02/12/2016 16:41
•
Posted by: MK News
Неколку дена пред авионската несреќа во која животот го загубија 19 фудбалери на Чапокоензе, 13 жени на фудбалери од истиот клуб направиле исти тетоважи. На тетоважите јасно се гледа срце и мал авион кој симболизира пат до него, открила сопругата на настраданиот капитен Клебер Сантатне.Овие 13 парови требало заедно да заминат на одмор на 9. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 16:05
•
Posted by: MK News
Во Кина започна изградба на реплика на бродот „Титаник“ во природна големина, повеќе од 100 години по потонувањето на најголемиот патнички брод во тој период. Се очекува бродот да биде завршен до крајот на 2018 година, по што ќе биде закотвен во кинеската провинција Сичуан, оддалечена стотици километри од морето. Речиси 300 метри долгиот брод […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 16:03
•
Posted by: MK News
САД ќе престанат со обидите да рушат влади ширум светот и ќе соработува со други земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во текот на својата „турнеја на благодарност“. Трамп ветил почеток на нова ера и мир. -Ќе ја уништиме Исламската држава. Истовремено, ќе се придружуваме кон новата надворешна […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 15:45
•
Posted by: MK News
Мошне необичен случај на киднапирање ги шокираше Американците. Станува збор за 34-годишната Шери Папини која три недели по исчезнувањето е пронајдена на празникот „Денот на благодарноста“ заврзана со синџир покрај патот во близина на Сакраменто во Калифорнија, на околу 200 км оддалеченост од својот дом. Шери исчезналана 2 ноември кога отишла на трчање. Шери Папини, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 15:44
•
Posted by: MK News
Идната прва дама на САД Меланија Трамп им порача на жителите на нејзината родна Севница да престанат да го злоупотребуваат нејзиното име за да заработат. Порталот „Политико“ пишува дека жителите на Севница ќе мора да се откажат од новооткриениот начин на полесна заработувачка на името на првата дама на САД, бидејќи Меланија Трамп, родена Кнавс, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 15:06
•
Posted by: MK News
Пилотот на авионот кој се сруши во понеделникот во Колумбија предупреден е дека нема да има доволно гориво за целиот лет пред полетувањето од аеродромот во Боливија, пренесува БиБиСи, а според изворите, токму пилотот решил да го прескокне планираното дополнување на горивото, бидејќи летот доцнел. Авионот во кој се наоѓале 77 луѓе, од кои и […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 14:57
•
Posted by: MK News
Сите 19 фудбалери кои загинаа во неодамнешната авионска несреќа ќе бидат погребани утре, а на погребот најавено е да присуствува и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино. Од Вкупно 71 погинато лице во несреќата, 19 се фудбалери на познатиот бразилски клуб Чапокоензе, освен телата на фудбалерите на стадионот утре ќе бидат изложени и останатите тела […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2016 14:52
•
Posted by: MK News
Јужноамериканската Фудбалска Асоцијација КОНМЕБОЛ веќе донела одлука титулата во „Копа Судамерикана“ да биде доделена на бразилскиот клуб Чапокоензе откако повеќемина од фудбалерите и стручниот штаб загинаа во авионската несерќа пред неколку дена во Колумбија. Бразилскиот весник „Глобо“ тврди дека раководството на КОНМЕБОЛ ја донело одлуката, а на ваков чекор се решило откако и самиот противнички […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 16:13
•
Posted by: MK News
Пилотот на авионот кој се урна во централниот дел на Колумбија со патниците меѓу кои бил и бразилскиот фудбалски тим, на контролата на летот им рекол дека останал без гориво пред кобниот пад во Андите, јавуваат агенциите повикувајќи се на снимки од разговорите. Во на моменти хаотичната снимка на контролата на летање, може да се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 15:48
•
Posted by: MK News
Пилотот на паднатиот авион со бразилски фудбалери и новинари Мигел Кирог панично барал координати за слетување на пистата во текот на последниот разговор со командантот на летот во Колумбија, а операторката му одговорила дека ќе може да слета дури за седум минути. Објавен е транскрипт од последниот разговор: Операторка: Имам авион под вас кој му […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 15:33
•
Posted by: MK News
Новите случаи на заразени со ХИВ вирусот меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во документот, чие објавување се совпаѓа со Светскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 12:30
•
Posted by: MK News
Најстариот син на нарко босот Пабло Ескобар тврди дека татко му не го убила полицијата, туку дека се самоубил за да го спаси семејството од киднапирање. Пред објавувањето на неговата нова книга, Себастијан Марокин, изјавил дека разговарал со својот татко десет минути пред да почине и дека е убеден дека сам си го одзел животот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 11:45
•
Posted by: MK News
Деветгодишното девојче од Турција почина од срцев удар кој бил последица на стрес само два дена пред да сведочи против дедото на својата другарка кој сексуално ја злоставувал. Девојчето, кое е познатo само под иницијалите Ј. К. било префрлено во болница во Измир, откако во својата семејна куќа се онесвестило, но по бројните обиди, лекарите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2016 10:00
•
Posted by: MK News
Гласот „Не“ за владините реформи може да го примора премиерот Матео Ренци да поднесе оставка – потег, кој според проценките ќе предизвика хаос во банкарскиот и финансискиот сектор во Италија. И инвеститорите изразија загриженост во врска со влијанието во еврозоната, предупредувајќи дека веројатноста за напуштање е поголема од времето на финансиското спасување во кризата, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2016 21:00
•
Posted by: MK News
Џим Делигати, творецот на „биг мек“, умре во понеделникот вечер во 98-та година од животот. Популарната плескавица настанала во еден од рестораните на „Мекдоналдс“ во Питсбург пред 50 години. Откако постигнал успех на локално ниво, директорите на „Мекдоналдс“ ја превземале идејата и го претставиле „биг мек“ на целата територија на САД во 1968 година. Делигати […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2016 20:53
•
Posted by: MK News
Ема Морано, најстарата жива личност на светот, вчера го прослави својот 117 роденден со пријателите и семејството. Госпоѓа Ема живеела во три века, а родена е на 29 ноември 1899 година, како едно од осумте деца. Благодарение на својата долговечност, Ема стана славна личност – има своја страница на „Википедија“, а во родниот град сите […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2016 15:51
•
Posted by: MK News
Еден од тројцата преживеани фудбалери на Чапокоенсе од авионската несреќа во Колумбија итно бил опериран. Се работи за 24 годишниот резервен голман Џексон Фолман на кого лекарите за морале да му ги ампутираат нозете за да преживее. Финалето меѓу колумбијскиот Атлетико Насионал и Чапокоенсе е откажано по падот на авионот со експедиција на бразилскиот клуб, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2016 15:39
•
Posted by: MK News
Во авионската несреќа која се случи во Колумбија каде загинаа 71 лице, а меѓу нив речиси цел фудбалски тим на Чапокоензе, животот го загуби и 22 годишниот фудбалер Тијагињо. Играчот за врска само неколку дена пред трагедијата дознал дека ќе стане татко, а соиграчите му приредиле изненадување додека биле во карантин. Фудбалерот бил пресреќен од […]
______________________________________________________________________________________________________