03/03/2018 15:58
•
Posted by: MK News
Фејсбук и официјално објави дека го прекинува експериментот со поделба на основната страна на „њуз фид“ и „експлор фид“ и практично призна дека направил грешка. Со експериментот беа опфатени шест земји: Шри Ланка, Србија, Словачка, Боливија, Гватемала и Камбоџа. – Луѓето не сакаат разделен фид, резултати од анкетата го покажуваат тоа, напиша раководителот на њуз […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 16:54
•
Posted by: MK News
Првата дама на САД, Меланија Трамп, добила легално жителство на Америка преку имиграциска програма наменета за талентирани поединци, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Како што објави весникот „Вашингтон пост“, првата дама добила „зелена карта“ (легално жителство на САД) преку програмата „ЕБ-1“ која имиграциските службеници популарно ја нарекуваат „Ајнштајн виза“. Таа програма е намената за […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 16:30
•
Posted by: MK News
Семејството и полицијата на студентка по глума во Лос Анџелес вчера побарале помош во потрагата по неа. Се работи за 25-годишната Адеа Шабани од Скопје која на 23. февруари исчезнала под сомнителни околности, пренесува КТЛА. Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11 часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 16:07
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред парламентот соопшти дека Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета, која ќе има дострел до која било точка во светот. Русија развила нова генерација на хиперсонични проектили, рече денеска Путин, предупредувајќи дека глобалните сили сега мораат да водат сметка за руската воена моќ. Путин, кој очекува за неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:39
•
Posted by: MK News
Словачката полиција уапси две лица кои планирале да набават оружје и да одат во селото Велка Мача на 23 февруари, и кои се поврзуваат со убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, соопшти полициски претставник. полицијата завчера извршила претрес во домовите на лица, кои одамна биле осомничени за трговија со дрога. Претресите биле извршени […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:31
•
Posted by: MK News
Двајца словачки високи претставници, блиски до премиерот Роберт Фицо, денеска поднесоа оставки, откако истото го направи претходно и министерот за култура Марек Мадарич. Од функција се повлекоа главната државна советничка во владиниот Кабинет Марија Трошкова, поранешна манекенка, и секретарот на словачкиот Совет за безбедност, Вилијам Јасањ. Во заедничкото соопштение Трошкова и Јасањ наведуваат дека се […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2018 15:52
•
Posted by: MK News
Словачките власти го осудија убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијан и понудија награда од еден милион евра за информации кои ќе помогнат за расветлување на случајот. И ЕУ го осуди нападот и побара темелна истрага. 27 годишниот Кучијан и неговата свршеница биле екзектуирани со истрели во главата и градите во нивниот дом во градот Велка […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2018 15:37
•
Posted by: MK News
Убиениот словачки новинар Јан Куциак дошол до сознанија за врски на претставници на Владата на Словачка со калабриската мафија Ндрангета, објави денеска братиславскиот портал „Актуалити.ск“. Според истаржувњата на Куциак, Ндрангета воспоставила контакт со Марија Трошкова, помошничка на словачкиот премиер Роберт Фицо и со секретарот на Државниот совет за безбедност, Вилијам Јасан. Благодарение на тие врски, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2018 20:21
•
Posted by: MK News
Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка се убиени во неговиот стан, изјави шефот на словачката полиција Тибор Гашпар. Тој додаде дека Куциак и неговата девојка се пронајдени мртви во неделата вечерта во неговиот стан во градот Велка Мача, источно од Братислава. Полицијата реагирала откако била алармирана од член на семејството на новинарот. – Убиството […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2018 20:18
•
Posted by: MK News
Во Москва ноќеска температурата падна под 20 степени, што е најстудена ноќ оваа зима, соопшти руската метеоролошка служба. Според руските метеоролози, ниските темпертури во земјата ќе продолжат и на почетокот на следниот месец. Иако Рим поради медитеранската клима има најчесто умерени зими, деновиве како резултат на арктичкиот бран која мина низ Европа, италијанскиот главен град […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Колумбиските власти вчера наредија конфискација на имот на вдовицата и на соработници на наркобосот Пабло Ескобар. Наредбата доаѓа 25 години по смртта на Ескобар. Властите утврдиле дека имотот на Викторија Еухенија Енао, вдовицата на покојниот лидер на нарко картелот во Меделин, како и имотот на мајката и сестрата на Џон Хаиро Власкес Васкез, познат како […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 21:24
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин наредил во Сирија да се испратат два авиони од петтата генерација сухој „Су-57“, пренесуваат светските медиумите. Овие авиони биле забележани во руската база Хмејмим. Овој модел е од најновата генерација, а неодамна беше и официјално тестиран. Се верува дека авионите ќе одат во Источна Гута, предградието на Дамаск, кое што е […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 21:19
•
Posted by: MK News
Француската полиција го пронајде бездомникот, кој украде 500.000 евра од канцеларија на компанија на парискиот аеродром Роаси, но не и украдените пари. Како што јави АФП, тој тврди дека по кражбата бил киднапиран и киднаперите му ги украле парите, што тој претходно ги земал. На бездомникот, кој е на возраст oд околу 50 години, денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 16:15
•
Posted by: MK News
Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна по Јутјуб каналот за здрав начин на живот, што го водеше со нејзината внука Лиз Џонсон. Лопез, која во своите емисии тврдеше дека веганството може да излекува од рак, почина по медицински третман за карцином на дојката. Според нејзината внука причина за неуспешното лекување е тоа што во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 15:35
•
Posted by: MK News
Компанијата Спејс-Икс на Илон Маск има нова цел – да осигура поголем пристап до брз интернет во целиот свет. За таа цел, тие работат на специјални сателити, од коишто првите два беа лансирани вчера во орбита на Земјата. Сателитите Микросат-2а и Микросат-2б се доста помали од стандардните сателити, и ќе може да бидат стационирани на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 13:37
•
Posted by: MK News
На интернет се појави видео снимка на која се гледа како еден од полицајците чувар на банка во египетскиот град Асјуту, спасува дете кое штотуку паднало од третиот кат од околна зграда. Кога го забележаа детето, полицајците сакаа да го рашират платното за спасување, но за тоа немаше време. Еден од нив само ги испружи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2018 14:43
•
Posted by: MK News
Европската унија го казнила интернет гигантот „Гугл“ и му наредила да плати рекордни 2,4 милијарди евра, поради фаворизирање на сопствените услуги за онлајн купување. До таа казна дошло благодарение на долготрајната борба и на тужбата на двајца обични луѓе. Адам (51) и Шивон (49) Рад се брачен пар од Беркшир, а сега за сајтот „Вирд“ […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2018 14:06
•
Posted by: MK News
Јужнокорејскиот владин министер, Јунг Ки-Џон (52), кој работеше регулаторна програма за криптовалутите, беше пронајден мртов. Медиумите известуваат дека тоа е наводно срцев удар. Официјални лица кои работеа со него за мерките на новиот закон се обидоа да спречат шпекулации за криптовалутите и нелегални активности, според портпаролот на локалната власт. Полицијата започна истрага за убиство. Портпаролот […]
______________________________________________________________________________________________________