26/08/2016 15:23
•
Posted by: MK News
Во Италија утре ќе биде Ден на жалост и ќе се одржи државен погреб, откако во силниот земјотрес што во средата ги погоди централните делови на Италија, загинаа 267 лица. Италијанската влада одлучи утре да одржи државен погреб за поединечни жртви на земјотресот, на кој ќе присуствува и претседателот Серџо Матарела. Исто така знамињата ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 15:16
•
Posted by: MK News
Најмалку 15 лица загинаа, од кои 11 деца во вчерашниот напад над позициите на бунтовниците во предградието на Алепо во Сирија, соопшти Опсерваторијата за човекови права, тврдејќи дека нападот го извеле владините сили. Во потресното видео снимено по нападот, се гледа како луѓе трагаат по преживеани под урнатините, а повредените беа пренесувани во возилата на итната […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 13:22
•
Posted by: MK News
Два метри долг сом нападна пливачка во баварското езеро и ја изгриза за бутот пишува локалниот дневник Штраубингер тагблат. Цела изгризана и изгребана, жената едвај успеала да доплива до брегот затоа што едвај се отарасила од огромната риба. Јохан Шнел од баварскиот риболовен трагите на гризиње упатуваат на тоа сомот бил мажјак и долг околу […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 12:58
•
Posted by: MK News
Послаб земјотрес, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер ја погоди околината на гратчето Аматриче во централна Италија, како последица од тој пред два дена, којшто причини смрт на 241 лице во целиот тој регион, а 365 се повредени. Италијанскиот национален геолошки институт пак, наведува дека интензитетот на последниот потрес била 4,8 степени. Бил регистриран […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 12:57
•
Posted by: MK News
Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била Ангела Меркел, а како што пренесува британски „Мирор“ голема била веројатноста дека бил спречен атентат врз германската канцеларка. „Мирор“ пренесува дека уапсениот маж возел црн „мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 16:05
•
Posted by: MK News
Ова шокантно истражување на “Guardian” вели дека работниците кои ги изработуваат брендовите од висока класа кои се носат во Британија, всушност работат за екстремно мали плати во крајно очајни услови… Во статијата на Guardian е наведено дека купувачите се наведени да веруваат дека скапите чевли што ги купуваат во луксузните продавници се направени во Германија […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 15:41
•
Posted by: MK News
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска предупреди дека во својата „кампања за откривање на тајни“ ќе објави нови документи кои се однесуваат на демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, а кои би можеле да бидат „од клучно влијание“ на резултатите од изборите. За Фокс телевизија, Асанж, кој живее во Амбасадата на Евкадор во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 14:09
•
Posted by: MK News
Стотици се уште под урнатините по првиот уништувачки земјотрес, кој вчера ја погоди земјата. Кадри снимени со дрон се од денеска и ги покажуваат остатоци од разурнати згради по силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, кој ја погоди Италија. Снимен е град Пескара во регионот Абруцо, Централна Италија. Во централна Италија за едно деноноќие […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 13:56
•
Posted by: MK News
Државјанката на Србија В.Ц. (57) починала денеска во авионскиот лет Пекинг-Москва. Авионот непланирано слетал во Новосибирск, капетанот на авионот донел ваква одлука бидејќи на една жена и се слошило. По слетувањето на аеродромот, лекарите констатирале смрт. Брзата помош стигнала на аеродромот само неколку минути по слетувањето на авионот, но не можеле да ја спасат патничката.
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 13:55
•
Posted by: MK News
Уметничката од Израел, Сигалит Ландау за еден нејзин проект одлучила да потопи црна наметка во Мртвото Море. Таа ја путила во солените води во 2014 година, а од неодамна е извадена од таму. Како што можете да забележите од овие неверојатни фотографии, крајниот резултат е неверојатен. Проектот е наречен „Солена Невеста“ и е инспириран од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:51
•
Posted by: MK News
Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди централна Италија се искачи на 247, а според локалните власти нивниот број и натаму ќе расте, бидејќи се уште се трага по затрупани под урнатините. Засега има 350 повредени од кои над 100 се во критична состојба. Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:48
•
Posted by: MK News
Француското Министерство за здравство објави дека 14 322 жени трудници во Франција го конзумирале лекот Депакин, што значи и натриум валпроат, активната состојка на лекот, која е штетна за фетусот. Истовремно, Министерството соопшти дека подготвува план за отштета на жртвите, кој ќе биде изгласан во парламентот на крајот од годината. Како што пренесува дописникот на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:47
•
Posted by: MK News
Руското Министерство за одбрана утрово ја објави одлуката на врховниот командант Владимир Путин за нова вонредна проверка на борбената готовност на вооружените сили. Вежбата ќе ги зафати јужниот, западниот и централниот округ, како и Северната флота, Воздухопловно-вселенските сили и Воено-десантните сили, соопшти генерал Сергеј Шојгу. -Во согласност со одлуката на врховниот командант на Вооружените сили […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:45
•
Posted by: MK News
Утринава нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Италија, што се вкупно 22 земјотреси во изминатите 24 часа. Италијанската агенција за цивилна заштита соопштува дека спасувачите и понатаму трагаат по преживеани под рушевините во планинските села. Стотина лица се повредени, од кои голем број се во тешка состојба. Бројот на преживеани […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:42
•
Posted by: MK News
Спасувачите врискале од среќа кога извлекле живо девојче од урната куќа во Пескара дел Тронто, еден од градовите кои вчерашниот земјотрес со сила од 6,2 според Рихтеровата скала, речиси ги срамнил со земја. Спасувачот, кој го пронашол девојчето, изјавил за AP дека по 17 часа од потресот слушнал гласче од урнатата семејна куќа. “Слушам нешто […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2016 11:40
•
Posted by: MK News
Скоро секој месец во различни делови на светот имаше потреси, кои уништија домови и однесоа жртви. Во месец август имаше уште еден силен земјотрес. Во јужниот дел на Перу на 16 август земјотрес со интензитет од 5,2 уби 9 лица и рани над 52. Четири месеци порано на 17 април земјотрес со интензитет од 7,8 […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2016 23:22
•
Posted by: MK News
Ослободен е и последниот заложник од филијалата на „Ситибанк” во центарот на Москва, која беше нападната од 55-годишен маж, претходно вечерва, соопшти ТАСС, цитирајќи соопштение на руската полиција. – Внатре останува само групата, која преговараме со киднаперот, но повеќе нема заложници, велат од полицијата. Кај напаѓачот немало експлозивна направа. Се утврди дека кутијата која ја […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2016 21:44
•
Posted by: MK News
Група вооружени мажи попладнево го нападна Американскиот универзитет во авганистанската престолнина Кабул. Прво, во реонот на институцијата се слушна експлозија, а потоа пукотница. Вооружените мажи успеале да навлезат во зградата на универзитетот. „Во рамките на кампусот сега се слуша пукање“, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи. – Неколку вооружени лица го нападнаа универзитетот. Тие се […]
______________________________________________________________________________________________________