01/07/2016 12:00
•
Posted by: MK News
Во моментов во Велика Британија се води една од најжестоките и најскапите бракоразводни парници во историјата. Поранешната манекенка Кристина Естрада го шокираше адвокатскиот тим на својот поранешен сопруг, богатиот саудиски шеик, со екстремните финансики побарувања. Кристина ја одбила шеиковата понуда од 37 милиони фунти, и од екс сопругот Валид Јуфали побарува неверојатни 196 милиони фунти. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2016 10:33
•
Posted by: MK News
Неколку милиони бегалци наскоро повторно ќе тргнат кон Европа барајќи спас од војната и од ужасите и ќе ја користат балканската маршрута како испробан и безбеден пат кон ветената земја. Процените на безбедносните служби и на разузнавачките агенции се дека во овој бран ќе има меѓу три и пет милиони бегалци, но овој пат најголем […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 21:20
•
Posted by: MK News
13-годишна Израелка била нападната со нож и убиена во својата спална соба, соопштија воените власти во Ерусалим. Халел Јафа Ариел била убиена додека спиела во семејната куќа, во еврејската населба во Киријат Арба, на Западниот Брег. Еден од луѓето кои се грижат за сигурноста и за обезбедувањето на населбата е повреден додека интервенирал да се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 13:30
•
Posted by: MK News
Полицијата соопштила дека во својот стан е пронајдена мртва поранешната Мис Бразил Фабијана Никлоти (31), во градот Грамадо, на југот на Бразил. Според зборовите на полицискиот инспектор, нејзиниот брат ја повикал полицијата откако таа не се јавувала на телефонските повици, пренесе АП. Фабијана Никлоти била Мис на Бразил во 2004 година. На нејзиното тело немало […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 13:25
•
Posted by: MK News
Пакистанката Малала Јусафзаи, активистка што се залага за право на образование и преживеа напад на талибанци, стана богаташка за помалку од четири години поради големата продажба на книгата за нејзиниот живот како и со говори ширум светот, пренесува МИА. Јусафзаи (18) е најмлада личност што добила Нобелова награда. За своите говори таа наплаќа по 152.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 13:20
•
Posted by: MK News
Фановите на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во изминатите три месеци не знаеjа на кои службени случувања таа ќе се појави поради „технички проблеми“. Нејзиното име не се најде на списокот на членови на кралското семејство на службената веб-страница на познатата монархија, пишува британскиот весник „Дејли мејл“. По скапиот редизајн на веб-страницата во април, името […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 13:08
•
Posted by: MK News
Припадниците на Управата за борба против тероризам на Турција објавија фотографија на еден од наводните терористи. Фотографијата ја снимила една од камерите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Терористот го препознале по чевлите. Извршен е претрес во две куќи во кои полицијата одзела голем број шифрирани документи поврзани со организацијата, како и различни дигитални материјали. Најмалку […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 12:25
•
Posted by: MK News
Турските медиуми објавуваат дека Јасин Дурна е името на полицаецот кој, благодарение на својата присебност, успеа да совлада еден од напаѓачите на аеродромот во Истанбул пред да биде активиран вториот експлозивен појас. Според пишувањето на порталот Хаберлер, Дурна сепак бил повреден во експлозијата, му била направена операција, но преживеал и се очекува да закрепне од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 11:01
•
Posted by: MK News
Серкан Турк, 24, беше на аеродромот чекајќи неговата мајка. Тој беше убиен во втората експлозија, додека им помагал на повредени во првата експлозија … Sakaroğlu Umut, 31-годишниот царинскиот службеник, беше убиен во обид да спречи еден од терористите. Преживеаните велат дека ќе имало уште повеќе мртви ако не беше неговиот херојски чин … Гулсен Бахадир, 28-годишна, пред десетина дена на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2016 10:45
•
Posted by: MK News
Во период од две години во Турција се извршени 4 терористички напади, вклучувајќи го и вчерашниот кој се случи на најпрометниот аеродром во Истанбул. Досегашниот биланс на жртви е 41 загинат и околу 239 ранети, но бројките сеуште не се финални. Првиот терористички напад во срцето на Турција се случи на 10 октомври 2015 година, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 21:18
•
Posted by: MK News
Службите за итна помош биле алармирани за инцидентот на Брекон Бејконс околу 13 часот по локално време. Би-Би-Си јави дека исчезнале 26 деца. Британските спасувачи ги пронајдоа сите 26 деца, кои се изгубиле во Националниот парк Брекон Бејконс во Велс, јави Би-Би-Си. Пронајдени се сите четири групи ученици, со кои беше загубена врската во планински […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 21:15
•
Posted by: MK News
Патниците кои имаат резервирано билети за летови од и до аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули ќе може да направат пререзервација без никаков надомест или да им бидат вратени целосно парите за неискористените билети. Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска соопшти дека продолжувањето на валидноста на авиобилетот може да се направи […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 21:08
•
Posted by: MK News
За време на нападот во аеродромот Ататурк шестмина српски новинари требале во тој момент да слетаат на аеродормот во Истанбул, но за среќа тој авион бил пренасочен во Анкара. – Полетавме од аеродромот во Тибилиси околу 18 часот и требало отприлика околу 21.20 часот да слетаме во Истанбул. Некаде на пола лет не заледи соопштението […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 21:02
•
Posted by: MK News
Двајца турски војници биле убиени и тројца други ранети во напад, изведен од курдските бунтовници во југоисточниот турски округ Мардин, пренесоа американските медиуми. Според информација на агенцијата Анадолија, рачно изработена екпслозивна направа била активирана при минување на оклопно воено возило низ градот Дерик. Војската смета дека нападот го извеле борци на Курдската работничка партија (ПКК). […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 14:40
•
Posted by: MK News
Фотографии кои сведочат за ужасот на аеродромот во Истанбул и за јачината на бомбите кои ги носеле тројцата бомбаши самоубијци.
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 14:29
•
Posted by: MK News
Авионот во кој се наоѓал албанскиот премиер Еди Рама слетал на истанбулскиот аеродором во моментот кога се случувал терористичкиот напад, јави турската агенција Доган. Рама во Турција стигнал во службена посета, а подоцна требало да продолжи за Анкара, пренесе АП. Албанскиот премиер и луѓето од неговата делегација по слетувањето биле безбедно евакуирани во државната резиденција
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 14:24
•
Posted by: MK News
Стотина патници кои избегаа од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул за време на терористичките напади раскажаа за трогателните настани од местото на крвавиот напад. Адам Кили од Бостон се нашол на аеродромот во време на нападот, па за Асошиејтед прес раскажува дека слушнал истрели од огнено оружје, по што следеле експлозии. -Тогаш видов луѓе кои беа […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2016 14:09
•
Posted by: MK News
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламската држава убија 36 лица на истанбулскиот аеродром доцна синоќа. Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат […]
______________________________________________________________________________________________________