави префектот на провинцијата Пескара, во која се наоѓа зимското одмаралиште. Според последните информации на локалните власти во зградата имало 20 гости и осуммина вработени, кога надошла лавината. Досега беше извадено телото на едно […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:57
•
Posted by: MK News
Најмалку 12 ученици загинаа во судар на камион и школски автобус во државата Утар Прадеш на северот на Индија, пренесуваат агенциите. Загинал и возачот на автобусот, а а повредени се десетици ученици. Како што се наведува 11 деца се хоспитализирани, додека 28 се опуштени по укажаната прва помош. Погледнете ги трогателните снимки:
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:55
•
Posted by: MK News
Мајкл Хенлајн 1980 година бил обвинет за убиство кое не го направил. Заради тоа тој во затвор одлежал цели 36 години. Организацијата “California Innocence Project” со години ја докажувала неговата невиност, а на крајот успеала во тоа. Мајкл бил ослобоен од затвор по најдолгото незаслужено лежење во историјата на Калифорнија. По излегувањето првата работа што посакал […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:54
•
Posted by: MK News
Јутјуберот со име „TechRax“ решил да ја провери издржливоста на новиот Ајфон во Мртвото Море. Новиот Ајфон е водоотпорен, но не на период од 24 часа и во вода која има толку многу сол. Меѓутоа, кога ова момче после 24 часа го извади телефонот од вода, го дочека вистинско изненадување. За што точно се работи […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:53
•
Posted by: MK News
Фудбалерот Хелио Него кој има 31 година е еден од шестмината кои се извлекоа од остатоците на авионот кој удри во планината во близина на колумбискиот град Маделин, додека ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот Чапекоензе на финалето на Копа Судамерикана. -Со Божја помош еве ме мене повторно на теренот во дресот на Чапекоензе, рекол бразилскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 22:48
•
Posted by: MK News
Три тела се извлечени досега од хотелот во планинското одмаралиште Фариндола во Италија, кој синоќа беше затрупан од лавина, изјавија претставници на италијанската полиција, јави ДПА. Пронајдено е и четврто тело, но тоа се уште не е извлечено. Припадници на противпожарната служба изјавија денеска на Твитер дека стигнале до хотелот „Ригопиано“ со кучиња за спасување […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2017 11:27
•
Posted by: MK News
Италијанските спасувачки служби соопштија дека повеќе лица загинаа откако лавина затрупа хотел, во регионот Абрузо, која според првичните информации била предизвикана од земјотрес. Цела ноќ, спасувачките екипи буквално се „бореле“ за да стигнат до затрупаните гости во хотелот. Source: Rescuers struggle to reach hotel hit by avalanche in Italy by ReutersNews on Rumble -Голем број […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 20:57
•
Posted by: MK News
Минијатурен молец со распон на крилата од само еден сантиметар е првиот вид што ќе биде именуван според новоизбраниот претседател на САД. Жолто-белиот врв на главата на молецот потсетува на легендарната фризура на Доналд Трамп, што било инспирација за името Неопалпа доналдтрампи (Neopalpa donaldtrumpi), забележал во нова студија еволутивниот биолог Вазрик Назари, истражувач од Отава, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 20:56
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот е примен во болница во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас, јави телевизијата КХОУ11. Информацијата ја потврди и шефицата на неговиот Кабинет, Џин Бекер, која изјави дека, според лекарите, 92-годишниот Буш постариот е во стабилна здравствена состојба. – Се е в ред, изјави Бекер, додавајќи оти се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 20:51
•
Posted by: MK News
Маж е пренесен во болница откако се обидел да се запали пред хотел на новозибраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, во знак на протест против изборот на Трамп. Полицијата соопшти дека полицаец го забележал човекот кој се обидел синоќа да се запали и повикал итна медицинска помош. Мажот е пренесен во болница со сериозни […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 16:11
•
Posted by: MK News
Откако ќе положи заклетва како претседател на САД, Доналд Трамп ќе присуствува на традиционалниот официјален ручек во Конгресот, во чест на новоизбраниот шеф на државата. Менито ќе вклучува јастози во шафран сос, говедско во сос од темно чоколадо и ракчиња. За десерт ќе има чоколадно суфле и сладолед од ванила и вишни. Со сето ова, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 16:04
•
Posted by: MK News
Утрово серија од три силни земјотреси ја потресоа централна Италија, со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала. Првиот земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтер се случил во 10:25 часот, по локално време, вториот во 11:14 часот, со интензитет, меѓу 5,6 и 5,7 степени и третиот силен земјотрес со интензитет од околу 5,5 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 15:28
•
Posted by: MK News
Доналд Трамп ќе положи заклетва како претседател на САД пред две Библии – неговата, подарена од мајка му во 1995 година и онаа што била користена од Абрахам Линколн пред век и половина. Церемонијата на заклетвата ќе биде водена од претседателот на Врховниот суд, Џон Роберт. Во 2013 година, при полагањето на заклетва за вториот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Епицентарот на земјотресот е во близина на Л’Аквила, на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван во Рим.Засега нема официјални податоци колкава штета е направена и дали има човечки жртви.Серија разорни земјотреси минатата година ја потресоа централна Италија. Загинаа речиси 300 луѓе во земјотресот во Август, кој срамни со земјата цел еден град.
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2017 15:18
•
Posted by: MK News
Осомничениот за нападот на Нова година во ноќен клуб во Истанбул изјавил пред полицијата дека морал да ја смени целта на нападот во последен момент за да ги избегне безбедносните сили, пишува денеска весникот „Хуриет“. Тој вели дека дејствувал по директна наредба од „Исламска држава” во Сирија. Абдулгадир Машарипов, кој е осомничен за атентатот, беше […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2017 18:25
•
Posted by: MK News
Велика Британија ќе се обиде да воспостави ново, позитивно и конструктивно партнерство со ЕУ во текот на преговорите за напуштање, но Брегзит нема да означува членство во еврозоната, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј. – Британија не сака да биде половина внатре, а половина надвор од ЕУ. Ќе се обидеме да обезбедиме што е можно […]
______________________________________________________________________________________________________